Connect with us

Електронско банкарство

Формирана првата асоцијација која ќе се залага за равој на е-трговијата во Македонија

Објавено

на

Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Електронската трговија е од ислучителна важност и за намалување на сивата економија во Република Македонија. Во Република Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој. Потребата за асоцијација за е-трговија покрај Grouper ја препoзнаа и Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Адвокатската канцеларија Станковиќ и Јошевска, порталот Bankarstvo.mk, и Друштвото за копјутерски консултатски услуги ММ Дисоски  кои се и основачите на асоцијацијата. Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Д-р Нина Ангеловска

Ангеловска е ко-сопственик и директор на Grouper кој е директно заслужен за раздвижувањето на е-трговијата од 2011 година. Покрај бројните ангажмани како говорник, тренер и предавач, тековно таа е ангажирана и како консултант за e-бизнис и е-трговија во Македонски Телеком. Со нејзиното богато емпириско искуство во полето на е-трговијата, но и теоретско со нејзиното академско образование на полетото на е бизнисот заокружено со одбранетиот докторски труд на тема “Одговорите на менаџментот на предизвиците во е-трговијата во Македонија – Случај на сајт за групно купување преку дневни зделки Grouper.mk”,  Ангеловска е назначена како претседател кој ќе ја води асоцијацијата за е-трговија. Таа е прпознаена со бројни награди и признанија со кои се здоби почнувајќи од студенстските денови заокружена во моментот со изборот од Форбс на листата ”30 под 30” во Retail & eCommerce

Ангеловска ја истакнува значајноста за развојот на е-трговијата во земјава и посочува дека формирањето на оваа асоцијација е неопходност за сите засегнати страни во е-трговијата и државата со цел да се креира поволна клима за економски раст.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.” – вели Ангеловска.

Д-р Нина Ангеловска – Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија

Првиот проект на кој работи асоцијацијата е изготувавање на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија. Д-р Ангеловска посочува дека скенирањето на постоечката состојба на полето на е-трговијата ќе биде појдовна точка за предлози за понатамошни активности и проекти на асоцијацијата. Првата прес конфенреција на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата ќе се одржи на крајот на месец март.

“Не радува што има многу голем интерес и расположение за вклучување од навистина голем број на компании и институции. Ги охрабруваме сите учесници во е-трговијата, вклучувајќи ги финансиските институции, инфраструктурните провајдери, софтверските компании, сите компании кои нудат производи и услуги онлајн, организациите кои нудат формално и неформално образование, софтверските компании, макркетинг агенциите и останатите засегнати организации и компании да ни се придружат и да земат активно учество во асоцијацијата” – посочуваат од АЕТМ.

Лице за контакт: Виктор Стојкоски, секретар во АЕТМ viktor@ecommerce.mk

Електронско банкарство

Кина вели дека отфрлањето на физички пари е нелегално поради популарноста на е-плаќањата

Објавено

на

Кинеската централна банка во понеделникот предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физички пари и неправедно кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Објавено

на

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Искористените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите и e-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange