Connect with us

Business Woman

Стефаниа Златку: Your Secret CRUSH е македонски бренд за козметика кој ги освојува срцата на девојките

Објавено

на

Стефаниа Златку е младата и амбициозна дама која стои зад Your Secret CRUSH – македонскиот бренд за природна козметика на база на кафе и природни масла кој буквално ги освојува срцата на девојките.

На свои 23 години ја започнува приказната за CRUSH, за по една година CRUSH да стане добро претпознатлив бренд за козметика во Македонија, кој ја подигнува информираноста за природна козметика на едно повисоко ниво.

Внимавано на секој детал, од квалитетот и бенефитите на природните состојки во производите, до амбалажата, дизајнот, името – инспиративна стартап приказна, за која поразговаравме со Стефаниа.

Банкарство: Кажи ни нешто повеќе околу почетоците…како дојде до идејата, дизајнот, концептот, името ”CRUSH”?

Стефаниа Златку: “Your Secret CRUSH” буквално ми беше цело време пред очи, само што немаше име и беше маската која ја подготвував за сопствените потреби. Но, имагинацијата и потребата да креирам нешто преку кое можам да се изразам себеси онака како што јас се доживувам, беа клучни за реализација на проектот. Што се однесува до дизајнот, заслужни се дигиталната агенција ПОГОН – тим од млади, успешни и перспективни дизајнери, кои дефинитивно преку дизајнот успеаа да доловат се што имав замислено.

Морам да признаам дека смислувањето на името беше еден од најголемите предизвици, имаше многу идеи, и името CRUSH не беше во игра се до последниот момент, кога случајно на радио во кола одеше песна која буквално ми прати знак од универзумот – и тоа е тоа, CRUSH. Совршено објаснување за валканиот љубовник кој прави девојките да се чувствуваат сакано, прекрасно, негувано. Кратко, јасно, звучно, едноставно, баш како што си го замислував 🙂

Банкарство: Што сметаш дека е неопходно за да си успешен претприемач? Креативност, многу работа, дружење со вистинските луѓе, секојдневно истражување, иновации, храброст или од се по нешто…

Стефаниа Златку: Упорноста, дисциплината и храброста на прво место. Но, не се помалку важни ни останатите горенаведени, иако сметам дека кога силно посакуваш нешто, ако си упорен, за тебе не постои “не можам” и „не знам„ – едноставно се можеш да научиш, важно е да не стоиш во место. А што се однесува до кретивноста, секој од нас во себе крие огромна креативност, но за жал, со текот на годините, како реалноста се повеќе пробива во нашите животи, така ја губиме и креативноста. Па, значајно е да се пронајдеме себеси, да најдеме нешто што ја буди креативноста во нас..

Банкарство: Кои се твоите совети до сите оние креативни млади луѓе што денес се прашуваат дали и како да ја реализираат својата идеја која секојдневно им се врти низ глава?

Стефаниа Златку: На прашањето дали да ја реализираат идејата само ќе кажам дека секогаш треба да веруваат во себе, дури и во моментите кога имаат чувство дека никој друг не верува во нив или во нивната идеја. Нека ги споделуваат идеите, идејата не може да биде украдена, бидејќи никој не може да ја реализира онака како што вие самите сте замислиле. Секојдневно учење, информирање, информацијата денес ни е бесплатна и е насекаде околу нас, тажно е да не го користиме тоа. Да останат доследни на себе и на своите соништа, секогаш!

Банкарство: Опиши ни како изгледа еден ден на Стефаниа?

Стефаниа Златку: Работа. Работа. Работа. Иако имам навистина многу малку слободно време, пробувам да го посветам на најблиските, дружба во домашна атмосфера, добро филмче, добра книга. Важно е само добро да научиш да го менаџираш своето време 🙂

Банкарство: Што можеме да очекуваме во иднина од Стефаниа и ”CRUSH” ?

Стефаниа Златку: Предвидено е проширување на CRUSH, моментално работиме на развој на нови производи кои ќе бидат прекрасни! Но, можам да го најавам и отварањето на онлајн продавницата преку која производите ќе бидат достапни и надвор од Македонија. Се стремиме кон врвни производи, па затоа не се ни брзаме. Се во свое време 🙂

 

Business Woman

Ангелина Блажеска: Fit Kit апликацијата нуди бројни можности за вежбање!

Објавено

на

Ангелина Блажеска е креаторот на FitKit – првата македонска мобилна апликација која овозможува вежбање во најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange