Connect with us

Останато

50 бизнисмени од Бахреин и водечките бизнисмени од Оман го најавија своето учество на Сараево Бизнис Форум

Објавено

на

Во пресрет на претстојниот деветти годишен Сараево Бизнис Форум (СБФ), кој ќе се одржи на 25 и 26 април во Сараево, ББИ Банка започна со организација на бизнис состаноци со интернационални и регионални бизнисмени и инвеститори.

Претставниците од ББИ Банка неодамна се вратија од Кралството Бахреин каде ги презентираа можностите за инвестирање во Југоисточна Европа и преговараа како за идните соработки, така и за присуство на водечките бизнисмени од Кралството на претстојниот Сараево Бизнис Форум.

„Бизнисмените од Кралството Бахреин се веќе запознаени со можностите за инвестирање во регионот на Југоисточна Европа, а им ги презентиравме и предностите на нашиот регион во смисла на природните ресурси кои ги имаме и развојот на регионот во областа на недвижнините, енергетиката, земјоделството, прехранбената индустрија и туризмот. Исто така, го организиравме и присуството на голема бизнис делегација содржана од околу 50 бизнисмени кои ќе учествуваат на овогодинешниот бизнис форум”, рече Амер Буквиќ, претседател на Одборот на директори на ББИ Банка.

Позитивните искуства од минатогодишниот Сараево Бизнис Форум ги пренесоа и бизнисменот г. Јавад Ал Хаваи, претседател на групацијата „Ал Хаваи“, како и претседателот на Босанско-бахреинското општество, кои потенцираа дека овој форум може да биде од огромно значење за директен контакт со домашните бизнисмени.

Инаку, претставниците на ББИ Банка и ББИ Вип клубот неодамна го посетија и Оман каде одржаа повеќе состаноци со претставниците на институционалните инвеститори од Оман и водечките бизнисмени од приватниот сектор, при што ги запознаа со природните ресурси и можностите за развој во ЈИЕ регионот. Меѓу другото, при посетата беше потврдено присуството и на оманските инвеститори на Сараево Бизнис Форумот, а Абдулсалам Мохамед Ал Муршиди, извршниот директор на Државниот резервен фонд на Султанот на Оман, го најави учеството и на нивните претставници.

„Дополнителни презентации во врска со можностите за инвестирање во целиот ЈИЕ регионот наскоро ќе бидат организирани во земјите од Заливот, во Турција и во Саудиска Арабија“, додаде Буквиќ.

Овогодинешниот Сараево Бизнис Форум ќе претстави повеќе проекти во доменот на земјоделството, енергетиката, едукацијата, финансиите, инфраструктурата, градежништвото, туризмот и други сектори на развој. Овој форум е одлична можност за македонските компании да ги споделат своите искуства со бизнисмените од Кралството Бахреин и Оман, како и да започнат бизнис врски со овие богати земји.

Во текот на изминатите 8 години, Сараево Бизнис Форум беше домаќин на околу 8000 учесници од повеќе од 50 земји, вклучувајќи и повеќе од 20 претседатели и премиери. Учество земаа повеќе од 3000 компании и беа одржани повеќе од 1500 директни состаноци, а конференцијата беше покриена од повеќе од 2000 новинари ширум светот.

Организатор на оваа најголема и најважна конференција за инвестиции во регионот е Босна Банка Интернационал (ББИ) во соработка со Исламската банка за развој (ИДБ).

Криптовалути

Словенечкиот Cofound.it за криптовалути се затвара

Објавено

на

Cofound.it e стартап компанија може да се пофали со едно од најголемите словенечки Initial Coin Offering (ICO). Вкупно 14 милиони долари ќе им бидат поделени на оние кои ги поседуваат жетоните

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Светска банка и ОН: Рекордно ниска стапка на сиромаштија во светот

Објавено

на

Според извештајот на Обединети Нации околу 1,3 милијарди луѓе, речиси една четвртина од населението во 104 земји, кои беа вклучени во истражувањето, изјавиле дека се сиромашни. Приближно 662 милиони од нив се деца.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

“Иновамак 2018“ – меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии

Објавено

на

Изложувачи од 20 држави се очекува да се претстават на Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“ што ќе се одржува од денеска до 23 септември во Домот на АРМ.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange