wrapper

17.8% од работниците во Македонија кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико во 2017 година.

 

‘Плата во плико’ е плата исплатена во готовина врз основа на неформален (незаконски) устен договор помеѓу работникот и работодавецот. Со ‘платата во плико’, работодавците заштедуваат во износот на даноци и социјални придонеси што го плаќаат на државата. За работниците, ова е начин на неправедно плаќање и намалување на обемот на нивното социјално, здравствено и пензиско осигурување, како и вештачко намалување на
кредитната способност.

Примателите на минимална плата се најпогодени од феноменот ‘плата во плико’?

Платата во плико е најзастапена кај примателите на минимална плата. Дури 62% од работниците осигурани на минимална плата добиваат и плата во плико. Притоа, во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка (91%). Ова укажува дека постојат сектори и занимања на кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минималната плата, со истовремен неформален договор, остатокот од платата да се добива во готовина. За формални плати над минималната плата, процентот на приматели на плата во плико драстично се намалува.

Платата во плико е најзастапена кај мајсторите од различен вид

Речиси 23.2% од мајсторите во метална, машинска, текстилна и прехранбена струка, како и 21.5% од работниците во услужните дејности, примаат плата во плико. Таа плата е во просек една третина од нивната формална плата. Ваквиот наод е во линија со застапеноста на минималната плата кај овие занимања. До сличен заклучок се доаѓа ако платата во плико се набљудува низ призма на секторите на дејствување.

Платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото (мајсторите) со 28%.

Притоа, платата во плико изнесува скоро половина од нивната формална плата. Потоа следуваат работници во услужните сектори. Сепак, платата во плико не е карактеристична за одредена возрасна или родова група Наспроти очекувањата, платата во плико не е карактеристична за одредена возраст или пол. Сепак, незначајна поголема застапеност и висина на плата во плико се забележува кај жените.

Платата во плико е разновидна набљудувано по региони.

Работниците кои примаат плата во плико се најзастапени во Пелагонискиот регион (42%), но процентот е исто така висок и Југоисточниот и Скопскиот регион (по околу 30%). Сепак, платата во плико како удел во формално-примената плата е највисока во Скопскиот регион, 57%.

 

Last modified on Thursday, 19 October 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.