Connect with us

Сметки

Што ако направите трансфер на пари на погрешна сметка?

Објавено

на

Дали некогаш сте помислиле што ќе се случи доколку направите пренос на пари на погрешна сметка? Дали ќе можете да ги вратите парите назад? Дали банката ја има моќта да направи поврат на средствата?

Па, банката не може да ви ги врати парите без одобрение од оној кој ги примил тие пари (корисникот на “погрешната” банкраска смета). Затоа е важно да бидете многу внимателни кога префрлате пари на некоја банкарска сметка.

 

Доколку направите погрешна трансакција направете ги следните чекори:

– Информирајте ја банката и менаџерот на банката за погрешната трансакција;

– Парите ќе ги добиете веднаш назад доколку бројот на сметката на која сте ги префрлиле не постои, но ако постои тогаш треба веднаш да реагирате;

– Треба да и докажете на банката во детали дека сте направиле грешка при транскакцијата;

– Ако парите се префрлени на сметка на погрешен  корисник со исто име како корисникот на кого сте сакале да ги префрлите парите ,тогаш мора да докажете дека трансферот е погрешен. Но тоа не е така лесно;

– Ако трансферот е во оквир на банката, таа може да пристапи до погрешниот примач и да побара од него поврат на парите.Ако корисникот се согласи, повратната трансакцијата може да се изврши во рок од една недела;

– Ако пак корисникот е од друга банка и вие ги префрлите парите погрешно, ќе мора лично да појдете во таа банка и да се сретнете со менаџерот за да пронајдете решение.

 

Што ако погрешниот корисник одбие да ги врати парите?

 

– Во тој случај, контактирајте ја вашата банка и јасно согледајте го проблемот; 

– Aко тој или таа одбие да ви ги врати парите тогаш треба да преземете правни дејствија, но ситуацијата станува уштре покомплицирана доколку вашата банка и банката на корисникот се различни;

– Треба да започнете правен процес кој вклучува многу формалности во кои се вклучени и адвокатски такси.

 

За да не дојде до оваа ситуација која може да ви создаде големи проблеми, пред да направите трансфер на пари секогаш проверете ја два до три пати сметката на која сакате да ги префрлите парите.

 

 

 

 

 

 

 

Сметки

Стопанска банка а.д Битола пушти во употреба два нови банкомати

Објавено

на

Стопанска банка а.д Битола со цел проширување на својата мрежа на банкомати и обезбедување на поголема достапност на своите услуги пушти во употреба два нови банкомати. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

М-р Драган Радески [КИБС]: Инстант-плаќањата се во центарот на новите платежни трендови!

Објавено

на

Содржината е преземена од специјализираното списание на Академија за банкарство и информатичка технологија „е-Банкар“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензионерско уживање со “Пензија на 1-ви” од Стопанска Банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти, пред се пензионерите, дека со почеток од 1-ви февруари 2019, ќе започне да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД – Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange