Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување Живот АД започна со работа

Објавено

на

На 1-ви декември, 2017 година започна со работа новата компанија за осигурување на живот, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. Оваа компанија е Дел од Групацијата Триглав, најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа. Триглав Осигурување Живот, влегува на македонскиот осигурителен пазар поткрепена со моќен бренд, како и со експертиза и квалитетни производи, својствени за Групацијата.

Триглав Осигурување Живот ќе ги нуди своите производи на пазарот со поддршка од широката продажна мрежа на Триглав Осигурување АД, Скопје, која што се одликува со големо искуство и локално познавање на состојбите на пазарот. Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е инвестиција, која што се должи на поволните услови и на потенцијалот на пазарот на осигурување на живот во Македонија, кој што во изминатите неколку години покажува двоцифрена стапка на раст на премија, надминувајќи го на тој начин растот во сите останати земји од регионот Адриа.

“Триглав Осигурување Живот настапува на македонскиот пазар на осигурување на живот со длабоко познавање на пазарните прилики, како и искуството и експертизата што ни се на располагање во Групацијата Триглав. Ќе понудиме висококвалитетни иновативни производи, развиваме дополнителни услуги, кои што ќе претставуваат додадена вредност на основните производи, во главниот фокус ни се потребите на клиентите, а секако ќе работиме во согласност со мисијата, стратегијата и веќе потврдените основни вредности на брендот Триглав” – изјави во оваа прилика Извршниот директор на компанијата, г. Александар Андоновски.

Според Главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, г. Ѓорѓе Војновиќ, Триглав Осигурување Живот, долгорочно гледано, е вистинска инвестиција, имајќи ги во предвид условите и потенцијалот на пазарот на осигурување на живот во Македонија. “Како лидери на пазарот и како дел од најголемата осигурителнo-финансискa групација во регионов должни сме да придонесеме кон развојот на осигурителниот пазар во Р. Македонија, да ги внесеме нашето искуство и знаење, како и нашите конкурентски предности, сѐ со цел, да им обезбедиме на клиентите квалитет каков што заслужуваат и да ги задоволиме подобро потребите на пазарот. Како и во останатите осигурителни сегменти и во доменот на осигурување на живот еден од основните предизвици на македонскиот пазар сеуште е перцепцијата на осигурувањето како трошок, наместо инвестиција во сопствената иднина, но тоа е момент којшто ние осигурителите мораме да го надминеме и да работиме на приближување на придобивките од осигурувањето до јавноста”, дополни г. Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот на пазарот ќе понуди осигурување на живот со штедење, мешовит производ, кој што на клиентите ќе им овозможи да обезбедат сигурна иднина за своите најблиски, а воедно ќе биде гаранција дека по истекот на осигурениот период акумулираниот износ на име заштеда ќе го добијат назад. Предноста на овој вид на осигурување е загарантираната сума, којашто клиентот ја добива при склучување на договорот и којашто е еднаква во обата случаи, настапување на смрт, или пак доживување на осигурениот период. Триглав Осигурување Живот нуди можност и за двојна осигурена сума во случај на смрт од болест, или пак од несреќен случај. Во случај кога осигуреникот ќе го доживее осигурениот период, тој се стекнува со право на исплата на загарантираната сума за доживување, зголемена за евентуалната остварена добивка од страна на осигурувачот.

Осигурувањето на живот со штедење на Триглав ќе понуди голем број на предности за своите клиенти, вклучувајќи финансиска заштита за семејството, т.е. за корисниците на осигурувањето, заштеда на платените премии, можност за заложување на полисата во функција на гаранција за одредена обврска, можност за подигнување аванс, еднаков на откупната вредност на полисата во моментот на барањето, исплата на осигурениот износ во целост, или пак на рати, како и финансиска помош на осигуреникот, во форма на исплата на дел од осигурениот износ, како аванс, при раѓање на дете, кога сопружниците имаат взаемно осигурување. Производот е флексибилен и овозможува плаќање на рати, или пак еднократна уплата на средствата, како и зголемување на осигурената сума во текот на траењето на осигурениот период. Производот е прилагоден на потребите на широка целна група, наменет е за лица на возраст од 14 до 65 години, може да има времетраење од 5 до 25 години, но најмногу до денот кога осигуреникот ќе наполни 75 години.

Осигурувањето на живот со штедење на Триглав ќе понуди голем број на предности за своите клиенти, вклучувајќи финансиска заштита за семејството, т.е. за корисниците на осигурувањето, заштеда на платените премии, можност за заложување на полисата во функција на гаранција за одредена обврска, можност за подигнување аванс, еднаков на откупната вредност на полисата во моментот на барањето, исплата на осигурениот износ во целост, или пак на рати, како и финансиска помош на осигуреникот, во форма на исплата на дел од осигурениот износ, како аванс, при раѓање на дете, кога сопружниците имаат взаемно осигурување. Производот е флексибилен и овозможува плаќање на рати, или пак еднократна уплата на средствата, како и зголемување на осигурената сума во текот на траењето на осигурениот период. Производот е прилагоден на потребите на широка целна група, наменет е за лица на возраст од 14 до 65 години, може да има времетраење од 5 до 25 години, но најмногу до денот кога осигуреникот ќе наполни 75 години.

Покрај осигурување на живот со штедење, Триглав Осигурување Живот ќе понуди и осигурување од незгода, како дополнување на основното осигурување, кое што ќе обезбеди покритие во случај на смрт од несреќен случај, траен инвалидитет, надомест за болнички ден, како и месечна рента во случаите на траен инвалидитет.

 

Повеќе

Осигурување

Триглав осигурување со раст на премија на сите пазари и во сите сегменти

Објавено

на

Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, во првата половина од 2018 година реализираше 35,6 милиони евра добивка пред оданочување. Во осигурителната дејност оствари раст на премија на сите свои пазари и во сите три сегменти на осигурување (неживот, живот и здравствено осигурување). Во доменот на управување со имот на клиентите, го зголеми обемот на средства со кои управува. На резулатот, кој во споредба со минатата година е понизок (индекс 84), влијание имаа масовните штетни настани, како и пониските приноси од финансиските вложувања во оваа година. Ваквата ситуација во работењето е земена во предвид при планирањето за 2018 година. Доколку се остварат предвидените бизнис можности до крајот на годината, тогаш Групацијата на полугодие го потврдува планираниот износ на годишната добивка. Во првата половина од годината Триглав доследно ги спроведе активностите за стратегија на раст и развој, кои, меѓу останатото, вклучуваат јакнење на положбата на Групацијата како водечки управувач со имот во регионот. Со тоа е поврзано и овогодинешното купување на мнозинскиот дел на Raiffeisen Пензиско осигурително друштвона хрватскиот осигурителен пазар. Триглав осигурање Загреб, кој е дел од Групацијата Триглав, во првото полугодие достигна 7% раст на бруто полисирана премија на осигурување (пресметано во евра) и го задржа 8-то место меѓу осигурувачите во Хрватска. Првото полугодие Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, го заврши со 12,3 милиони евра бруто полисирана премија, што обезбеди значаен пораст од 5% во споредба со минатата година.

Профитабилно работење.

Во првата половина од годината Групацијата Триглав реализираше 35,6 милиони евра добивка пред оданочување. Причина за пад на добивката во текот на годината (индекс 84) беа масовните штетни настани во 2018 година. Групацијата Триглав цени дека покрај околностите во коишто работи, до крајот на годината ќе биде реализирана планираната добивка на годишно ниво.

Раст на премија на сите пазари и сегменти.

Работењето на осигурителниот сектор беше добро и Групацијата обезбеди 575 милиони евра бруто консолидирана премија, односно 5% повеќе, споредено со истиот период минатата година. Раст на премија е реализиран на сите пазари на Групацијата, така што во Словенија во просек изнесуваше 4%, а вон Словенија 7%. Покрај тоа, се продолжува со јакнење на уделот во премија на Групацијата вон Словенија, така што на полугодието таа изнесува 18,1%, односно 0,4 процентни поени повеќе во споредба со минатата година. Гледано по поединечни сегменти на осигурување, Групацијата кај неживотни осигурувања оствари раст на премија од 6%, кај осигурувањата на живот растот изнесуваше 0,3%, додека пак кај здравствените осигурувања 8%.

Масовни штетни настани во второто тримесечје.

Штетните настани се природен дел од работењето на Групацијата, а во тоа се вклучуваат и масовните штетни настани, кои со различен интензитет и учество влијаат на работењето. Во второто тримесечје од оваа година тоа беа поплави, град, невремиња и пролетен мраз во Словенија и Македонија, кои на Групацијата и предизвикаа повеќе од 21 милион евра штети, што преставуваше 9% повеќе фактурирани бруто износи на штети кај неживотните осигурувања, споредено со минатата година. И покрај зголемувањето на штетниот коефициент, висината на комбинираниот коефициент беше поволна и изнесува 95,2%. Триглав става акцент на обезбедување на долгорочна безбедност за клиентите, што сепостигнува со висината на капиталот, адекватното формирање на технички резерви, добро утврдена заштита преку реосигурување и внимателно управување со сите ризици на кои е изложено работењето на матичното и останатите 37 друштва, кои се дел од Групацијата.

Пониски приноси од финансиски вложувања.

На крајот на јуни 2018 година, Групацијата располага со 3,1 милјарди евра финансиски инвестиции, чии приноси (не вклучувајќи ги приносите од осигурениците на живот кои го преземаат инвестицискиот ризик) во споредба со истиот период минатата година беа пониски за 30%, што беше и очекувано заради единствените минатогодишни настани. Групацијата и оваа година ги задржува главните насоки на досегашните инвестициски политики.

Во правец на стратегија на раст и развој.

Групацијата, во втората година од својот стратешки период 2017-2020, продолжува со доследно спроведување на своите стратешки насоки и се развива во современа, иновативна и динамична осигурително-финансиска групација, која црвсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко во регионот. Една од стратешките насоки е и зголемување на препознатливоста на брендот Триглав како водечки управувач соимот на постоечките пазари, па така оваа година на хрватскиот пазар на пензиско осигурување, Триглав купи мнозински удел во компанијата Raiffeisen Пензиско осигурително друштво.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, г.Андреј Слапар, изјави: „Работењето во првата половина од годината беше динамично; покрај добриот раст на премија, на работењето влијаеа масовните штетни настани, како и пониските приноси од вложувања. Од аспект на годишни и стратешки цели, задоволни сме од постигнатото. На сите наши пазари, во двете наши дејности, доследно продолживме со активностите за раст и развој. Во средиштето на нашите активности се нашите клиенти, нашето работење го прилагодуваме на нивните потреби, ги дигитализираме и поедноставуваме нашите процеси, развиваме комплетни осигурително-услужни производи и мултиканален пристап до клиентите. Убеден сум дека енергијата, знаењето и ангажманот на целата наша екипа од повеќе од 5 илјади вработени, се добра основа за успешно реализирање на она што сме го зацртале.“

Продолжи со читање

Осигурување

Со новите законски измени, дроновите ќе мораат да се осигуруваат

Објавено

на

Министерството за финансии изготвува нови законски измени со кои сопствениците на дронови ќе мора да ги осигураат беспилотните летала, за да се заштитат граѓаните доколку со нивното управување се предизвика некаква штета.

Имено, преку Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ќе се утврдуваат права за надомест на штети на сопствениците на багаж и ствари во воздушниот сообраќај, а притоа се уредува обврска за задолжително осигурување од одговорност за штета на воздухопловите без екипаж.

Ова е втора регулација во врска со дроновите, откако во декември 2017 беше донесена уредба која одредува кој, како и со која цел може да ги управува.

Летањето дрон од почетокот на годината стана професија, а секој поголем дрон со маса поголема од 500 грама и долет и висина над 15 метри се евидентира како безпилотен воздухоплов.

Слободно може да се лета само на спортски аеродроми. За сите останати летови, комерцијални и за сопствени, потребна е лиценца, која ќе ја издава Агенцијата за воздухопловство, но по претходна помината обука за пилоти во акредитиран центар и положен теоретски и практичен испит.

Продолжи со читање

Осигурување

МФ: Со законски измени поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Објавено

на

Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од 5 дена, сите измени кои ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна. Ова се дел од измените и дополнувањата кои Министерството за финансии ги направи во Законот за супервизија на осигурување, со цел заштита на правата на потрошувачите, како и подобра информираност и поголема транспарентност.

Во насока на обезбедување на целосно ликвидни средства за непречено сервисирање на обврските на друштвата за осигурување, предложено е дополнување на законот. Согласно предложената одредба, акционерскиот капитал на друштвото за осигурување мора да биде само во паричен облик и да биде уплатено во целост.

Од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, е предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар. Досегашниот електронски начин на полагање се покажа како неприменлив во пракса, поради што и подолг период не се одржал испит за актуари. Со измената на законот, повторно се отвора оваа можност за професионалците од осигурителната фела.

Измените и дополнувањата на законот се влезени во собраниска процедура.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange