Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка Битола оствари бруто-добивка од 32,15 милиони денари во првата половина од 2017 година

Објавено

на

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот 1.1 – 30.6.2017 година беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни целидефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

1. Финансиски перформанси на Банката

Во периодот 1.1. – 30.6.2017 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 32,15 милиони денари што е значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат. Тековното остварување е резултат на напорите за наплата на отпишаните побарувања евидентирани вонбилансно, издвоените помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства, како и повисоките приходи од тековно работење.

Нето-приходите од камати се повисоки за 1,76% во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати е остварен годишен раст од 7,57%. Овој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинство, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. И покрај повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки паралелно со пазарните движења, расходите за камати бележат годишен раст од 20,57%, што генерално се должи на зголемена депозитна база како резултат на довербата на клиентите во Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 5,29% во однос на остварените во периодот 1.1 – 30.6.2016 година. Одразувајќи го зголемениот обем на кредитни работи, работи во платниот промет, работи со платежни картички и останати активности за чија реализација е определен надоместок, приходите од провизии се повисоки за 12,23% на годишна основа, додека расходите за провизии бележат раст од 30,11%. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card, чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,82 милиони денари споредено со минатогодишното остварување.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 27,21% на годишна основа, што главно се должи на вонредни приходи од продажба на нетековни средства наменети за продажба и наплатени отпишани побарувања од вонбилансна евиденција.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е пониска во однос на претходната година за 48,73%, што упатува на подобрен квалитет на кредитното портфолио.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е во позитивна зона, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените се пониски за 4,81% во однос на периодот 1.1 – 30.6.2016 година. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 5,63%, што главно е резултат на повисоки трошоци за одржување и унапредување на системите за работа и опремата. Амортизацијата е зголемена за 3,62% на годишна основа.

 

2. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот од 1.1. до 30.6.2017 година нема промени во сметководствените политики и методи за евидентирање и вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните ревидирани финансиски извештаи за 2016 година.

 

3. Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2016 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 17.5.2017 година, добивката на Банката е распоредена во законски резерви. Исплата на дивиденда не беше предвидена.

 

4. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Намалување од 1,77% на недвижностите и опремата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2016 година како резултат на пресметана амортизација.

 

5. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити се пониски за 8,07% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2016 година, што се должи на подмирување на дел од обврските по кредити кон МБПР.

 

6. Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во периодот 1.1 – 30.6.2017 година, Стопанска банка а.д. Битола успеа да постигне висок процент на исполнување на планот за анализираниот период. Така, планот на вкупната билансна сума беше остварен со 100,59%. Во однос на изворите на средства, планот на вкупни депозити беше остварен со 102,78%, додека остварувањето на планот кај обврски по кредити изнесуваше 91,60%. На страната на активата, бруто-кредитите на нефинансиски субјекти беа остварени со 100,21%. Во делот на хартии од вредност чувани до достасување, остварувањето е поголемо од планот за 18,99% како резултат на насочување на дел од паричните средства во безризични каматоносни позиции.

Што се однесува на Билансот на успех, планираните нето-приходи од камати беа остварени со 96,72%, додека остварувањето на планот кај нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваше 92,50%. Општите административни трошоци и амортизацијата беа остварени со 91,43%. Следствено на остварувањата кај клучните плански позиции, како и пониската загуба за оштетување на финансиските и нефинансиските средства, добивката за периодот 1.1 – 30.6.2017 година е значително поголема од планираната.

Очекувањата за периодот што следува се во насока на постепено стабилизирање на макроекономско опкружување и благо забрзување на домашниот економски раст. Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество во проектот Практиканство 3.5 во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Објавено

на

Во соработка со Агенцијата за вработување, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје” учествува во проектот Практикантство 3.5, со што се овозможува стекнување практично знаење и вештини на млади лица во времетраење од 6 месеци. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange