Connect with us

Криптовалути

Цената на криптовалутите драстично се намалува

Објавено

на

Цената на криптовалутите бележи сериозен пад во последните 24 часа, со што е продолжен минатонеделниот пад. Во текот на последните 24 часа од пазарната капитализација на сите криптовалути беа избришани над 60 милијарди долари според пресметките на „CNBC“.

Кон средината на декември претходната година, виртуелните валути достигнаа максимална вредност, но оттогаш па навака тие континуирано ја намалуваат и својата пазарна капитализација и што е уште поважно пазарната цена.

Последните податоци се загрижувачки, бидејќи на најпознатата виртуелна валута биткоинот, вредноста и се намалила за 13,5% и моменталната вредност изнесува 7.361 долари, претрпувајќи ја својата најлоша недела од 2013-та година. Драстично намалување на цените се забележани и кај другите криптовалути. Втората најпозната криптовалута етериумот падна за 16,96% со пазарна цена од 724 долари, рипл падна за 14,51% со пазарна вредност 0,71 долари, додека биткоин кеш ја намали својата вредност за 17,4% односно достигна вредност до 951 долари.

Пазарната капитализација на сите криптовалути се намали на 341,58 милијарди долари, што значи дека повеќе од 90 милијарди на пазарот беа избришани во изминатиот ден.

Драстичниот пад на виртуелните валути пред се се должи на забраната кои ја воведоа банкарските гиганти кои им забрануваат на своите клиенти да купуваат биткоини со своите кредитни картички. Први тоа го воведоа банките од Блискиот исток, на нив се надоврза битанската банка „Lloyds Banking Group“, која во неделата рече дека воведува забрана на своите клиенти да купуваат биткоини со своите кредитни картички, а на нив се надоврзаа и американските банкарски гиганти „JPMorgan Chase“ и „Citigroup“, кои исто така воведоа слични ограничувања.

Криптовалути

Специјална истрага се води против пирамидалната измама OneCoin

Објавено

на

OneCoin беше една првите криптовалути која стана хит на Балканот пред нешто повеќе од две години кога многу корисници, вклучувајќи и македонски граѓани решија да вложат пари со суми од 50 евра па нагоре. Сепак, долгите години на чекање за официјализирање на оваа дигитална валута ги крена алармите на истражните органи. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата руска банка ќе тргува со криптовалути надвор од Русија

Објавено

на

Најголемата руска Банка Sberbank планира да почне со тргување со криптовалути надвор од Русија бидејќи таму тоа не е дозволено. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange