Connect with us

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје добитник на наградата „Најдобра Банка за МСП во Македонија за 2017“

Објавено

на

Светскиот водечки магазин Global Banking & Finance Review на Халкбанк АД Скопје ѝ ја додели наградата за „Најдобра Банка за мали и средни претпријатија во Македонија за 2017 година“. 

Global Banking & Finance Review е водечки онлајн и печатен магазин што е основан како резултат на зголемената потреба за објективно информирање и обезбедување квалитетни, навремени и независни информативни вести во рамките на финансиската заедница. 

 

Искусните соработници на овој магазин го обезбедуваат овој квалитет и вршат детални анализи, снабдувајќи ги големите играчи и клучните фигури со најнови информации во рамките на финансискиот сектор.

 

Прогласувањето на Халкбанк АД Скопје за најдобра Банка за МСП во Македонија за 2017 година е уште една потврда за квалитетот на услугите што ги нуди Банката, и нејзиниот придонес во обезбедувањето соодветна поддршка за еден од најзначајните двигатели на економскиот развој на една земја, малите и средните претпријатија. 

 

 

Прогресивната и успешна маркетинг-стратегија што Банката ја спроведува низ годините придонесува за континуиран раст на кредитното портфолио на МСП и корпоративни кредити, при што во 2016 година износот на вкупно исплатени кредити на компании достигна 271,2 милиони евра со услужени вкупно 1.215 компании. Од оваа бројка, 48 се големи корпоративни клиенти со исплатени кредити во вкупен износ од 125,6 милиони евра, а останатите 1.167 се мали и средни претпријатија со исплатени кредити во вкупен износ од 145,6 милиони евра. 

 

Секојдневните активности на Банката, па и стратешките планови се водени од целта за поттикнување на помошта и поддршката на македонската економија, обезбедувајќи средства и ресурси за продуктивна Македонија. За тоа говорат и многубројните изградени односи со меѓународни финансиски институции преку кои Банката обезбедува развојни фондови за поддржување на националната економија. Благодарејќи на долгогодишната соработка со најголемите меѓународни финансиски институции, Халкбанк АД Скопје користи повеќе кредитни линии што имаат различна наменска и развојна цел. 

Во соработка со МБПР, Халкбанк обезбедува две кредитни линии за финансирање на потребите за основен и обртен капитал на малите и средните претпријатија регистрирани во РМ и приоритетни проекти, како што се: кредитната линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ) и KFW. Преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Халкбанк обезбедува поволни средства за правни лица со трговско-финансиски трансакции (увоз-извоз на трговска стока).

 

Од друга страна, пак, како резултат на долгогодишната соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), Халкбанк АД Скопје нуди соодветно структурирани производи за финансирање инвестициски проекти на малите и средните претпријатија, како и производи за домување, наменети за население.

 

 

 

 

Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина, Халкбанк во соработка со ГГФ фондот на македонскиот пазар обезбедува средства со поволни услови за финансирање на еко-проекти, односно проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Еко-кредитните производи се од огромно значење за зачувување на животната средина. Тие се користат за финансирање енергетско ефикасни проекти во македонските компании и македонските домаќинства со цел постигнување помала потрошувачка на енергија, како и за инвестиции во земјоделството.

 

Сите овие информации и бројки говорат за успешноста на Банката и ја потврдуваат визијата на Банката „да биде регионална водечка банка за МСП што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмира силно присуство во услугите во доменот за население“.

 

Паралелно со овие активности, Халкбанк континуирано вложува во насока на подобрување и олеснување на услугите за граѓаните. Инвестициите во изминативе години се состојат од инвестиции во бесконтактна технологија, инвестирање во комплетно ново електронско банкарство и мобилно банкарство за физички и правни лица, онлајн аплицирање, инвестиција во ЕРП-систем и многу други процеси, со цел поедноставување на секојдневните банкарски трансакции за клиентите, притоа обезбедувајќи високо ниво на безбедност.

 

Оваа награда ќе биде дополнителен поттик за Халкбанк АД Скопје да продолжи да работи како професионален партнер на корпоративните и малите и средните претпријатија во земјата и да продолжи да работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите. Ние, како Банка, секогаш сме достапни за нашите клиенти. Заедно со нашиот стручен и посветен тим, и силниот систем на управување во Банката, продолжуваме да ги прошируваме односите со МСП и корпоративните клиенти и заедно да развиваме нови можности.

 

 

 

Домашни банки

Адора го зголеми своето учество во Комерцијална Банка

Објавено

на

Комерцијална банка извести дека во изминатиот период преку берзански транскации правното лице Адора Инженерниг се стекна со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка.

Во моментов. заклучно со 20.07.2018 година, заедно со поврзаните акции од претходните купувања има учество од 10,1% во основната главнина на Комерцијална банка, пишува во соопштението на берза.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложбата „Играчки и роботи “ – дел од Скопско лето 2018 се отвора во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, на 20.7.2018 година со почеток од 20.30 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата „ИГРАЧКИ И РОБОТИ КАКО ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“. Идеен творец на постојката е академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ – Лепа од Србија, а изложените дела се од 94 автори од целиот свет.

Милошевиќ Сибиновиќ која гостува благодарение на соработката со ДЛУМ вели: „Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. 

Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството.

Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат „потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот.
Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

Продолжи со читање

Домашни банки

Најповолна провизија за НЛБ Интергрупациските плаќања за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Косово, Република Српска). Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) , додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 ЕУР.

 

Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.

 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на контакт телефон 02 / 15 – 600 или на следниот линк.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange