Connect with us

Депозити

ТТК Банка со нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки

Објавено

на

TTK Банка изврши промена во понудата на депозитни производи за физички лица, односно воведе депозитни производи со фиксни каматни стапки, а при тоа целосно ја исклучи примената на прилагодливите каматни стапки.

 Со важност од 1.8.2017 година сите депозитни производи од категориите: стандардно, скалесто и детско штедење во денари и девизи, Банката ги нуди со рок на орочување до 36 месеци и со атрактивни фиксни каматни стапки за целиот период на орочување. За понудена единствена каматна стапка за секоја рочност корисниците можат да изберат месечна исплата на камата или припис со исплата на камата на крајот на периодот на орочување. Производите вклучуваат услов за автоматско реорочување и утврдување на нова висина на фиксната каматната стапка во новиот период на орочување.

 

Новите депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки ја потврдуваат транспарентноста на понудата на ТТК Банка и овозможуваат поголема извесност за корисниците.

 

Услoвите и каматните стапки на депозитните производи се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка,  како и на огласните табли во експозитурите и филијалите на Банката.

 

Депозити

„Зимски депозит” на УНИБанка нуди фиксна камата од 3,30 % за физички лица

Објавено

на

Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мислење дека ерата на „нулта каматите” веќе е на својот крај.

Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија почнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана сѐ поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, кои ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто ги ловат желбите на корисниците.

Новиот „Зимски депозит” од „Уни банка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3,30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.

Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, кој може да се избира согласно желбата на клиентот: 36, 24 или 12 месеци. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5.000 евра/300.000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.

Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „Уни банка” заедно со уште неколку бонуси, од кои клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30.000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30.000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.

Продолжи со читање

Депозити

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка а.д. Битола подарува прочистувачи, но само за клиентите од Битола!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола придонесува кон грижата за здравјето на своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange