Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов повик за младите претприемачи во рамките на програмата „Social Impact Award 2018“

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија и оваа година како активен поддржувач на младите претприемачи во областа на социјалното претприемништво, а во соработка со Млади Инфо, го отворија новиот повик за учество во програмата Social Impact Award 2018. Младите луѓе во Македонија на возраст од 14 до 30 години ќе имаат можност да аплицираат со свои идеи за социјален бизнис, и да освојат парични средства, инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународниот самит на програмата. 

Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која е веќе присутна во 20 земји од Европа и светот. Во Македонија се одржува по четврти пат, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија како еден од позначајните институционални покровители.

Станува збор за натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.

„Младите во престојните 3 месеци, ќе можат да дојдат на некоја од нашите бесплатни работилници, да добијат знаења и вештини и да ги  аплицираат своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата – http://socialimpactaward.mk. Доколку влезат во десетте финалисти во текот на летото нашите идни социјални претприемачи работат со експерти/ ментори за доразвивање на идејата. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2000 евра од Шпаркасе банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународиот самит на млади социјални претприемачи во Грузија, изјави Марија Матовска – Националната координаторка на програмата.

„Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата „Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис, што во иднина уште повеќе ќе се прошири и во рамките на една посебна финансиска програма наменета токму за оваа значајна целна група.

Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме сведоци на одлични проекти, а ние како банка и понатаму ќе ја даваме нашата поддршка“ – изјави  Викторија Јовановска, Директор на секторот за физички лица – Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка Македонија четврта година по ред ја дава својата поддршка на Social Impact Award, како еден од  покровителите на настанот, но истовремено со силно верување дека овие идеи ќе направат видлива промена и желба истите да претставуваат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.

Домашни банки

Клуб на таленти на Охридска Банка

Објавено

на

Клубот на таленти на ОБСГ произлегува од годишната програма за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал. Станува збор за платформа што е наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Како концепт, Клубот на таленти на ОБСГ ќе функционира врз база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Ќе можат да се пријавуваат сите заинтересирани што ќе ги исполнуваат условите, а Банката, како основач на Клубот, заедно со однапред дефинирано стручно жири, во секоја област ќе избира финалисти и победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Водејќи се од основните принципи на работењето ‒ тимски дух, иновација, посветеност и одговорност ‒ како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал на годишно ниво издвојува значаен износ финансиски средства што ги насочува во различни области, како култура, спорт, образование итн., секогаш изнаоѓајќи таленти и потенцијали на коишто им е потребна поддршка за развој на нивниот талент, доедукација и усовршување во нивната насока, а сè со цел да помогне во развојот на сите млади што покажуваат потенцијал во одредена насока.

Ако имаш жичка за музика, умееш да свириш, знаеш да фатиш ритам, те сака сцената, те препознаваат, освојуваш награди… не двоуми се! Пријави се на Конкурсот на Охридска банка Сосиете Женерал за млади инструменталисти и стани првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и првиот стипендист на Банката.

Право на учество имаат млади инструменталисти на возраст од 14 до18 години, односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година. Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот:

  • Клавир
  • Хармоника
  • Виолина
  • Виолончело
  • Виола
  • Гитара
  • Контрабас
  • Хорна
  • Харфа
  • Обоа
  • Кларинет
  • Флејта
  • Труба
  • Фагот
  • Саксофон
  • Тромбон

Аплицирањето се врши електронски, директно на веб-страницата www.obsgklubnatalenti.mk, во делот „Аплицирање“, преку пополнување на формуларот за аплицирање.

Стипендијата, определена за овој јавен конкурс, е во вкупен износ од 2400 евра, пресметани во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот на исплатата на средствата. Овој фонд е определен и ќе се исплаќа на месечно ниво, во текот на една година.

По завршувањето на Конкурсот, Банката заедно со стручното жири составено од: универзитетски професор – пијанист, универзитетски професор – дувач, стручен член – виолинист, ќе направи избор на 7 – 12 финалисти и ќе ги објави на веб-страницата, најдоцна до 10 Октомври 2018 година. По објавувањето на финалистите, тие ќе треба да испратат информација за тоа која композиција или пиеса ќе ја изведуваат на финалната вечер, а таа треба да биде со времетраење од 5 до 15 минути. На 24 октомври 2018 година, во 19.00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на кој избраните финалисти ќе настапат пред стручното жири. По завршувањето на финалната вечер, жири-комисијата ќе го избере победникот на првиот конкурс „Имаш ли жичка за музика?“, првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и истовремено првиот стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал.

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ ќе добие нов сопственик до крајот на годината

Објавено

на

Словенечката влада повторно се одлучи за приватизација на Нова Љубљанска банка (НЛБ) и му наложи на Словенечкиот државен холдинг (SDH) да се подготви за ре-продажба на НЛБ.

Министерот за финансии, Матеја Враничар Ерман, по седницата на Владата, рече дека Европската комисија ќе испрати изменети обврски кои се веќе усогласени со Комисијата. Враничар Ерман изјави дека не сака да шпекулир мална ефикасност и да преговараат за добра цена.

Продажбата на НЛБ од Љубљана не е новина, но словенечката Влада успеа во неколку наврати во последните две години процесот да го развлече и покрај притисокот од Европската комисија. НЛБ е државна банка и во екот на финансиската криза имаше значајни проблеми. Сега се планира продажба по пат на јавна понуда и тоа во брза постапка. Односно треба да се продадат 50% од акциите плус една акција до крајот на годината, а останатиот дел до 50% минус една акција до крајот на 2020 година.

Инаку, НЛБ банка од Скопје е една од најуспешните подружници на Љубљанската централа. Во 2017 година нето добивката е 2,12 милијарди денари или 34,38 милиони евра и таа е резултат на зголеменото пазарно учество.

Продолжи со читање

Домашни банки

Еуростандард банка го поддржа Фестивалот „Охридско лето“.

Објавено

на

Под мотото „Создавај уметност„ Еуростандард банка и оваа година го поддржа  58-то издание на Фестивалот „Охридско лето“.

До 20 август градот Охрид ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи Фестивалот.

Повеќе од 800 уметници од 27 земји од целиот свет ќе музицираат, глумат, творат на неколкуте фестивалски сцени, ќе настапат звучни имиња од светот на музиката,
но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Во текот на претстојните фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста.

Бидете и вие дел од овој настан!

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange