Connect with us

Останато

Топ три најтргувани акции на Македонската берза во јули

Објавено

на

Топ три најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонската берза во јули се акциите на Алкалоид, НЛБ Банка и Комерцијална банка, покажува Месечниот статистички билтен.

Акциите на фармацевтскиот гигант Алкалоид имаа 16,02% учество во вкупниот промет со реализирани 224 трансакции. Зад нив се акциите на НЛБ Банка со 156 транскации или 13,56-процентно учество во прометот на официјалниот пазар, додека зад нив се хартиите од вредност на Комерцијална банка со 212 реализирани трансакции или 10,29%.

 

Најголем пораст во текот на јули имаат акциите на: Триглав осигурување Скопје со 514,04%, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) со пораст од 160% и Арцелормиттал Скопје (ХРМ) со скок на вредност од 75%.

 

Акциите на Скопски пазар, Прилепска пиварница Прилеп и Цементарница Усје се топ три акции со најголем пад во текот на јули.

 

Пазарната капитализација во јули изнесуваше 134.751.850.419 денари или 9,76% повеќе во споредба со јуни. Пад од 4,13% е забележан кај прометот којшто во јуни се позиционираше на 400.810.148 денари.

 

Во текот на минатиот месец се реализирани 2.158 трансакции или 47,81% повеќе во споредба јуни. Индексот МБИ10 достигна 2.501,16 поени или пораст од 9,59%.

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

на

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

на

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Останато

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Објавено

на

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус одлучи да се појави на меѓународниот пазар на обврзници. На тој начин успеа да обезбеди капитал многу повисок од првичните барања.

Клубот, кој во 2001 година ги понуди акциите на Миланската берза, се задолжи со 175 милиони евра со издавање на петгодишна обврзница. Инвеститорите можат да сметаат на годишен принос од 3,5%. Управата на Јувентус претходно најави дека со издавање на обврзница планира да добие 150 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за отплата на постоечките долгови.

За потсетување, долгот на овој клуб кој во два наврати беше европски првак, успеа да достигне неверојатни 310 милиони евра. Презентацијата наменета за инвеститорите, содржи податок дека приходите на овој клуб пораснале за 161% во сезоната 2017/2018.

Кон растот на приходите огромен придонес има купувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за кого “старата дама” плати неверојатни 100 милиони евра. Зад издавањето на обврзницата на Јувентус стојат американската банка “Морган Стенли” и италијанската “УБИ банка”.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange