Connect with us

Електронско банкарство

Grouper го најавува најлудиот шопинг празник – Black Friday

Објавено

на

Овој петок, 24.11 се обележува најголемиот светски шопинг празник BLACK FRIDAY, кој веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар. Ако ви е познат овој празник сигурно сте слушнале и за вртоглавите попусти кои се задолжително проследени со турканици и борба!

Водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговија – Grouper.mk го најавува најголемото шопинг лудило – Black Friday, кое ќе започне на полноќ во четврток. Кралот на попустите секоја година го бележи овој ден со рекордна продажба на купони. Лани беа продадени 15.000 купони за само 24 часа, а посетите достигнаа над 130.000. 

Од Grouper велат дека ова е највозбудливиот ден во годината за нив и дека го сметаат за нивен патронат под мотото „Хаос, попуст, лудило – Кој купи, купи”. Тие оваа година најавуваат повеќе од 1000 зделки со ултра високи попусти (96%), по ултра ниски цени, и со ограничено времетраење и количини! Покрај најавата за повеќе од 1000 Black Friday зделки, што е двојно повеќе од минатата година, Grouper како и секогаш подготви дополнителни изненадувања со екстра вредност за своите корисници. 

На точно една недела пред “големиот ден” започнаа и Black Friday WARM UP зделките како загревање за шопинг лудилото. Најавата започна со неколку  специјални зделки правени по Black Friday стандарди: најголемиот попуст на спортска опрема во SPORT M, неодоливите бургери на American Best Burger и гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил. 

За вистинско Black Friday лудило Grouper вчера вечер ја лансираше и Black Friday Машината за подароци (во соработка со Mastercard) каде секое вртење е добитно! Преку игра може да добиете еден од над 500те подароци, меѓу кои патувања, маички, ранци, чадори, тефтери и неограничен број на честитки со интересни пораки за пријателите! За само неколку часа над 2500 корисници се вклучија во играта – Свртете ја рачката тука

Лудилото ќе биде заокружено со Cyber Monday на 27.11. Во превод, Cyber Monday е понеделникот после лудиот петок, и во истиот тренд ќе има нови зделки со луди цени со само 24 часа. 

Петок е денот, Grouper.mk е местото.

Не го пропуштајте најголемиот шопинг настан за оваа година! Запишете, запамтете или ставете потсетник  зошто нема да сакате да ја пропуштите најголемата Black Friday акција во Македонија! Сé што ви треба е брзи прсти, спремна картичка и Grouper мобилната апликација на близок дофат.

Нека кралот на попустите биде со вас и овој Black Friday.

 

Повеќе

Електронско банкарство

TOPSI Pay – 24 часа Банка во Вашиот телефон!

Објавено

на

Иновативните решенија од Стопанска банка постојано го олеснуваат вашето секојдневие. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведе најсовремен начин на плаќање: NLB Pay – мобилен паричник

Објавено

на

На настанот одржан на 19.09.2018 година, НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

На настанот се обрати Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје: „Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.”

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store.Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Информативна работилница за царинските постапки и извоз во е-трговијaта

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со едукативни работилници и обуки чија цел е поттикнување на растот и развојот на е-трговијата во земјата. Темите коишто ќе бидат опфатени со обуките и едукативните работилници произлегоа од потребите на е-трговците изнесени при изготвувањето на сеопфатната Анализа за е-трговијата во Македонија, објавена од страна на Асоцијацијата во средината на оваа година.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange