Connect with us

Домашни банки

Стопанска Банка АД Битола по трет пат добитник на наградите за најдобра банка за работа со физички и правни лица за 2017 година

Објавено

на

,,Global Banking&Finance’’ секоја година доделува престижни награди на банките кои се истакнуваат со својата експертиза во финансискиот свет. Наградите се одраз на иновациите кои банките ги вклучуваат во своето работење, креираните стратегии како и на прогресивноста на промените во работењето на банката како целина.

 

За престижноста на наградите кои се добиваат говорат фактите поврзани со овој магазин. Тој е еден од светските водечки извори за информации во финансискиот и банкарскиот свет. Трендовите кои се развиваат во светски рамки се под постојан мониторинг од искусните новинари на магазинот, истражувачките тимови и уредниците кои во постојан чекор со промените кои се случуваат во рамките на глобалните финансии носат одлука наградите да ги доделат на банките кои исклучително се истакнуваат со своето работење во одредена област.

Да се биде дел од листата на ,,избраните’’ на ,,Global Banking& Finance’’ претставува вистинска привилегија. Овие награди се само уште едно признание и потврда на напорната работа на Стопанска Банка АД Битола и нејзината посветеност кон постојано усовршување.

Овој водечки интернет и печатен медиум е препознатлив по своето избалансирано размислување и оценување и постојаните обиди за јасно и прецизно изнесени независни вести во рамките на глобалната финансиска заедница.

Наградените резултати и успехот на Стопанска Банка АД Битола добиваат светска потврда бидејќи ,,Global Banking &Finance’’ е магазин кој се чита во повеќе од 200 држави и секојдневно до милиони читатели стигнуваат неговите вести кои се објавуваат и преку други светски познати портали.

Наградите за најдобра retail банка и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година се дел од низата на признанија на банката која неуморно и посветено работи на тоа да биде препознаена и призната како стабилна банкарска институција чија успешна приказна ќе биде уште долго раскажувана и наградувана.

Домашни банки

АНКЕТА: Избор на БАНКА НА ГОДИНАТА – 2018 година

Објавено

на

Крајот на годината е вистинско време да се сумираат резултатите и да се анализира постигнатиот успех во работењето за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Синдикатот на Шпаркасе Банка и Државниот студентски дом организираа акција за садење на 100 садници

Објавено

на

Во текот на денешниот ден, Синдикалната организација при Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Државниот студентски дом – Скопје организираше акција за садење на повеќе од 100 садници во рамките на студентските домови “Гоце Делчев” и “Стефан Наумов – Стив”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ – настан на Комерцијална банка

Објавено

на

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange