Connect with us

Странски банки

Barclays предвидува: со Брегзит до повеќе инвестиции во банкарството

Објавено

на

Според  Barclays (British multinational banking and financial services company), излегувањето на Британија од ЕУ ќе и помогне на државата да добие повеќе инвестиции во банкарскиот сектор на домашниот пазар.

Овие инвестиции би помогнале после “тивката” 2016 година да се промени ситуацијата во Британија, без разлика што земјата ги почувствува најголемите политички и економски “потреси”.

 

Целта на оваа стратегија е  да се добијат повеќе советодавни бизниси од британските компании на кои банката им позајмила пари предводени од  Alisdair Gayne кој е на чело на банкарското инвестирање во Британија.

 

Gayne се придружи на Barclays од Morgan Stanly во 2010 година со задача да ја доизгради неговата корпоративно брокерска франшиза. Во Британија корпоративните брокери делуваат како медиајтори меѓу јавните компании и нивните иституционални инвеститори. Тие се направени да бидат  доверливи советници на корпорациите и нивни очи и уши на пазарот.

 

Откако Gayne се приклучи на Barclays сака да завземе место меѓу топ 3 брокерски куќи во Британија. Сега Barclays се наоѓа на 5-то место. Годинава банката доби 8 нови корпоративни брокерски мандати.

 

Претседателот на Barclys за корпоративното банкарство за Европа, Среден исток, Африка и Азија изјави дека Британија сеуште не ја добила целосната придобивка од јакнењето на корпоративната банка. Компаниите на чело на инвестициското банкарство не се инволвирани во истиот опсег како корпоративното банкарство. Затоа координацијата меѓу корпоративното и инвестициското банкарство треба да се подобри.

 

Странски банки

Шиф: Големите банки пред ризик поголем од било кога

Објавено

на

Светот се соочува со нова економска криза, која ќе биде поголема од онаа пред десет години, предупредува американскиот економист Нуриел Рубини, Со него се согласни голем број колеги меѓу кои и Питер Шиф .

– Големите банки се пред голем ризик, многу поголем отколку порано. Денес се повеќе се изложени на удар од рецесија, системските ризици се многу поголеми отколку што беа во 2008 година, изјави Шиф. Тој додаде дека некои од тие банки требало да пропаднат пред десет години.

– Социјалниот мир што некои влади го заговараа всушност е грешка и спасени се банки на кои требаше да им се дозволи да пропаднат. За жал, од последната криза не се научени лекции. Ги повторуваме и ги прошируваме сите грешки што ја предизвикаа последната криза, и така „обезбедија“ следната криза да биде многу полоша, нагласи Шиф.

Според него, сите проблеми што ја предизвикале финансиската криза од 2008 година денес се уште поголеми.

– Се полошата монетарна и фискална политика од минатата криза гарантира дека следната ќе биде многу полоша. Кризата ќе биде слична единствено по тоа што виновниците ќе бидат и владите и што оддеднаш сите ќе бидат изненадени, но ќе биде поинаква само по тоа што ќе биде многу полоша, смета Шиф.

Тој додава дека и новата криза за разлика од претходната ќе ја карактеризира пред се, должничкото ропство во САД.

– Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цените на златото пак ќе се зголемат, ќе растат цените на потрошувачките стоки, предупредува тој економист.

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во промет во мај 2019

Објавено

на

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе влезат во оптек на 28-ми мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Денес, новите банкноти се презентираат јавно за прв пат во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт.

Нивниот нов дизајн има за цел да го отежни фалсификувањето. ЕЦБ веќе претстави побезбедни банкноти од 10, 20 и 50 евра.

Банкнотите од 500 евра повеќе нема да бидат печатени. Во 2016-та година, институцијата одлучи да ги повлече банкнотите од 500 евра кои наводно ги користеле во сите видови нелегални трговии до крајот на 2018-та година.

Новата банкнота од 5 евра беше лансирана во 2013-та година, од 10 евра во 2014-та година и 20 евра во 2015-та година, додека новата банкнота со номинација 50 беше воведена во 2017-та година.

Продолжи со читање

Странски банки

Дали Дојче Банк може да пропадне?

Објавено

на

Во Франкфурт се одржа собир на банкарскиот сектор под насловот: банките во преломна фаза. Главна дискусија се разви кога еден аналитичар изјави дека на германските банките не им гледа светла иднина.

Аналитичарот Стјуарт Греам почна со изјавата дека не сака да биде Црниот Петко на самитот. „Сепак морам да ви кажам дека речиси сите мои клиенти сметаат дека германскиот банкарски систем не е добар за во него да ги вложат нивните пари.”

Греам во финансиската сектор ужива голем углед како аналитичар. Меѓу неговите клиенти во фирмата „Autonomous Research” има многу од најпотентните инвеститори на светот. А, тие како и самиот Греам очигледно имаат песимистичка слика за германскиот банкарски систем.

„По ниската оцена на пазарот на акции, јасно се гледа дека инвеститорите имаат големи задршки во однос на овие банки.” – додаде тој.

Шефот на Дојче банк, Зевинг вели дека компанијата успешно се позиционирала „во дел од платежниот сообраќај”, но нема споредба со класичните банки и затоа технолошката компанија не ги гледа како конкуренција.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange