Connect with us

Форекс

Србија очекува законска регулатива за криптовалутите

Објавено

на

Никола Корбар, директорот на Центарот за економски истражувања Белград, на предавање на тема ,, Биткоин- нова валута или шпекулативен балон” истакна дека по примерот на Европската Унија, се очекува и Србија наскоро да донесе законска регулатива за криптовалутите.

Тој смета дека вложувањето во Биткоинот како најпозната криптовалута, до сега се покажало како исклучително исплатливо, но дека мора да се биде внимателен при истото. Според него, луѓето треба да вложуваат во криптовалутите онолку пари колку што се подготвени да изгубат, а не да ги продаваат своите станови и се што имаат за да ја исполнат инвестицијата.

Корбар, повикувајќи се на неодамнешно истражување, додава дека повеќе од 90% од Биткоинот се сопственот на 4,5% од луѓето кои имаат вложено во оваа валута. Тоа значи дека една многу мала група го поседува најголемиот дел од Биткоинот. ,,Доколку тие се договорат да ја срушат цената на Биткоинот, ќе го направат тоа”- вели Корбар.

За него, тврдењето дека кога се работи за Биткоинот станува збор за финансиски балон или пирамидална шема е премногу строго. Тој вели дека не треба да се прави непотребен ѕид кон користењето на криптовалутите, но и дека не треба неразмислувајќи луѓето да ги вложуваат сите свои пари во ваков вид на инвестиции.

 

 

Форекс

Ангела Меркел со “шлаканица” за еврото!

Објавено

на

Германската канцеларка Ангела Меркел откако ја соопшти својата одлука да не се кандидира за претседателка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на претстојните изборите кои ќе се одржат во декември, ја потона европската валута на рекорден минимун во последниве два месеци. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Централен депозитар за хартии од вредност со нов портал за следење на електронски извештаи

Објавено

на

Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.  (more…)

Продолжи со читање

Форекс

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција, со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 1.7. – 30.9.2018 година.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange