Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола донираше новогодишни пакетчиња за најмалите од Битола

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните празници, членовите на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола , г-ѓа Гордана Балтовска и г-ѓа Наташа Несторовска, повторно, и оваа година подарија новогодишни пакетчиња на најмалите во О.У Ѓорги Сугарев и во Здружението за развој на ромската заедница –Сумнал, а покрај пакетчињата, во Домот за доенчиња во Битола беа донирани и бебешки производи. 

Во О.У Ѓорги Сугарев, покрај учениците во редовна настава се школуваат и ученици со пречки во интелектуалниот развој, во посебни паралелки. Здружението Сумнал им помага на децата со слаб слух и со мала свесност за важноста на образованието преку различни образовни и општествени активности. Во Домот за доенчиња во Битола се згрижени повеќе од 60 деца од најмала возраст, до 3 години. 

Целта на оваа донација на Стопанска банка а.д. Битола е во пресретот на новогодишните празници да сподели радосни моменти и ги развесели празничните денови на дечињата. 

На овие, и на сите други деца во Р. Македонија, Стопанска банка а.д. Битола им посакува среќни празници и  безгрижни и весели дни.

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 01.07.2018 година воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица-резиденти и нерезиденти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти, наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТОПСИ Журка по трет пат во Скопје

Објавено

на

Овој четврток, 28.06 се собираме повторно пред i-bank store на Кеј 13ти ноември и ќе се предадеме на доброто расположение обезбедено од:

  • DJ Martin
  • JUNE (ЏУН)
  • DJ Zoki Bejbe.

Бидете ТОПСИ и дојдете на ТОПСИ журка со вашите пријатели, подигнете си ваучери за пијалак од i-bank store и не пропуштајте да учествувате и во вредната лотарија:

  • 3 х i-pad 5
  • 3 x BEATS Pill звучници и
  • 3 х BEATS слушалки

Журката започнува во 20 и 30 часот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange