Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Центар за усогласување со прописите и интегритет на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Сегментот за спречување на перење пари.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на АМЛ тимот и заедно да ги споделуваме предизвиците на работењето на сегментот на заштита од перење пари и финансирање тероризам, те мотивираме да се пријавиш на отворената работна позиција:

Лице за контрола на усогласеност на работењето
на Банката со прописите
Сегмент за спречување на перење пари

Улога во тимот:

  • Следење и тестирање на ризиците од неусогласеноста на работењето на Банката со прописите;
  • Анализа од аспект на примената на правилата и обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на перење пари и Законот за рестриктивни мерки;
  • Развој и имплементација на мерки за намалување на ризикот од перењето пари;
  • Подготовка на интерни акти и контрола на примената на интерните акти за примена на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Вршење анализа на сомнителни трансакции и подготвување на извештаи за сомнителни трансакции;
  • Учество во едукација на вработените во Банката;
  • Континуирано и ефикасно советување на Менаџментот на Банката.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Работно искуство од минимум 2 години во сегментот за спречување на перење пари;
  • Добро познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Високо ниво на пишуван и говорен англиски јазик;
  • Желба и ентузијазам за учење.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

* Ќе се цени доколку потенцијалниот кандидатот има сертификат за работа со класифицирани информации степен “Доверливо”.

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 16.02.2024 година на: NLBKariera@nlb.mk, со назнака за Лице за контрола на усогласеност на работењето на Банката со прописите.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка АД Скопје ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитурите на Банката, во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:(повеќе…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Службата за кредитни ризици за големи и средни претпријатија во рамки на Секторот за кредитни ризици го зајакнува својот тим на успешни професионалци.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно