Connect with us

Колумни

Тим од соништата (Dream Team)

Објавено

на

Менаџерот е добар онолку колку што е добар неговиот тим, а тимот е добар онолку колку што менаџерот знае да го состави, организира и води тимот.

 

 

Тимската работа е суштинска за ефективно и ефикасно извршување на задачите во организацијата, а самата поставеност во структурата на бизнисот го дефинира начинот на кој тимот се создава, одржува и надградува, односно создава предуслови за формирање на толкав број на тимови кои се неопходни за извршување на задачите, процесите или проектите. Крутоста во хиерархијата, особено кај поголемите компании, се амортизира и надминува преку создавање тимови, секој со свој делокруг на работа, одговорност, но и заслуга во вкупниот резултат на бизнисот. Модерните форми на организација го засноваат работењето врз структура од мноштво тимови, од една страна независни, а од друга страна поврзани меѓу себе во една компактна целина, што обезбедуваат зголемена флексибилност, стручност, ефикасност и иновативност во реализацијата на плановите на деловниот ентитет. Што и како е потребно за создавање на ефективен, ефикасен, компактен и динамичен тим, а истовремено ќе овозможи развој на професионален и личен план на неговите членови, е она што го интересира раководителот на тимот, но и на менаџментот на компанијата, воопшто. Па, да почнеме.

 

Создавање. Идеално е доколку раководителот има можност и “одврзани раце” по свое лично убедување, потреби и концепт на работа да го состави тимот, односно прави селекција, регрутира и го организира тимот. Доколку станува збор за нов тим, одберете ги најдобрите работници од поединечните организациони единици, а доколку веќе Ви е даден тим за раководење, обидете се да направите оптимална структура, со јасни релации, односи и надлежности, а на секое соодветно место поставен соодветен кадар. Квалитетот на тимот зависи од лицето кое го составува во прво време, но за да се осигура континуитет и натамошен успех, неопходен е и добар “сенс” за избор на вистински луѓе и нивно распоредување на вистински места, со соодветна профилираност и умешности, а од се најважно е истите да имаат добри меѓучовечки односи. Затоа, одберете личности пред да одберете работници.

 

Личност, а не “човечки”ресурс. Поединецот е личност, со свој интелект, интегритет, чувства и особини, тој не е само ресурс (што искрено речено ми пречи изразот “човечки ресурси”), бидејќи по дефиниција ресурсите се инпут во работните процеси кои се трошат – личноста не се троши, таа се вложува во работата, надградува и регенерира. Раководителот, менаџерот или лидерот, пристапува кон секој поединец индивидуално, почитувајќи ги неговите уникатност, квалитети, чувства и аспирации, со што покажува голем респект кон членот на тимот и дава на знаење дека работникот е особено значаен и суштински неопходен за работата на тимот. Работата се учи, но карактерот се носи однадвор, затоа барајте комплетна личност, пред се неконфликтна, но динамична и креативна, што веќе гарантира половина од резултатот на тимот.

 

Еднаквост. Вистинскиот лидер на тимот не прави поделба на вработените на посимпатични и помалку сумпатични, поблиски и не толку блиски, подоверливи и помалку доверливи – тоа е одлика на лош раководител. Во тимот сите членови треба да имаат ист третман, близината на раководителот кон секој одделно да биде подеднаква, а да нема преферирање на некој пред останатите. Тоа води кон раздор, љубомора и гнев, што директно се рефлектира врз работната атмосфера, резултатите и одржливоста на тимот како таков. Лидери, обидете се да не правите полтрони и кодоши од вработените, а и да не го истакнувате дружењето на приватен план со некои од колегите пред останатите членови на тимот – во рамки на работното време сите се еднакви и таков треба да биде и третманот.

 

Транспарентност. Особено важно е раководителот на тимот да ги обелоденува информациите одеднаш пред сите членови, на заеднички состанок, со цел правовремено, без одлагање, информациите да допрат до секој. Праксата на почести, макар кратки состаноци, се покажува како ефикасна, но да се внимава да не се практикуваат постојано непотребни состаноци – тие се потрошок на време и енергија. Кога велиме дека треба се да биде транспарентно, се мисли на службениот дел од функционирање на тимот – тоа не значи дека и информација поврзана за поединечен член треба да се обелодени пред останатите, со што би се “поткопале” достоинството и интегритетот на поединецот.

 

Меѓузависност. Секој работи на свој, индивидуален начин, но сепак тимот зависи од спојувањето на индивидуалните напори во една целина. Тимот зависи од секој – “цело е кога има се”. Треба да се сфати дека конкуренцијата е добра помеѓу тимовите, но не и во рамки на тимот, внатрешната конкуренција ја “напаѓа” компактноста, предизвикува нетрпеливост и можна саботажа на напорот на останатите. Неуспехот на еден е неуспех на тимот, па останатите членови мораат да помогнат и да се надминат поединечните потфрлања, односно да се совлада неможностана поединечните членови за реализацијана очекуваните резултати и рокови.

 

 

Јасност. Не можете да очекувате адекватна реализација ако не ги поставите и претставите јасно и недвосмислено очекуваните цели, резултати и нивоа на квалитет кои треба да се постигнат низ работењето. Тимот функционира само во услови кога точно и прецизно се знае што треба да се направи, кои ќе бидат критериумите за споредба и мерење и кој е рокот за реализација. Раководителот не смее да дозволи да започне работата без претходно секој член да знае која е неговата улога и кои се капацитети треба да се ангажираат за да се постигне целта. Подобро е да се постават прашањата однапред (па нека се и “бесконечно” многу), отколку да се прекинува процесот со истите или погрешно се спроведува тековната работа.

 

 

Служба или дружба. Некако во мода е изреката “дружба е дружба, служба е служба”, односно упатува на јасна дистинкција помеѓу службениот дел од работата (во тек на работното време) и приватниот (за време пауза и после работа). Модерниот лидер на тим успева да го избалансира сето тоа и низ процесот на работа да допушти и приватност, што доста позитивно влијае врз работниот ентузијазам и кохезијата во тимот. Работниците не се машини без емоции, лични проблеми и потреби, па треба да се овозможи и повремена пауза низ работата за споделување приватни аспекти од животот. Тоа може да се постигне преку заеднички појадок, пиење кафе (каде може да се испланираат работните обврски, а истовремено и да се дружат членовите на тимот) и слични настани за да се одржи тимот сплотен. Преку идеална избалансираност на задачите и моментите за приватност може да се постигне многу повеќе отколку само работа “од 8 до 4”. А, кога членовите делат и лични аспекти или се дружат во тек на работата, професионалните резултати се значително подобри и полесно се реализираат.

 

Комуникација. Ефективната комуникација е суштинска за непречено функционирање на тимот, а основите на едноставната, непречена и слободна комуникација ги поставува раководителот. Секоја идеја е добредојдена, на секоја опција за надминување на проблем или ситуација и се придава подеднакво значење, а секој има право и обврска подеднакво да учествува во давањето решенија. Добриот лидер на тим бара предлози од тимот и ги разгледува со подеднаков интерес, тој ретко нуди решение или го наметнува својот став, но низ заеднички процес на разгледување се интегрираат повеќето идеи и мислења во едно, единствено решение. Во тимот членовите не велат “Смеам да прашам”, “Дали може да кажам”, “Можеби е глупаво ова што ќе го кажам” – наместо тоа во успешниот и модерен тим без никаков вовед или прашање се изнесуваат идеите, се формулираат предлозите и се “филтрираат” решенијата. Што повеќе групни дискусии, толку подобро.

 

Различност. Колку е поголема разноликоста на членовите во поглед на ставови, сфаќања, убедувања, профилот на образование, темпераментот и начинот на работа, толку е поголем успехот на тимот како целина.Раководителот преферира и цени разноликост, наместо луѓе кои наликуваат едни на други или се “копија”на лидерот, што води кон “аморфна” маса која нема свој идентитет.Но, ова претходното не значи дека секој член на тимот треба да си “тера” свој правец и политика или постојано да противречи на останатите, но да ја насочи својата диференцираност кон заедничката цел на тимот и во функција на заедничките задачи. Оттука, неопходно е навремено распознавање на индивидуалните аспирации, способности и квалитети, нивно насочување и сплотување во тим со уникатни вештини, резултати и долгорочна одржливост.

 

Успех. Модерната поставеност на единиците во организацијата се стреми кон припишување на успехот на целата единица, а не само на раководителот на тимот. Постојано се соочуваме со менаџери кои сметаат дека заслугата е само нивна, бидејќи тие планираат, организираат, делегираат и контролираат. Но, во модерниот тим работите се поинакви, сите заеднички планираат, меѓусебно се организираат, во консултација со лидерот ги делегираат задачите, а постои и највисок степен на самоконтрола. Затоа, успехот е резултат на заедничкиот напор и раководителот на тимот ја припишува заслугата на сите членови. Дополнително, како и со заслугата, така и со неуспехот, неуспехот е на целиот тим подеднакво, но лидерот е оној кој има доблест и пред врвниот менаџмент ја презема целата одговорност за неуспехот “на свој грб”. Сепак, разликата во плата помеѓу лидерот и членовите е првенствено поради одговорноста која лидерот на тимот ја понесува.

 

Интегритет. Особено важно за тимот е одржувањето на интегритет, кој произлегува од компетентноста, знаењата, однесувањето и репутацијата кои ги поседуваат членовите. Тимот со добар имиџ секогаш има влијание во организацијата, односно преку историјата на резултати и капацитети се овозмножува долготрајност и релевантност на истиот.Во тој смисол, неопходно е одржување на висок степен на професионалност, личен интегритет кој го формира тимскиот интегритет, но и највисок степен на доверливост и лојалност. Ако има “расипано јаболко”, истото под итно треба да се отстрани од тимот, за да не влијае негативно врз целокупната слика за тимот во рамки на организацијата, па и надвор од нејзе.

 

 

Автор: д-р Пане Илиев

Колумни

Кога плаќаме со картичка трошиме повеќе

Објавено

на

Платежните картички, како иновација, се одличен изум кој заменува носење на многу кеш во себе, што им го олеснува и поедноставува животот и плаќањето на луѓето. Но, како и секој друг изум кој не е и не може да биде совршен, така и платежните картички си имаат мани.

Кога плаќате со кеш, физички давате банкноти, па сте принудени да размислувате за сумата. Но, лесно е да ја поминете картичката кога сумата е само број и потоа морате до крајот на месецот да се справувате со трошењето.

Па како да го избегнете претераното трошење со кредитната картичка? Очигледно, носењето повеќе кеш е лесно решение, но плаќањето со кеш не е секогаш опција. Наместо да го менувате начинот на трошење, обидете се да го смените начинот на размислување.

Професорите по маркетинг, Промотеш Чатерџи и Рандал Роуз се запрашале да не е можеби затоа што плаќањето со кредитна картичка всушност го менува начинот на кој ги перципираме продуктите. Нивната хипотеза била дека кредитните картички ве тераат да се фокусирате на бенефитите од продуктот, додека кешот прави да се фокусирате на тоа колку чини. Една студија од 2011 година покажа дека тоа е точно.

Продолжи со читање

Колумни

10 кредитни заповеди

Објавено

на

Ако имате намера во иднина да купувате куќа, стан, автомобил или нешто слично, мода да преземете одредени мерки за да бидете подготвени кога ќе дојде време за тоа. Еве ги десетте кредитни заповеди на кои упатува сајтот Каматица.

1. Плаќајте ги сметките на време
Не е случајно што токму ова е првата заповед. Еден од најголемите фактори кои влијаат на вашиот кедитен ранг е токму вашето кредитно минато. Задоцнетите отплати можат да направат голем проблем. За да се потрудите вашиот кредитен ранг да биде по ваша желба, плаќајте ги сметките на
време. Олеснете си го тоа со автоматско паќање на сметките.

2.Чувајте ги личните податоци
Преземете мерки за да си го заштитите идентитетот. Бидете скржави со вашите лични податоци за да не станете жртва на измама. Не можете целосно да спречите кражба на идентитетот, но можете да преземете одредени чекори за да ја намалите таа веројатност. Тоа значи дека треба да ги следите својата кредитна картичка и сметките во банка многу внимателно.

3. Бидете информирани
Знајте каде сте. Погрижете се да бидете упатени во својот кредитен ранг за да не бидете непријатно изненадени кога ќе сакате да купите куќа, да изнајмите стан или да купите автомобил. Исто така, би требало да ги имате копиите на вашиот кредитен извештај. Ако најдете грешки, оспорете ги.

4. Бидете проактивни
Не чекајте оние на кои им должите да почнат да го наплатуваат долгот. Ако не можете да ги издвоите ниту минималните рати за отплата на кредитот, повикајте ги своите кредитори или кредитен советник. Нека дознаат дека имате проблем, но дека сте сериозни во врска со плаќањето на хипотеката, заемот и слично. Исто така. можете да направите план на отплата кој ќе се вклопи во вашата моментална состојба и да избегнете дополнителна наплата или извршители.

5. Откажување на старите кредитни картички
Вашиот кредитен ранг е делумно заснован на вашето кредитно минато. Затоа, пред да ги откажете старите кредитни картички, размислете што ќе му направи тоа на вашиот кредитен ранг. Тоа не значи дека никогаш не би требало да откажете кредитна картичка, но би требало да бидете свесни за
влијанието што тоа би го имало.

6. Купувајте внимателно на кредит
Можеби не сакате премногу големи промени одеднаш. Кога сакате да купувате по најповолна цена кога позајмувате, ќе треба да бидете свесни дека премногу побарувања од вашиот кредит може да го оштетат вашиот кредитен ранг. Потрудете се да разберете како функционира тоа, пред да се
впуштите во кредитна лумперајка.

7. Користете ги кредитните картички одговорно
Пластиката може да биде примамлива за купување повеќе работи отколку што можете да си дозволите. Но, обидете се да размислувате за купување со кредитна картичка на ист начин како што размислувате за купувањето со готовина. Не би требало да потрошите повеќе од тоа што имате. Ваша цел нека биде избалансираност на кредитот во целина секој месец.

8. Плаќајте повеќе од минимумот
Вашиот кредитен извештај ќе ви покаже колку должите вкупно на картичката, а колку тој месец. Но, немојте да бидете водени од месечниот долг и да го плаќате само минимумот, зашто ќе платите повисока камата. Избегнувајте ги минималните отплати, освен ако навистина немате кеш или ако го користите таканаречениот метод на лавина за исплата на долгот, а тоа е минимални отплати на сите картички, освен на онаа која се обидувате да ја отплатите во тој момент.

9. Контролирајте ги финансиите
Преземете мерки за да ги следите своите трошоци, да направите буџет и да живеете во склад со своите можности. Имајте финансиска цел, како на кратки, така и на долги патеки, на чие остварување ќе работите.

10. Проверувајте го нивото на задолженост
Сакате да бидете сигурни да не ја минувате крајната висина на кредитот, а најдобро е да не користите повеќе од 30 отсто од дозволениот кредит. Ако секогаш сте на граница да го преминете кредитниот лимит, вашиот кредитен рејтинг ќе биде оштетен и ќе влезете во групата на високо ризични. Исто така, имајте го на ум соодносот на долгот и приходите. Не сакате да претерате. Како додаток на стресот поради парите кои може да ги снема, можат да ви одбијат нови позајмици или пониска камата.

Продолжи со читање

Колумни

6 причини поради кои треба да ја смените банката?

Објавено

на

Постојат работи кои можеме и работи кои не можаме да ги толерираме. Некои од нив говорат дека можеби дошло време да се смени банката Ова се неколку причини за да го направите тоа.

  1. Надокнади, такси
    Банките им наплатуваат на клиентите надокнади за одредени производи и услуги кои ги користат и не ги користат. Некои можеби и не сте ги забележале. Ако имате високи или неочекувани трошоци, на пример, на сметките за одржување, високи трансакциски провизии, високи камати, можеби е време да размислите за промена. Овие трошоци можат бргу да се соберат и да се прикажат на вашата сметка. Можеби ќе можете да ги елиминирате ако разговарате со својот банкарски службеник, но одете вооружени со знаење каде можете да добиете подобра понуда.
  2. Достапност
    Банкарските услуги треба да бидат според вашите потреби. Всушност, тоа се ваши пари, така што би требало да можете да ги користите кога и како што сакате. Во секој момент треба да имате пристап до своите пари. Тоа е една од најважмните работи при изборот на банка. .

Ако сакате готовина за вас е важно да бидете сигурни дека можете да ги подигнете своите пари во секој момент. Распоредот на банкомати и на експозитури на банките е од пресудно значење при нејзиниот избор.

Ако сакате да го следите секој свој налог каде и да сте, за тоа ви е потребна функција како мобилно банкарство и онлајн трансакции. Банката која ја бирате мора да ги има тие можности, а притоа да не ги наплатува дополнително.

  1. Кориснички сервис
    Некои банки изгледа не го ставаат на прво место односот со клиентите. Ако се чувствувате невидливо на шалтерите, референтите за кредити или претставниците на корисничкиот сервис не го сослушале адекватно вашиот проблем, можеби е време да се разгледува промена на банката и барање на онаа која ќе ви понуди попријатно банкарско искуство. Исто така, проверете дали СОС линијата или онлајн сервисот ви се на располагање 24/7.
  2. Не го следи движењето на каматите
    Сакате можност да заработите фер каматна стапка на своите штедни сметки. Немојте да ја пропуштите приликата парите кои веќе ги имате за вас да заработат дополнителни пари. Ако вашата банка не дава пристојни камати на заштедите, тоа е можеби уште една причина да размислите за промена.
  3. Сигурност
    Ако агенцијата за осигурување на депозитите не ја осигурува вашата банка, сметајте го тоа за црвено светло. Оваа организација е одговорна за осигурување на парите кои се во банките, вклучувајќи ги и заштедите. Важно е да се уверите дека вашите пари се на сигурно.
  4. Промени во начинот на живот
    Ако неодамна сте имале промена на вашата одговорност на работа, на работното место, на брачната состојба или финасиската, на здравјето, можеби ќе морате да разгледате нови банкарски можности. Кога вашите банкарски потреби се менуваат, тоа е добро време повторно да процените дали вашата банка и понатаму ги задоцволува тие потреби. .

На пример, ако вашата банка нема најдобри каматни стапки на хипотекарните кредити, а вие оваа година планирате да купите стан, можеби ќе сакате да ја разгледате можноста за преминување во банка која дава подобра понуда.

Ако се одлучите да направите промена, важно е да споредите повеќе банки и да ја пронајдете најдобрата понуда која не подразбира високи трошоци и ги има на располагање опциите кои вам во моментот ви се потребни.

При преминувањето во друга банка задолжително затворете ги сите сметки и намирете ги сите обврски кон претходната банка.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange