Connect with us

Форекс

Фунтата со најниска вредност во однос на еврото во последните осум години

Објавено

на

Британската фунта достигна најниска вредност во однос на еврото од 2009 година, откако единствената европска валута значително зајакна како резултат на добрите економски податоци во ЕУ, за разлика од економијата на Британија која се уште страда од неизвесноста за тоа што ќе донесе Брегзит.

На пазарот на девизи во Лондон, фунтата вчера се разменуваше за 1,08 евра, што е еднакво на нивото што беше регистрирано уште пред осум години, во октомври 2009 година, кога британската и европската валута, речиси, се изедначија.

 

Фунтата падна и во однос на американакиот долар кој се менуваше за 1,28 што е прв пат од почетокот на јуни годинава.

 

Финансиски експерти проценуваат дека ваквата ситуација со фунтата , која започна набргу по минатогодишиот референдум за ЕУ, ќе продолжи и понатаму и како сега стојат работите, многу е веројатно дека британската валута и еврото ке се изедначат, во однос 1:1.

 

Се смета дека падот на британската валута може да го запре само напредокот во преговорите за Брегзит, а посебно во делот за економијата и за идните трговски врски на Британија со ЕУ. 

Форекс

Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност поради зголемената загриженост дека преговорите меѓу САД и Кина нема да го олеснат трговскиот спор помеѓу најголемите светски економии. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

Објавено

на

Централен депозитар за хартии од вредност, преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за избор на претседател на Одборот на директори и независен – неизвршен член на Одборот на директори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange