Connect with us

Кредити

Силк Роуд Банка потпиша договор за соработка со ЕИФ и учество во InnovFin гарантната шема

Објавено

на

Со цел зајакнување на конкурентноста на компаниите во Република Макединија, Силк Роуд Банка АД Скопје потпиша договор за соработка со Европскиот Инвестиционен Фонд (ЕИФ) и учество во InnovFin гарантната шема, кој нуди ексклузивна можност за полесен пристап до финансиите за малите и средни претпријатија (компании регистрирани во Македонија со број на вработени помал од 250 и годишен обрт помал од ЕУР 50 милиони или годишна состојба на активата помала од ЕУР 43 милиони) преку InnovFin гарантната шема.

Финансирањето е поддржано од страна на InnovFin МСП гарантната шема, со финансиска поддршка на Европска Унија под покровителство на финансиските инструменти од “Horizon 2020” и Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции, во рамки на Инвестицискиот План за Европа.

InnovFin програмата е наменета за иновативни, мали и средни претпријатија во сите eкономски индустрии и правни форми кои ги задоволуваат условите. Програмата е насочена кон олеснување на пристапот на мали и средни претпријатија до финансии за иновативни проекти. Наменета е за развојни ориентирани компании и иновативни проекти, компании кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење. Под иновација се подразбира инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, економичност и ефикасност.

Преку InnovFin програмата, Силк Роуд Банка АД Скопје овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност.

Аплицирајте во експозитурите на Банката во максимален износ на кредитот до 1.500.000,00 евра.

Кредити

ТТК Банка го продолжи промотивниот период на СУПЕР станбениот кредит

Објавено

на

ТТК Банка го понуди Супер станбениот кредит без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.07.2018 година и со исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамките на двете актуелни понуди за овој производ. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Силк Роуд Банка го продолжи промотивниот период на кредити за физички лица

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите идни корисници на услугите на банката дека го продолжи промотивниот период на кредитните производи за физички лица до 31.12.2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за станбени кредити

Објавено

на

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за станбени кредити за физички лица до 31.07.2018 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange