Connect with us

Домашни банки

Милијардерски профит – Стопанска банка АД Скопје одбележа уште една одлична деловна година

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје оствари уште една успешна година во услови на големи предизвици на домашен и меѓународен план, политички нестабилен амбиент, значајна конкуренција и услови на историски најниски каматни стапки.

Деловната политика на Банката, воспоставениот систем на следење и управување со ризиците, високата доверба на клиентите рефлектирана преку високата ликвидност и стабилност на Банката овозможија добивката пред оданочување да изнесува МКД 2,283,732 илјади, што е пониска за 8.8% споредено со истиот период од минатата година, но сепак претставува резултат на високо завидно ниво. Останатите показатели од работењето ги остварија следните поместувања:

  • Приходите од камати изнесуваат МКД 4,430,735 илјади и истите се пониски за 2.1% во однос на 2016 година;
  • Расходите за камати изнесуваат МКД 753,373 илјади и се пониски за МКД 136,146 илјади;
  • Приходите од провизии и надомести изнесуваат МКД 1,076,297 илјади и забележаа пораст од 2.25%, додека расходите за провизии и надомести остварија намалување од 6.4%;
  • Нето приходите од курсни разлики изнесуваат МКД 107,673 илјади и се пониски од предходната година за 6.3% како резултат на намалените маргини кај курсните разлики;
  • Останатите приходи од дејноста изнесуваат МКД 529,022 илјади и забележаа пораст за МКД 190,368 илјади, додека останатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети.

Во текот на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 932,144 илјади, што е повеќе за МКД 441,170 илјади во однос на истиот период од минатата година.
Загубата поради оштетување на нефинански средства изнесува МКД 110,306 илјади.

Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 801,066 илјади.

Заработката по акција за 2017 година изнесува МКД 117.07 и е пониска за 8.7% во однос на 2016 година.

Стопанска Банка АД Скопје и во текот на 2017 година продолжи со своите активности како општествено одговорна компанија и воспостави традиција во организирање на настаните кои станаа нејзин заштитен знак најмногу поради тоа што се многу добро прифатени од пошироката јавност. Така, и во текот на оваа година се организираа настаните: “Вози здраво вози право”– по трет пат, со цел да се истакнат предностите од употребата на велосипедите како еден фактор во здравите навики и секојдневното живеење, настанот “Мудрости- Радости” посветен на почетокот на учебната година со цел да се акцентира важноста на образовниот процес, како и настанот “ Сонуваме-менуваме” посветен на децата со попреченост во развојот и нивната инклузија во сите сфери на општественото живеење.

Стопанска Банка АД Скопје продолжува со својата мисија – Банка со најдолга традиција, но истовремено и модерна, современа банка, посветена на иновациите со цел да им овозможи на своите клиенти производи и услуги компатибилни со оние кои се присутни на меѓународно ниво.

Домашни банки

Клуб на таленти на Охридска Банка

Објавено

на

Клубот на таленти на ОБСГ произлегува од годишната програма за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал. Станува збор за платформа што е наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Како концепт, Клубот на таленти на ОБСГ ќе функционира врз база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Ќе можат да се пријавуваат сите заинтересирани што ќе ги исполнуваат условите, а Банката, како основач на Клубот, заедно со однапред дефинирано стручно жири, во секоја област ќе избира финалисти и победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Водејќи се од основните принципи на работењето ‒ тимски дух, иновација, посветеност и одговорност ‒ како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал на годишно ниво издвојува значаен износ финансиски средства што ги насочува во различни области, како култура, спорт, образование итн., секогаш изнаоѓајќи таленти и потенцијали на коишто им е потребна поддршка за развој на нивниот талент, доедукација и усовршување во нивната насока, а сè со цел да помогне во развојот на сите млади што покажуваат потенцијал во одредена насока.

Ако имаш жичка за музика, умееш да свириш, знаеш да фатиш ритам, те сака сцената, те препознаваат, освојуваш награди… не двоуми се! Пријави се на Конкурсот на Охридска банка Сосиете Женерал за млади инструменталисти и стани првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и првиот стипендист на Банката.

Право на учество имаат млади инструменталисти на возраст од 14 до18 години, односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година. Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот:

  • Клавир
  • Хармоника
  • Виолина
  • Виолончело
  • Виола
  • Гитара
  • Контрабас
  • Хорна
  • Харфа
  • Обоа
  • Кларинет
  • Флејта
  • Труба
  • Фагот
  • Саксофон
  • Тромбон

Аплицирањето се врши електронски, директно на веб-страницата www.obsgklubnatalenti.mk, во делот „Аплицирање“, преку пополнување на формуларот за аплицирање.

Стипендијата, определена за овој јавен конкурс, е во вкупен износ од 2400 евра, пресметани во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот на исплатата на средствата. Овој фонд е определен и ќе се исплаќа на месечно ниво, во текот на една година.

По завршувањето на Конкурсот, Банката заедно со стручното жири составено од: универзитетски професор – пијанист, универзитетски професор – дувач, стручен член – виолинист, ќе направи избор на 7 – 12 финалисти и ќе ги објави на веб-страницата, најдоцна до 10 Октомври 2018 година. По објавувањето на финалистите, тие ќе треба да испратат информација за тоа која композиција или пиеса ќе ја изведуваат на финалната вечер, а таа треба да биде со времетраење од 5 до 15 минути. На 24 октомври 2018 година, во 19.00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на кој избраните финалисти ќе настапат пред стручното жири. По завршувањето на финалната вечер, жири-комисијата ќе го избере победникот на првиот конкурс „Имаш ли жичка за музика?“, првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и истовремено првиот стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал.

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ ќе добие нов сопственик до крајот на годината

Објавено

на

Словенечката влада повторно се одлучи за приватизација на Нова Љубљанска банка (НЛБ) и му наложи на Словенечкиот државен холдинг (SDH) да се подготви за ре-продажба на НЛБ.

Министерот за финансии, Матеја Враничар Ерман, по седницата на Владата, рече дека Европската комисија ќе испрати изменети обврски кои се веќе усогласени со Комисијата. Враничар Ерман изјави дека не сака да шпекулир мална ефикасност и да преговараат за добра цена.

Продажбата на НЛБ од Љубљана не е новина, но словенечката Влада успеа во неколку наврати во последните две години процесот да го развлече и покрај притисокот од Европската комисија. НЛБ е државна банка и во екот на финансиската криза имаше значајни проблеми. Сега се планира продажба по пат на јавна понуда и тоа во брза постапка. Односно треба да се продадат 50% од акциите плус една акција до крајот на годината, а останатиот дел до 50% минус една акција до крајот на 2020 година.

Инаку, НЛБ банка од Скопје е една од најуспешните подружници на Љубљанската централа. Во 2017 година нето добивката е 2,12 милијарди денари или 34,38 милиони евра и таа е резултат на зголеменото пазарно учество.

Продолжи со читање

Домашни банки

Еуростандард банка го поддржа Фестивалот „Охридско лето“.

Објавено

на

Под мотото „Создавај уметност„ Еуростандард банка и оваа година го поддржа  58-то издание на Фестивалот „Охридско лето“.

До 20 август градот Охрид ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи Фестивалот.

Повеќе од 800 уметници од 27 земји од целиот свет ќе музицираат, глумат, творат на неколкуте фестивалски сцени, ќе настапат звучни имиња од светот на музиката,
но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Во текот на претстојните фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста.

Бидете и вие дел од овој настан!

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange