Connect with us

Странски банки

Barclays гледа политички притисок врз Fed по изборите во САД

Објавено

на

Изборот на Donald Trump за претседател на САД може да сигнализира период на зголемен притисок врз FED да го смени својот приспособлив став, рече Jes Staley главниот извршен директор на Barclays на банкарска конференција.

Тој изјави дека политичкиот притисок ќе го направи Fed помалку приспособлив, а влијанието врз него ќе биде значајна последица од изборите.

 

Staley изјави дека не очекува големи промени на банкарската регулатива, по шпекулациите дека новоизбраниот претседател Trump може да врати делови од законодавството на Dodd-Frank контролирајќи ја поделбата на комерцијални и инвестициски банкарски активности на банките.

 

Тој исто така вели дека заминувањето на Британија од ЕУ не влијае толку врз глобалната економија и пазарите колку што влијае изборот на Trump за претседател на САД.

 

Staley смета дека Лондон нема да ја изгуби позицијата како светски финансиски центар за големи инвестиции. Barclays бара опции да се структурира за да го задржи пристапот до европските пазари.

 

Странски банки

Saxo Bank ја купува BinckBank за 480 милиони долари

Објавено

на

Данскиот финансиски гигант „Saxo Bank“ ќе ја купи платформата за онлајн инвестиции „BinckBank“ за сума од 480 милиони долари, пишува „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дедо Мраз ограби банка!

Објавено

на

Грабежот на Дедо Мраз се случи на 23 декември 1927 година, во Централен Тексас во Cisco. Маршал Ратлиф, облечен како Дедо Мраз, заедно со Хенри Хелмс, Роберт Хил и Луис Дејвис ја ограбија Првата национална банка во Cisco. Грабежот е еден од најпознатите злогласни злосторства во Тексас, кој се повикува на најголемате потраги што некогаш биле видени во државата. Очевидец Бојч Хаус напишал дека ова е “најспектакуларното злосторство во историјата, надминувајќи ги сите во кои Били Кид или момчињата на Џејмс некогаш успеале да фатат”.  (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Објавено

на

Германската економија останува на патот на растот благодарение на силната локална побарувачка, иако позитивниот тренд се забавува поради сложената комерцијална средина и некои привремени ефекти врз автомобилскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange