Connect with us

Останато

Третиот национален MOS натпревар е официјално отворен

Објавено

на

Денес во просториите на Град Скопје се одржа прес-конференција на која официјално беше отворен третиот национален МОS натпревар.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016). Во првата фаза од натпреварот учениците од цела Македонија се натпреваруваат локално по што најдобрите 40 ученици влегуваат во големото финале од каде што се избрани најдобрите претставници. Победниците на Националниот MOS натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist 2017/2018, во Орландо, Флорида каде што ќе ја претставуваат Република Македонија натпреварувајќи се со претставниците на повеќе од 130 земји од светот.

Натпреварот се одржува трета година по ред во организација на Certiadria, со поддршка од Семос Едукација, Министерството за информатичко општество и администрација, Град Скопје и Општина Центар, како и други општини во Скопје и Република Македонија. Овој проект е отворен за сите организации и поединци кои сакаат да дадат свој придонес во унапредување на дигиталната писменост кај младите.

„Натпреварот ги тестира вештините на сите лица од 13 до 22 години во основните и најупотребуваните Microsoft алатки во светот – Word, Excel и Power Point кои воедно се и трета најбарана вештина од страна на работодавачите, веднаш по читање и пишување. Оваа година го ставаме фокусот на знаењето и истрајноста во подготовките за натпреварот бидејќи покрај меѓународно признатиот сертификат кој го добива секој ученик кој ќе положи еден од испитите, знаењето со кое се стекнува на патот до финалето ќе му помогне во понатамошниот кариерен и образовен развој што директно ќе влијае да нашето општество се движи во вистинска насока.“ – објасни во својата изјава за медиумите директорот на Certiadria, Марко Серафимовски.

Валентина Тасева, партнер во Certiadria и генерален менаџер на Семос Едукација ја објасни потребата од унапредување на дигиталната писменост на младите во Македонија: „Младите луѓе се родени како digital natives. Тие се секојдневни корисници на дигиталните технологии, комуницираат преку социјални мрежи, споделуваат фотографии, се дружат, учат, слушаат музика на интернет, играат на мобилен телефон, но тие престануват да учат дигитални вештини кои би им помогнале во идната кариера, како што се програмирање, или пак најсекојдневно креирање на проекти и презентации. Македонија станува една од земјите каде што приходот од странство во ИТ индустријата расте интензивно, а бројот на млади луѓе кои работат во оваа индустрија не го следи овој раст. Затоа апелирам до училиштата, професорите и родителите да ги охрабрат младите да се пријават на овој натпревар, а организациите и институциите да го поддржат, за заедно да им овозможиме на што е можно повеќе ученици да го проверат и сертифицираат своето знаење.“

На прес-конференцијата свое излагање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски кој ја истакна важноста од вложување во дигиталната писменост на младите во Република Македонија: „Навистина е добро да се види дека успешните компании и глобалните лидери во делот на ИТ индустријата предизвикуваат интерес кај нашите млади луѓе да се натпреваруваат, да ги покажат своите знаења и на национално и на меѓународно ниво и пред сè да се надоградат сами себе. Наша цел како влада, а се надеваме и на поддршката од индустријата во овој дел, е да го промовираме ИТК знаењето како еден од главните начини на кои младите луѓе можат да си обезбедат многу подостоинствен живот тука во Македонија. Има голем недостаток од ИТ кадар и во бизнисот и во администрацијата, а има големи можности за младите кои ќе се образуваат за ИТ индустријата. На сите учесници ќе им посакам голем успех на натпреварот, ја имаат нашата поддршка. Се надевам на победници на меѓународниот натпревар кои ќе се вратат тука да го имплементираат знаењето со коешто ќе се стекнат.“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го потврди продолжувањето на соработката на општината со организаторите на натпреварот: „Градот Скопје е официјален партнер на Certiadria во спроведувањето на еден многу важен проект, а тоа е националниот МОС натпревар за унапредување на дигиталната писменост кај младата популација. За таа цел во соработка со средните училишта набавуваме испити со што им овозможуваме на учениците бесплатно полагање и стекнување со светски признаени сертификати. На овој начин во изминатите 2 години Градот Скопје директно поддржа 750 ученици овозможувајќи им бесплатно полагање на овие МОС испити. За следната година е планирано купување на 400 МОС и 100 АСА испити во средните училишта, за што Градот Скопје од својот буџет за 2018 година ќе одвои 680.270 денари. Ова зборува за нашата посветеност и грижа за младите да се стекнат со знаење, а нашата крајна цел е тие да останат во Македонија и да дадат свој придонес за себе, за градот во кој живеат, и за целото општество.“

Останато

Златото ќе не спаси ако има нова криза

Објавено

на

САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.

Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.

Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.

Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.

Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.

Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Продолжи со читање

Останато

Претседателот на КХВ м-р Нора Алити учествуваше на состанокот на Советот за развој на пазар на капитал

Објавено

на

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  М-р Нора Алити на 16 јули, 2018 година учествуваше на работниот состанок на Советот за развој на пазар на капитал што се одржа во Министерството за финансии.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, можноста за воведување  на краудфандинг како начин за финансирање во Македонија  беше една од темите за кои се дискутираше  на Советот.

Како што беше истакнато , примената на краудфандинг, односно концептот на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Инаку, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти.

На Советот беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Во Советот за развој на пазарот на капитал, членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange