Connect with us

Странски банки

„Royal Bank of Scotland“: Европската централа по Брегзит ќе биде во Амстердам

Објавено

на

Британската банка „Royal Bank of Scotland“ објави дека го избрала Амстердам за база во Европската унија по Брегзит.

Банката која во екот на глобалната финансиска криза беше спасена со парите на даночните обврзници, откри дека подготвува вонреден план за Брегзит и дека е во преговори со Централната банка на Холандија за основање на својата база во Амстердам откако Велика Британија ќе излезе од Европската Унија.

 

Напредуваме во преговорите со холандската централна банка да отвориме мала европска централа во Амстердам. Тоа е многу логичен пазар за нас, имаме банка таму и таа има право на лиценци за нас“, коментира главниот финансиски директор Јуан Стивенсон.

 

„Royal Bank of Scotland“ ги соопшти своите резултати, кои се покажаа доста позитивни. Во првото полугодие од оваа година банката се враќа кон профит од 939 милиони фунти, откако за истиот период минатата година забележа загуба од 2 милијарди фунти.

 

Банката забележа трошоци за тужби од 396 милиони фунти, во голема мера поврзани со решавањето на прекршоци при продажба на американските хипотекарни производи.

 

Откако банката ќе го пресели бизнисоте во Амстердам, таму ќе вработи околу 150 луѓе, истакнувајќи дека не е неопходно да се префрлат вработени во Амстердам, така што некои би можеле да останат во Лондон. Трошоците на извршувањето на оваа “операција” се мерат во десетици милиони евра.

Странски банки

Грција со свој проект “Купи Куќа Купи Стан”

Објавено

на

Грција планира да вложи приближно милијарда долари во банките во земјата во следните пет години, за да субвенционира дел од хипотекарните кредити на домаќинствата.

Согласно планот на овој проект, домаќинствата кои не можат да ги плаќаат своите обврски, ќе треба да ги реструктуираат своите кредити, за потоа државата да плати дел од нивните месечни обврски.

Во моментов грчките банки се борат со огромен “облак” од лоши пласмани, кои изнесуваат 88,6 милијарди долари, наследство од финансиската криза во земјата.

Законската рамка има за цел да ги поддржи домаќинствата кои не можат да исплатуваат кредит за својот дом.

Во законот ќе бидат поставени рамки за ниво на приход и други критериуми, а должниците ќе го губат грантот ако доцнат во отплатата со над 90 дена.

Продолжи со читање

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange