Connect with us

Електронско банкарство

Alpha мобилно банкарство – Банка на дланка

Објавено

на

Алфа Банка АД Скопје, на своите клиенти им понуди мобилна апликација за Андроид (Android) и ИОС (iOS), која овозможува едноставен и брз пристап до вашата банкарска сметка.

Alpha мобилно банкарство е во Вашиот телефон, па слободно можете да ги вршите сите трансакции – во движење.

Предности и поволности

· пристапете до Вашите банкарски услуги и производи, на брз и едноставен начин;
· бесплатно пристапете до Вашето портфолио, каде и да сте;
· пониски трошоци за извршени трансакции.

Преземете ја мобилната апликација Alpha Bank Skopje Mobile од Apple Store или Google Store и:

· добијте информации за Вашите тековни сметки и кредити;
· проверете ги состојбата и трансакциите на Вашите сметки;
· плаќајте ги Вашите сметки;
· бесплатни интерни плаќања;
· добивајте информации за курсни листи;
· лоцирајте ја најблиската ескпозитура или банкомат на Алфа Банка.

Информации на еден допир!

Со само едно кликнување, Вие веднаш ги добивате сите информации поврзани со Вашата сметка, комплетен увид на сите услуги, секогаш кога Вам Ви се потребни!

Трансакции во движење!

Alpha мобилно банкарство Ви овозможува брзи и безбедни банкарски трансакции во секое време, плаќање налози онлајн и други плаќања во домашен платен промет, кога Вам Ви одговара, каде и да сте!

Архива на Вашата сметка

Со Alpha мобилно банкарство, сите минати состојби на Вашата сметка се архивираат, со што Вие имате целосен увид во Вашата сметка на екранот на Вашиот смарт-телефон.

Банкарски сервиси

Во секое време добивајте и услуги од сервисен карактер, како што се информации за курсните листи, што дополнително оди во прилог на Вашите онлајн трансакции во земјата.

Преземете ја апликацијата Alpha мобилно банкарство, пополнете барање во најблиската експозитура и бидете во тек со најновите трендови во банкарското работење.

 

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со градење капацитети за раст на е-трговијата

Објавено

на

Изминатите два дена беа целосно посветени на содржините од Дигиталниот самит, но во исто време и со иста цел – кон “Дигитална Македонија”, се случуваа и дводневните обуки за е-трговија која претставува интегрален дел од едно дигитално општество. Под името “Жени во е-трговија”, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија успешно ги реализираше дводневните обуки и тренинзи како дел од програмата која ја презентираа на прес-конференцијата пред неполн месец.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

СМАРТ КЕШ – нова услуга на Халкбанк преку која можете да повлекувате готовина од АТМ без користење на картичка

Објавено

на

Халкбанк за своите клиенти физички лица воведе нова функционалност наменета за лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, за повлекување на готовина од банкоматите без картичка, со користење на електронското банкарство и мобилната апликација. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Стопанска банка АД – Скопје и Mastercard ви овозможуваат да се запознаете со роботот Пепер

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје со несекојдневен, но прилично иновативен настан на 19-ти април 2018 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange