Connect with us

Платежни картички

Српската банка Intesa ја воведува најпрестижната Visa Infinite платежна картица

Објавено

на

Српската банка Intesa во соработка со VISA ќе биде првата банка во Србија која во својата понуда ќе ја вклучи и Visa Infinite дебитната картичка. Додатните функционалности на оваа картичка ја прават најпрестижна на пазарот во Србија и една од најексклузивните во светот. 

Visa Infinite припаѓа во групата на премиум дебитни картички и е дизајнирана на начин преку кој со своите ексклузивности и лични привилегии ќе ги задоволи барањата на клиентите чиј животен стил и деловни потреби бараат нешто повеќе. Покрај стандардните функционалности оваа картица на корисниците им овозможува пристап до единствените погодности и сервиси кои имаат за цел на клиентите да им овозможат персонализирано искуство кое некогаш изледа недостапно. Овие сервиси вклучуваат асистенција при купување или организирање на патување како и обезбедување на посебно место на најпрестижните светски културни, медиумски и спортски настани, комплетна поддршка и организација при упис на студии во странство како и обезбедување на приоритет за извршување на медицински услуги надвор од земјата. 

Покрај тоа, на корисниците на Visa Infinite достапен им е и неограничен пристап на lounge салоните на аеродромите ширум светот, глобално патно осигурување, продолжена гаранција на производителите или трговците на производите купени со оваа картица како и гаранција за заштита од оштетување и кражба на купените производи. 

Воведување на Visa Infinite платежната картичка е само уште една во низата на новини кои оваа банка ги донесе на пазарот во Србија во соработка со компанијата Visa. Пред овој новитет, последната воведена услуга е бесконтактното плаќање со мобилен телефон. 

Банката Intesa ја завзема лидерската позиција на пазарот на платежни картици во Србија со околу 1,5 милиони издадени картици и удел од 21,5%. Банката учествува со 24,9% во бројот на трансакции и со 27,9% во прометот на платежните картици во земјата, додека уделот во бројот на трансакции во странство изнесува 35,5%, а во прометот 27,9%. Visa картиците сочинуваат 78,7% од вкупниот број на платежни картици во портфолиото на банката Intesa. 

 

Платежни картички

Патувајте и планирајте ги Вашите следни патувања со Mastercard® Wizz Air кредитната картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Во периодот кога се интензивираат патувањата до блиски и далечни дестинации, кога започнуваат уписите на универзитетите ширум светот и се остваруваат соништата на возрасните и помладите генерации за авантури и егзотични доживувања, Комерцијална банка АД Скопје ја лансираше новата Mastercard® Wizz Air, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Нова Mastercard Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка а.д. Скопје со задоволство ја претставува новата Mastercard® Wizz Air кредитна картичка издадена од Банката, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за Visa Business картички за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 15ти мај до 15ти јуни годинава спроведува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange