Connect with us

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје го подобри финансискиот резултат заклучно со третиот квартал од 2017 година

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје и во третиот квартал од работењето во 2017 година го продолжува трендот на подобрување на финансискиот резултат, во однос на истиот период од минатата година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Како резултат на континуираниот раст на кредитното портфолио и зголемувањето на пазарниот удел на Банката, приходите од камати и во овој квартал забележуваат значителен пораст од 6,04%. Како резултат на успешните промотивни кампањи за привлекување нови депоненти, забележан е раст на расходите за камати за 15,81%. Нето-ефектот прикажан преку нето-приходите од камати се задржува позитивен и е за 1,87% повисок во однос на истиот период од претходната година.

Зголемениот обем на работење во делот на кредитирањето и придобивањето нови клиенти во сите сегменти од работењето, продуцираше значително зголемување на нето-приходите од провизии, кои, во овој квартал, се поголеми за високи 20,02%, во однос на истиот период минатата година.

Во делот на курсните разлики, Банката бележи минимално намалување споредено со минатиот период, кое во апсолутен износ е само 235 илјади денари, односно има незначителен негативен ефект во целокупниот резултат.

Позицијата на останати приходи од дејноста го задржува истото ниво од претходната година, односно има незначително намалување од 0,04%.

Кај останатите позиции, трошоците за вработени забележуваат зголемување од 6,28% кое се должи на зголемениот број вработени лица. Во услови на значително зголемен обем на работа, Банката успева останати расходи од дејноста да ги задржи речиси на истото ниво од минатата година, со незначителен пораст од 0,54% или во апсолутен износ од 597 илјади денари.

Заклучно со 30.09.2017, Банката има издвоено резервација во износ од 16.092 илјади денари што претставува извесно зголемување на исправката на вредност, во најголем дел како резултат на високото ниво на пораст на кредитното портфолио на Банката. Имајќи го во вид износот на исправката на вредност во однос на вкупното кредитно портфолио, може да се констатира дека Централна кооперативна банка АД Скопје успешно и континуирано ја задржува позицијата на Банка со најдобар квалитет на кредитното портфолио, високо над пазарниот просек.

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Пакети

Централна кооперативна банка АД Скопје со единствени понуди на саемот на банки во Skopje City Mall

Објавено

на

Централна кооперативна банка ќе ја презентира својата богата понуда на банкарски продукти во соработка со Skopje City Mall во периодот од 12 – 14 мај 2017 година, каде што за прв пат ќе се одржи „Саем на банки и финансиски институции”.

Сите постоечки и потенцијални клиенти ќе имаат можност подетално да бидат запознаени со кредитни производи кои имаат убедливо најниски каматни стапки на пазарот, најдолги рокови на исплата, најниски трошоци и без конкуренција најдобри услови.

Ова е вистинска прилика да се добијат повеќе информации за најконкурентните кредитни услови и каматани стапки на пазарот: бескаматен кредит, станбени кредити почнувајќи од 3%, хипотекарни кредити веќе од 4,4%, потрошувачки кредити од 5,5% и многу други банкарски продукти креирани според сечии потреби и желби.

Централна кооперативна банка со нетрпение ќе ги очекува своите клиенти на претстојниот саем, каде што ќе ја имаат можноста да бидат подобро запознаени со широкиот спектар на нејзините банкарски продукти во рамките на работното време на Skopje City Mall, од 10:00 – 22:00 часот.

 

 

Централна кооперативна банка ќе ја презентира својата богата понуда на банкарски продукти во соработка со Skopje City Mall во периодот од 12 – 14 мај 2017 година, каде што за прв пат ќе се одржиСаем на банки и финансиски институции”.

Сите постоечки и потенцијални клиенти ќе имаат можност подетално да бидат запознаени со кредитни производи кои имаат убедливо најниски каматни стапки на пазарот, најдолги рокови на исплата, најниски трошоци и без конкуренција најдобри услови.

Ова е вистинска прилика да се добијат повеќе информации за најконкурентните кредитни услови и каматани стапки на пазарот: бескаматен кредит, станбени кредити почнувајќи од 3%, хипотекарни кредити веќе од 4,4%, потрошувачки кредити од 5,5% и многу други банкарски продукти креирани според сечии потреби и желби.

Централна кооперативна банка со нетрпение ќе ги очекува своите клиенти на претстојниот саем, каде што ќе ја имаат можноста да бидат подобро запознаени со широкиот спектар на нејзините банкарски продукти во рамките на работното време на Skopje City Mall, од 10:00 – 22:00 часот.

Пакети

Cashback World и Вардар Скопје започнаа соработка

Објавено

на

Вардар Скопје и меѓународната Куповна Заедница Cashback World, управувана од Lyoness ги здружија силите во Македонија. Преку оваа соработка, Вардар Скопје ќе стане дел од меѓународната Куповна Заедница, која моментално брои преку 7 милиони Членови, а сето тоа преку Вардар Cashback Програмата.

Новата Вардар Cashback Картичка може да се користи во 47 држави насекаде во светот и при секое купување направено со оваа картичка кај Трговските Партнери, фановите ги поддржуваат младите таленти на клубот.

Како дел од оваа соработка, Cashback World, управуван од Lyoness му дава на располагање на Вардар Скопје иновативна Лојална Програма за фановите, која ја вклучува Вардар Cashback картичката, Cashback App., како и онлајн портал за купување во дизајнот на клубот. Освен тоа, ќе бидат преземени многубројни заеднички маркетинг активности кои ќе бидат во полза како за фановите, така и за клубот.

Меѓународната куповна заедница ни овозможува да допреме до голем број од нашите фанови. На овој начин, тие не само што ќе добиваат атрактивни предности при пазарувањето, туку и ќе ги поддржуваат младите играчи на клубот со секое направено купување кај Трговските Партнери. Членовите на Вардар Cashback Програмата од целиот свет ќе ги поддржуваат на овој начин нашите млади таленти”, изјави Давор Стојаноски, Извршен директор на РК Вардар.

Како функционира Вардар Cashback програмата?
– За секое купување направено кај онлајн или офлајн Трговските Партнери, Членовите на Вардар Cashback Програмата ќе добијат до 5% Cashback и дополнително ќе собираат Shopping Points, кои можат да ги искористат за специјални понуди.
– Членовите на Вардар Cashback Програмата можат да ги добијат овие предности при пазарувањето кај некој од 75.000 Трговски Партнери на Cashback World во 47 земји во светот, од кои 650 се наоѓаат во Македонија.
– До 1% од сите купувања направени од страна на фановите преку Вардар Cashback Програмата ќе одат директно за поддршка на младите таленти на клубот.
– Програмата им овозможува дури и на најмалите компании да станат дел од меѓународната Куповна Заедница и да им даваат предности за пазарување на своите потрошувачи.

За Вардар Скопје Структурата на клубот Вардар Скопје вклучува ракомет (мажи и жени) и фудбал. Во сезоната 2016/2017, машкиот ракометен клуб на Вардар Скопје ја освои престижната VELUX EHF FINAL4 Лига и на тој начин стана победник на Лига на Шампиони за прв пат. Фудбалскиот тим ја има моментално македонската шампионска титула и игра во УЕФА Лига Европа.

За Cashback World operated by Lyoness Една од таргетните групи на Cashback World се потрошувачите во целиот свет кои сакаат да заштедат пари (Cashback и Shopping Points) при пазарувањето во продавница или онлајн. Cashback Solutions е наменета за сите компании кои сакаат да користат меѓународна мултисекторска лојална програма. Cashback World, управуван од Lyoness е моментално активен во 47 земји.

7 милиони Членови ги користат предностите при пазарувањето кај речиси 75.000 Трговски Партнери низ целиот свет. Веќе неколку години, Cashback World е вклучен во спортот и воспостави многубројни соработки во полето на фудбалот, мотоциклизмот, хокејот и ракометот. Како примери кои вреди да се споменат се соработките со MotoGP™, SK Rapid Wien како и со Европската Ракометна Федерација за турнирот VELUX EHF FINAL4 од Европската Лига на Шампиони.

 

Продолжи со читање

Пакети

”Juncker Plan”: 820 милиони евра за МСП како дел од соработката меѓу ЕИФ и ПроКредит Банка за поддршка на иновативни компании

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Групацијата обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку ПроКредит Банките во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто за компании кои инвестираат во нови технологии и производи. До сега, со кредитите за иновации, ПроКредит има поддржано повеќе од 1000 иновативни мали и средни компани, а во следните години овој број ќе се зголемува.

 

Овие договори беа потпишани во согласност со InnovFin иницијативата на Европската комисија, поддржани преку програмата за истражување и иновации на ЕУ – Horizon 2020. InnovFin иницијативата им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот Инвестициски Фонд. Договорот потпишан меѓу земјите членки на Европската Унија беше овозможен сo поддршка од страна на Европскиот Фонд за Стратегиско Инвестирање. Овој фонд е централен столб на Европскиот Инвестициски План за Европа, познат како “Juncker Plan”.

 

Pier Luigi Gilibert, Главен Извршен Директор на ЕИФ изјави: “Воодушевени сме што InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија реализирана во соработка со ПроКредит Банка има доста позитивни резултати. Добро распространетата мрежа на ПроКредит банките, комбинирана со нивното искуство и експертиза за кредитирање на мали и средни претпријатија ни дава гаранција дека кредитите поддржани од Европската Комисија ќе бидат брзо пласирани во 11те земји каде што банката работи. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите пристап до финансиски средства обезбедени од страна на Европска Унија и ќе го поттикнат иновативниот дух низ Европа.”

 

Jyrki Katainen, Потпретседател на Европската комисија, одговорен за вработување, раст, инвестиции и конкурентност, изјави: “Европската Комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и раст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, кој на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции,  проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска Унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа. Лично им посакувам голем број на успеси на претпријатијата кои го користат ова финансирање.” 

 

Борислав Костадинов, Член на Управниот Одбор на ProCredit General Partner AG (единствен управен орган на ProCredit Holding AG & Co.) изјави: “InnovFin иницијативата со сигурност ја поддржа модернизацијата на малите и средни претпријатија во земјите во кои работиме. Благодарејќи на нашиот долгорочен однос со голем број на иновативни компании и работејќи како нивна матична банка, ПроКредит банките беа во можност да финансираат иновативни проекти во голем број на индустрии, особено во секторот за производство. На наше задоволство Европскиот Инвестициски Фонд и ПроКредит Групацијата одлучија да ја прошират соработка во поглед на оваа успешна програма.”

 

 

 

Продолжи со читање

Пакети

“Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија

Објавено

на

Инвеститорот во недвижности “Grawe Real Estate Group“ во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. FORTON, како партнер на CUSHMAN&WAKEFIELD за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

 

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија.

Хипериум Бизнис Центарот е А класа канцелариски простор, кој се наоѓа во централната бизнис зона во Скопје. Објектот вклучува површина од 7.000 м2 за изнајмување, со 170 паркинг места. Како закупци се сместени високо репутабилни интернационални компании како што се: Triglav Insurance, OSCE, PWC, CISCO Systems итн. Благодарение на неговата премиум локација и квалитет, Хипериум Бизнис Центарот претставува објект кој генерира стабилни приходи. Атрактивната можност за инвестирање во стабилни парични текови (приходи) генерирана од стабилни закупци го привлече вниманието на домашните и странските инвеститори во процесот на продажбата.

 

Одлуката на “Grawe Real Estate Group” да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, “Grawe Real Estate Group” ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

По периодот на стагнација во последните дванаесет месеци, продажбата на Хипериум Бизнис Центарот покажува дека интересите на инвеститорот се насочуваат кон недвижности кои генерираат стабилни приходи. Очекуваме дека ваквиот позитивен тренд ќе се протега и на останатите сегменти на пазарот, вели Влатко Богоевски, Генерален директор и Партнер во Forton/Cushman&Wakefield.

Forton/Cushman&Wakefield и понатаму останува водечка консултантска компанија на полето на недвижности на македонскиот пазар со трансакции со вкупен обем од повеќе од 28 милиони ЕУР во последните 8 месеци.

Продолжи со читање

Популарно

Домашни банки

Централна кооперативна Банка АД Скопје со нова локација во Кавадарци

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје на својата web – страна објави Известување за новата локација на експозитурата во Кавадарци

„Со задоволство Ве известуваме дека од петок 22.07.2016 година експозитурата на Централна кооперативна банка АД Скопје во Кавадарци започнува со работа во нови простории на улица 7-ми Септември бр.35.“, стои во известувањето на банката.

Од ЦКБ АД Скопје наведуваат дека банката и понатаму ќе вложува во унапредувањето на професионалноста и ефикасноста во пласирањето на банкарските производи и услуги со цел да биде чекор поблиску до своите клиенти.

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје забележа загуба од 49 милиони денари во 2015 година

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје во период од 01.01.2015 до 31.12.2015 година оствари загуба од 49 милиони денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на веб страната на Македонска берза.

Од Банката велат дека финансискиот резултат остварен во 2015 година бил под влијание на високо конкурентното опкружување и донесените одлуки за промена на каматните стапки уште од самиот почеток на годината.

Со донесените Одлуки, направен е обид да се задржат постоечките и привлекување на нови клиенти, посебно во доменот на девизното штедење кај населението и кредитирањето на малите и средните бизниси.

За Банката и покрај загубата од речиси 800 илјади евра, 2015 година е релативно успешна година, бидејќи е зaбележливо зголемување на кредитното портфолио за високи 21,5%.

Сепак, со Одлуката за континуираното намалување на активните каматни стапки во доменот на безризичните пласмани, дојде до пад на приходите од камати за 2.41% во однос на претходната година.

Подобрената кредитната активност и севкупниот зголемен обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување за 25.22% во однос на претходната 2014 година“ – се вели во соопштението на Банката.

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД – Скопје објавува јавен повик за седница на Вонредно Собрание на Акционери

Објавено

на

ЈАВЕН ПОВИК
за седница на Вонредно собрание на Акционери на Централна кооперативна банка АД Скопје

 

Врз основа на член 385, став 2 од Закон за трговските друштва и член 60, став 2 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорен одбор на Банката бр. 0204-242 од 29.12.2015 година

Централна кооперативна банка АД Скопје

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Вонредното собрание на акционери на Централна кооперативна банка АД Скопје, кое ќе се одржи на ден 20.01.2016 година, со почеток во 11:00 часот во седиштето на Банката во Скопје, на ул:1732 број 2 Скопје.

За Собранието се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:

1. Отварање на Собранието,
2. Избор на работни тела:
– Претседавач,
– Нотар за водење записник,
– Верификациона комисија.
3. Извештај на Верификационата комисија.

2. РАБОТЕН ДЕЛ:

1. Утврдување на работниот дел од дневниот ред.

2. Разгледување на Записникот од седница на Годишно собрание на акционери на Централна кооперативна банка АД Скопје, ОДУ бр.416/15 од 27.05.2015 година на Нотар Нада Палиќ од Скопје.

3. Разгледување и донесување на Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје и определување на надомест за неговата работа.

4. Разно.

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собрание.

Пријавата за учество на Собранието да се достави до Дирекција за правни работи на Централна кооперативна банка АД Скопје (контакт-телефон 3249 300, факс број 3 249 377 или е-mail: sobranie@ccbank.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневен ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски на горенаведените контакти. Обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ccbank.mk, преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик – вонредно собрание, 20.01.2016 година“.

Согласно Законот за трговски друштва акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право по писмен пат да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред најдоцна до 12.01.2016 година до 14:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на интернет-страницата на Централна кооперативна банка АД Скопје www.ccbank.mk.

Увид во материјалите од дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување на Собрание од 10 часот до 15 часот, во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје, на ул. 1732, бр. 2 Скопје – Центар, Центар во Скопје, во Дирекцијата за правни работи или на интернет-страницата на ЦКБ АД Скопје www.ccbank.mk преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик – вонредно собрание, 20.01.2016 година“.

НАДЗОРЕН ОДБОР НА
Централна кооперативна банка АД СКОПЈЕ

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со извештај за последниот квартал

Објавено

на

Финансискиот резултат остварен во третото тримесечје е под влијание на донесените одлуки за промена на каматните стапки на почетокот од оваа година, кои имаа цел да ги подобрат девизната и севкупната финансиска позиција на Банката. Со овие одлуки направен е обид да се задржат висококонкурентните каматни стапки за девизното штедење кај населението. Овие одлуки, заедно со донесените одлуки од доменот на кредитирањето на малите и средни бизниси имаа за цел подобрување на пазарната позиција на Банката.

Зголемената кредитна активност и континуираното намалување на активните каматни стапки, како и намалувањето на каматните стапки на безризичните пласмани, доведоа до незначително намалување на приходите од камати за 1.67% во однос на претходната година. Конкурентните пасивни камати доведоа до пораст на расходите за камати за 4.34% што се одрази како пад на нето-каматниот приход за 4.80% во однос на истиот период минатата година.

Кредитната активност и севкупно зголемениот обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување во однос на третото тримесечје од претходната 2014 година за 22.41%.

Во текот на второто и на третото тримесечје, Банката изврши продажби на повеќе преземени средства, при што оствари значителна капитална добивка. Ефектите од овие настани се одразени во позицијата Останати приходи од дејноста и таа, во однос на претходната година, бележи раст за 56.59%.

Во 2015 година, продолжи натамошното ширење на деловната мрежа (нова експозитура во Прилеп) и реструктуирање и реорганизација на службите во Банката, а со цел подобрување на услугите и на севкупната ефикасност на Банката. Тоа придонесе до незначителен пораст на трошоците за вработени за 3.35% во однос на истиот период минатата година.

Банката во текот на 2015 година интензивно и континуирано работи на подобрување на својата оперативна ефикасност и намалување на трошоците при зголемен обем на работа. Во третото тримесечје на 2015 година, Банката продолжи да ги намалува трошоците со што позицијата останати расходи од дејноста бележи намалување од 7.70% споредено со истиот период минатата година.
Согласно со Одлука за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања, евидентирана е загуба поради оштетување на преземени средства во износ од 21,143 илјади денари што е за 4.01% пониско оштетување во однос на претходната година.

Во споменатиот период Банката издвои резервации во висина од 10,523 илјади денари, кои се за 52.27% повисоки во однос на претходната година, што укажува дека, и покрај висока претпазливост при преземање на кредитниот ризик, Банката, сепак, во третото тримесечје се соочува со тешкотии при наплата на одредени кредитни побарувања.

Големо отстапување во Билансот на успех се јавува и на позицијата нето-приходи од курсни разлики, каде се остварени за 38.05% помалку приходи во однос на истиот период минатата година. Оваа разлика се должи на ненадејниот висок раст на цената на швајцарскиот франк во првото тримесечје.

Генерално, одредени индикатори во 2015 година укажуваат на подобрено работење на Банката што доведе и до остварување на подобар финансиски резултат во однос на истиот период минатата година за 23.42%.

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Платежни картички

Централна кооперативна банка АД Скопје направи промена на тарифата за користење на платежни картички

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје изврши дополнување на Тарифата за корисниците на платежни картички. Почнувајќи од 01.11.2014 година ќе се наплатува услугата проверка на состојба на сметка на банкомат.

 

Надоместокот за проверка на состојба на сметка на банкомат за дебитни картички изнесува:

  • на банкомат на банката 5 мкд,
  • на банкомат на друга банка 10 мкд.

За кредитни картички за физички лица:

  • на банкомат на банката 10 мкд,
  • на банкомат на друга банка 20 мкд.

За кредитни картички за правни лица:

  • на банкомат на банката 20 мкд,
  • на банкомат на друга банка 30 мкд.       

   

Повеќе

Платежни картички

Нова Mastercard Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка а.д. Скопје со задоволство ја претставува новата Mastercard® Wizz Air кредитна картичка издадена од Банката, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за Visa Business картички за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 15ти мај до 15ти јуни годинава спроведува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

American Express картичките достапни и на банкоматите на НЛБ Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите иматели на American Express картичките дека почнувајќи од денес (15.05.2018 година), за подигнување на готовина од картичките покрај банкоматите на Силк Роуд Банка ќе може да ја користат и целата мрежа на банкомати на НЛБ Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange