Connect with us

НБРМ

Советот на НБРМ ги усвои финансиските извештаи и годишната сметка за 2017 година

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата четврта седница, на која беа разгледани и усвоени Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија и Годишната сметка за 2017 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.

Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија ја прикажуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2017 година објективно во сите материјални аспекти, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување.

На денешната седница беше разгледан и усвоен и Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во 2017 година, при што беше заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија на Народната банка целосно ја спроведе својата програма за работа. Беше оценето дека внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа.

Советот го разгледа и го усвои и Извештајот за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија во 2017 година. Притоа беше констатирано дека од овој извештај може да се заклучи дека Програмата за работа е успешно остварена. Поконкретно, при разгледувањето на Извештајот беше потенцирано дека во текот на минатата година беа остварени сите планирани редовни програмски активности поврзани со остварувањето на основните стратегиски цели на Народната банка, како и голем број проектно ориентирани активности кои овозможуваат воведување промени во работењето и усогласување со новите законски барања, европските прописи и меѓународните стандарди, како и со барањата на Меѓународниот монетарен фонд. Советот оцени дека благодарение на добрата организација, ефикасното искористување на планираните ресурси и навременото обезбедување на сите релевантни информации, и во текот на минатата година, организациските единици на Народната банка успешно ги извршуваа програмските активности и ја следеа планираната динамика на остварување на Програмата за работа.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ ги претстави успешните реформи на НБРМ во доменот на статистиката на финансиските сметки

Објавено

на

Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како меѓународна организација чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа, деновиве ги претстави реформите и резултатите коишто Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки. Притоа, НБРМ преку веб-платформата на ЦЕФ ги сподели своите искуства од овој значаен реформски процес, и тоа од започнувањето на овие активности во 2007 година па до сега. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange