Connect with us

Осигурување

Финансиска стабилност, профитабилност и раст на премија на Групацијата Триглав

Објавено

на

Групацијата Триглав првата половина од оваа година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 42,4 милиони евра. Имајќи ги во предвид планираните прилики до крајот на годината, Триглав оценува дека годишната добивка пред оданочување ќе биде реализирана во рамките на планираното. 

Консолидираната бруто полисирана премија од осигурување на Групацијата Триглав изнесуваше 547,8 милиони евра, со што ја надмина минатогодишната за 8%. Бруто исплатените штети беа зголемени за 4% и изнесуваат 314,2 милиони евра, како последица на зголемениот протфељ на осигурувања, како и зголемениот обем на штетни настани. И покрај зголемениот број на штетни настани, комбинираниот коефициент во неживотно осигурување на групацијата Триглав останува поволен (95,5%) и е на ниво на просечната зацртана вредност во стратешкиот период. Триглав Осигурување Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првата половина од 2017-та година постигна раст во бруто полисирана премија од 2%, споредено со истиот период минатата година.

 

Профитабилност и финансиска стабилност

 

Групацијата Триглав првата половина од 2017-та година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 42,4 милиони евра (43,2 милиони евра минатата година) и со нето добивка од 36,1 милион евра (34,2 милиони евра минатата година). Групацијата е добро капитализирана, на што укажува коефициентот за адекватност на капиталот, кој што на крајот на 2016-та година изнесуваше 246%.

 

Раст на премија на сите пазари и во сите осигурителни сегменти

 

Консолидираната бруто полисирана осигурителна премија на Групацијата Триглав изнесуваше 547,8 милиони евра, што е за 41,2 милиони евра, т.е. 8% повеќе од истиот период минатата година. Во најголемиот сегмент, неживотни осигурувања, премијата се зголеми за 8%, во сегментот на осигурувања на живот за 6%, додека пак во сегментот на здравствени осигурувања за 14%. Работењето на Триглав беше успешно на сите пазари каде групацијата делува.

На словенечкиот пазар постигнат е просечен пораст на премија од 7%, а на останатите пазари од 12%. Најголем пораст на премија од 33% е остварен на српскиот пазар. Словенечкиот пазар е најголемиот за групацијата, но во согласност со стратешките насоки, групацијата полека го јакне уделот во осигурителна премија и на пазарите надвор од Словенија. Споредено со истиот период минатата година, тој удел се зголеми и изнесува 17,6%, што претставува раст од 0,6 процентни поени.

 

Штетни настани, поволен комбиниран коефициент

 

Бруто износите на штети на групацијата Триглав изнесуваа 314,2 милиони евра (раст од 4% во однос на првата половина од минатата година), што првенствено се должи на зголемувањето на осигурителниот портфељ и зачестеноста на штетни настани. Исто така, на овогодинешните резултати одредено влијание имаа и масовните штетни настани, чија вкупна вредност во првата половина од 2017-та година изнесува 13,1 милион евра. И покрај зголемениот обем на штетни настани, беше постигнат поволен комбиниран коефициент во висина од 95,5%, што е на ниво со просечната планирана вредност за стратешкиот период.

 

Приноси од финансиски вложувања

 

Во услови на неповолни прилики на пазарите на капитал и имајќи ја во предвид релативно конзервативната инвестициона политика на групацијата Триглав, во првото полугодие е реализирана вредност од 3.062,5 милиони евра. Приносите од финансиските вложувања поради тоа беа за 13% повисоки, споредено со минатата година, што е резултат на одредени еднократни настани  минатата и оваа година.

 

Заваровалница Триглав како акционерско друштво

 

Во првата половина од годината акцијата на Заваровалница Триглав (ЗВТГ) беше втора по ред најликвидна акција на Љубљанската берза. Растот на нејзиниот курс изнесуваше 8%. На полугодието Заваровалница Триглав имаше повеќе од 14.600 акционери, а последните години се забележува постепено јакнење на уделот на меѓународни вложувачи, кои денес доаѓаат од 37 држави. При влезот на Заваровалница Триглав на берза во 2008-ма година овие инвеститори имаа 4% од сите акции ЗВТГ, додека на средината на 2017-та тој удел веќе изнесува 18%.

Како резултат на опоравувањето на економиите во државите, постепено се подобрува и состојбата на осигурителните пазари во регионот, но работењето на Групацијата Триглав сеуште се одвива во отежнати услови и во силна ценовна конкуренција. Во својата стратегија до 2020 година, Групацијата Триглав ги одреди насоките на своето работење. Една од главните насоки веќе се спроведува, а тоа е трансформација на работењето со акцент на целосно управување со односите со клиенти. Групацијата продолжува со динамично прилагодување на своите активности и понуди, кон потребите и особеностите на поединечните пазари.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: »Задоволни сме од работењето на Групацијата Триглав во првата половина од оваа година. Земајќи ги во предвид проценетите прилики до крајот на годината, можеме да оцениме дека добивката пред оданочување оваа година ќе биде остварена во планираниот обем. Во 2017-та година влеговме со јасно дефинирана стратегија. Нашата визија одредува динамичен развој на нови начини на работење, кои што се темел на нашиот одговорен долгорочен развој, истовремено работејќи профитабилно и безбедно. Половина од годината е зад нас, и помина во знак на бројни активности, кои што се дефинирани во нашата стратегија. Продолжуваме со работа, и убеден сум дека енергијата и посветеноста на тимот на Групацијата Триглав, кој брои повеќе од 5.000 членови, се цврста гаранција дека во интерес на нашите акционери, соработници и други засегнати страни, ќе го постигнеме планираното

 

Групација Триглав на пазарот во Македонија

 

Во првата половина од 2017-та година Триглав Осигурување Скопје повторно оствари добри деловни резултати. Бруто полисираната премија на крајот на вториот квартал од 2017-та година изнесуваше 11,7 милиони евра, со што компанијата постигна раст од 2% во споредба со истиот период минатата година. Друштвото забележа раст во класата осигурување од автомобилска одговорност (раст од 5% споредено со истиот период минатата година), како и во  други класи на неживотни осигурувања, како што е осигурување на финансиски загуби. Особено важен за компанијата е резултатот постигнат во доменот на приватното здравствено осигурување, каде што Триглав Осигурување оствари 13% повисока бруто полисирана премија од истиот период минатата година.

Работењето на нашата компанија на крајот од вториот квартал на оваа година претставува резултат на синергијата помеѓу стратегијата, квалитетот кој што го нудиме и посветеноста на нашите вработени на целите и на самата компанија. Во фокус ни се клиентот и неговите потреби, а цел ни е да му понудиме најдобар квалитет, затоа што осигурувањето е дејност која што задира во најважните сегменти од животот и работењето. На клиентите им нудиме современи решенија, како што беше можноста за квалитетна и ефикасна поправка на автомобилите оштетени од град во јуни оваа година, со примена на иновативната ПДР технологија. Градиме однос на доверба со клиентите, кој подразбира наша доверливост и остварување на дадените ветувања, при тоа работејќи етички, одговорно и професионално. Пазарот препознава зошто сме најдобри, а тоа го покажуваат и истражувањата и нашите резултати”, во оваа прилика изјави Главниот извршен директор на компанијата, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

 

Осигурување

Британска осигурителна компанија исплатила 1 милион на белгиски фудбалер

Објавено

на

Еден месец пред Светското првенство, белгиски дистрибутер на електронска опрема Krefer ја објави следната акција: ако белгискиот резултат на фудбалскиот тим е повеќе од 15 гола на Светското првенство во 2018 година, компанијата ќе рефундира средства на клиентите кои купуваат голем ТВ (55 инчи или повеќе) во периодот од 26 април – 17 јуни.

Еден Азара постигна гол во 82 минута од натпреварот за третото место со Англија (2: 0).  беше 16 гол за Белгија на Светското првенство. Krefel го одржи зборот.

Рефундирањето ќе се спроведе со британската осигурителна компанија со која е потпишан договор. Осигурување одлучило вака: во поновата историја на повеќе од 15 гола на Светското првенство даде Германија само во Бразил 2014 година ( вкупно 18).

Меѓу корисниците на најновата генерација на телевизори (55 инчи) и има пријатели и роднини на белгиската репрезентација. Се проценува дека е платена вкупна сума од околу 1.000.000 евра.

Продолжи со читање

Осигурување

Важноста на автомобилското осигурување

Објавено

на

Плаќање по плаќање, година по година, може да ве остави да се прашувате што е целта на осигурувањето на автомобили. Ако никогаш не сте поднеле барање, дали сте нов возач, или сте во нова сопственост на автомобилот, тоа може да биде се повеќе фрустрирачки поради високата цена во комбинација со чувството да не добивате ништо за возврат. Верувале или не, автомобилното осигурување има своја цел и не е измама. Во Македонија, автоосигурувањето е задолжително при самата регистрација на возилото.

Основно е дека ќе ви овозможи финансиска заштита. Доколку доживеете сообраќајна несреќа, осигурувањето ќе ја покрие штетата. Во зависност од полицата (особено каско осигурување), некои ја покриваат штетата целосно дури и вие да сте виновник за истата. Ова не значи дека редовните сервиси ви ги покрива осигурувањето.

Дури и да има повредени во несаканиот настан, во зависност од полисата, може да добиете и отштета или покривање на медицинските трошоци. Може да се осигурате како возач на возилото, но можете да осигурате и патници по ваш избор (не повеќе од лимитот на возилото). Можеби ќе ве чини малце повеќе годишното осигурување, но безбедноста и сигурноста на своите наблиски е секогаш главен приоритет.

Доколку се одлучите за каско осигурување на автомобилот, вие сте осигурани од сите осигурливи ризици. Такви се: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки и обест на трети лица, оштетување на тапацир при давање помош на лица повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води. Со ова осигурување до одредено ограничување е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

 

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација осигурување вработува

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Живот, објавува оглас за следното работно место:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Доколку поседувате:

  • Изразени комуникациски и преговарачки вештини
  • Упорни сте и иницијативни
  • Претходно работно искуство во директна продажба

ВИЕ СТЕ ВИСТИНСКИОТ КАНДИДАТ !

Ние ги нудиме следните услови за работа:

  • Редовно вработување
  • Загарантирана фиксна плата во првите 6 месеци – По истекот на наведениот период, следи исплата НА ФИКСЕН И ВАРИЈАБИЛЕН дел на плата,во зависност од остварена продажба

Ние ви овозможуваме единствена прилика за развој на професионална кариера:

  • Одлични услови за работа во пријатна работна средина
  • Наградување на Вашиот допринос и можност за континуиран напредок и усовршување
  • Почитување и вреднување на поединците и нивните различности

ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА АПЛИЦИРАЈТЕ !

Вашата професионална биографија вклучувајќи и писмо за мотивација до 2.08.2018.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange