Connect with us

Криптовалути

Специјална истрага се води против пирамидалната измама OneCoin

Објавено

на

OneCoin беше една првите криптовалути која стана хит на Балканот пред нешто повеќе од две години кога многу корисници, вклучувајќи и македонски граѓани решија да вложат пари со суми од 50 евра па нагоре. Сепак, долгите години на чекање за официјализирање на оваа дигитална валута ги крена алармите на истражните органи.

Специјалниот јавен обвинител од Бугарија исто така се вклучи во истрагата против OneCoin врз основа на сомнежи дека станува збор за пирамидална измама која може да оштети голем број на инвеститори. Канцелариите на OneCoin во Софија веќе беа под рација на бугарската полиција по налог на СЈО и се очекува покренување на обвинение.

Истрагата е интернационална и во неа се вклучени повеќе органи од европски држави меѓу кои и Германија со координација преку Европол. Еден од основачите на OneCoin Ружа Игнатова веќе се соочува со обвиненија за измама во Индија.

На сите македонски инвеститори кои вложиле пари во OneCoin им советуваме да преземат соодветни мерки пред домашните истражни органи.

Текстот е преземен од Фактор.

Криптовалути

Падот на вредноста на биткоинот довел до депресија и разводи

Објавено

на

Несомнено, биткоинот им го променил животот на многу луѓе. Токму кога вредноста на биткоинот вртоглаво растеше, луѓето почнаа да ја инвестираат нивната заштеда и да подигаат кредити. И покрај сите предупредувања дека овој бизнис е ризичен, сите кои вложуваат во биткоинот наидоа на сериозни проблеми кога неговата вредност вртоглаво падна. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Amazon влегува во светот на Етереум!

Објавено

на

Kaleido , старт ап кој има за цел да им помогне на претпријатијата да имплементираат блокчејн технологија, започна нова платформа во соработка со Amazon Web Services (AWS). Kaleido Marketplace ќе обезбеди алатки и протоколи за сите компоненти на новите блокчејни проекти “од апликацијата до патот до синџирот”, изјави за Форбс основачот и извршен директор Стив Цервени. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange