Connect with us

Пакети

”Juncker Plan”: 820 милиони евра за МСП како дел од соработката меѓу ЕИФ и ПроКредит Банка за поддршка на иновативни компании

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Групацијата обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку ПроКредит Банките во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто за компании кои инвестираат во нови технологии и производи. До сега, со кредитите за иновации, ПроКредит има поддржано повеќе од 1000 иновативни мали и средни компани, а во следните години овој број ќе се зголемува.

 

Овие договори беа потпишани во согласност со InnovFin иницијативата на Европската комисија, поддржани преку програмата за истражување и иновации на ЕУ – Horizon 2020. InnovFin иницијативата им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот Инвестициски Фонд. Договорот потпишан меѓу земјите членки на Европската Унија беше овозможен сo поддршка од страна на Европскиот Фонд за Стратегиско Инвестирање. Овој фонд е централен столб на Европскиот Инвестициски План за Европа, познат како “Juncker Plan”.

 

Pier Luigi Gilibert, Главен Извршен Директор на ЕИФ изјави: “Воодушевени сме што InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија реализирана во соработка со ПроКредит Банка има доста позитивни резултати. Добро распространетата мрежа на ПроКредит банките, комбинирана со нивното искуство и експертиза за кредитирање на мали и средни претпријатија ни дава гаранција дека кредитите поддржани од Европската Комисија ќе бидат брзо пласирани во 11те земји каде што банката работи. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите пристап до финансиски средства обезбедени од страна на Европска Унија и ќе го поттикнат иновативниот дух низ Европа.”

 

Jyrki Katainen, Потпретседател на Европската комисија, одговорен за вработување, раст, инвестиции и конкурентност, изјави: “Европската Комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и раст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, кој на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции,  проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска Унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа. Лично им посакувам голем број на успеси на претпријатијата кои го користат ова финансирање.” 

 

Борислав Костадинов, Член на Управниот Одбор на ProCredit General Partner AG (единствен управен орган на ProCredit Holding AG & Co.) изјави: “InnovFin иницијативата со сигурност ја поддржа модернизацијата на малите и средни претпријатија во земјите во кои работиме. Благодарејќи на нашиот долгорочен однос со голем број на иновативни компании и работејќи како нивна матична банка, ПроКредит банките беа во можност да финансираат иновативни проекти во голем број на индустрии, особено во секторот за производство. На наше задоволство Европскиот Инвестициски Фонд и ПроКредит Групацијата одлучија да ја прошират соработка во поглед на оваа успешна програма.”

 

 

 

Пакети

Мудро штеди за подарок што вреди со Стопанска Банка АД Битола

Објавено

на

Детското штедење е долгорочен депозитен продукт за физички лица и е наменет за деца до 18 годишна возраст. Поради тоа, како законски застапник мора да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени. (more…)

Продолжи со читање

Пакети

Оби Роби за подобро детско штедење од Охридска Банка!

Објавено

на

Преку малиот робот Оби Роби, Охридска банка сака да се доближи до најмладите, односно преку едукативни материјали, сликовници, боенки и детски совети. Оби Роби сака да им ја претстави важноста на штедењето на децата, како и да ги воведе во иднината на детското штедење. (more…)

Продолжи со читање

Пакети

За чиста 10ка: Нов поволен пакет на Халкбанк наменет исклучиво за студентите

Објавено

на

Студентскиот живот е несомнено возбудлив и исполнет со бројни незаборавни доживувања, но неминовно е и дека носи свои предизвици за студентите. Непроспиени ноќи за испити, трошоци за студии, трошоци за патувања, кирии или пак различни активности и дружење… (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange