Connect with us

Странски банки

Централната банка на Чешка ја зголеми референтната каматна стапка за прв пат од 2008 година

Објавено

на

Чешката народна банка ја зголеми референтната каматна стапка за прв пат од 2008 година, а со тоа стана првата централна банка во Европската унија која го започна новиот циклус на заострување на монетарната политика.

Овој потег, како што оценува Ројтерс, ја рефлектира се поизразената желба на европските централни банки да се откажат од ултра лабавата монетарна политика по финансиската криза. Повеќето од нив, вклучувајќи ја и Банката на Англија, која исто така заседаваше, не можеа да го сторат тоа поради неизвесноста во однос на економскиот раст и инфлацијата.

 

Сепак, поттикнати од растот на економијата и инфлацијата над целната вредност, одборот на директори на Чешката народна банка гласаше за зголемување на клучните двонеделни репо каматни стапки на 0.25% од ниво од 0,05%, на кое беше од ноември 2012 година.

 

Чешката круна зајакна на 25,94 евра, што претставува раст на дневна основа од 0,6%.

 

Круната порасна за 4,0% откако централната банка во април ја напушти политиката на ограничување на девизниот курс на околу 27 евра, што беше првиот чекор во нормализација на монетарната политика.

 

Последно значајно зголемување на референтната каматна стапка меѓу земјите на ЕУ, имаше Полска во мај 2012 година, иако и Данска во јануари минатата година ја подигна својата клучна каматна стапка, со цел да го одржи фиксен девизниот курс на данското круна во однос на еврото, но нивната камата и понатаму остана на минус 0,65%, наведува Ројтерс.

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Програмер вработен во банка пронашол “баг” на банкомат и си повлекол 1 милион долари

Објавено

на

Звучи како наслов од филм, но станува збор за реалност. Незадоволен програмер во банка успеал да пронајде шема за банкоматот да издава “бесплатни” пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange