Connect with us

Странски банки

“Goldman Sachs”: Биткоинот може да достигне 5.000 долари, а потоа би следувал изразит пад на неговата вредност

Објавено

на

Американската инвестициска банка “Goldman Sachs” смета дека крипто валутите, како биткоинот, повеќе не можат да бидат игнорирани.

Биткоин достигна неверојатни 4,483 долари, така што неговата вредност оваа година се зголеми за четири пати.

 

“Goldman Sachs” верува дека вредноста на оваа валута би можела да се зголеми за околу 500 долари, скоро до 5.000 долари, а потоа би следувал изразит пад, кој веројатно би бил до 50% на околу 2.200 долари.

 

Пазарната капитализација на омилените крипто валути само за една недела се зголеми за 20 милијарди долари и надмина 70 милијарди долари. Во позадина на последниот експлозивен раст постојат неколку фактори. Пред сè, тоа е многу силна побарувачка од Јапонија, бидејќи 42% од сите набавки на биткоин се направени во јени. Јапонските регулатори се наклонети кон биткоинот, а се повеќе трговци ја прифаќаат оваа валута како платежно средство.

 

Втората причина е решениот спор во заедницата на биткоинот кога тој доби нова верзија наречена “bitcoin cash”. Развојот ветува, бидејќи со технологијата SegWit2X брзината на трансакцијата е значително поголема.

 

Меѓу причините за таков раст на биткоинот е и зголемениот интерес на институционалните инвеститори, бидејќи биткоинот, исто така, може да се појави како безбедно засолништре за капиталот.

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Програмер вработен во банка пронашол “баг” на банкомат и си повлекол 1 милион долари

Објавено

на

Звучи како наслов од филм, но станува збор за реалност. Незадоволен програмер во банка успеал да пронајде шема за банкоматот да издава “бесплатни” пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange