Connect with us

Совети за успех од Џек Ма ( прв дел )

Објавено

на

Го започнал својот бизнис со влог од 20 илјади долари. Неговата сопруга и пријателите му помогнале  да го развие. Тој е првиот претприемач од Кина кој се нашол на страниците на Forbes. Денес Џек Ма е најбогатиот човек во Кина и 18тиот најбогат човек во Светот со богатство кое се проценува на околу 29,7 билиони долари. Основачот на Алибаба со важни совети за успех кои треба да се почитуваат.

  • Навикни се да бидеш одбиен. 

Патиштата кои треба да ги изодиш за да те однесат до успехот никогаш не се лесни. Џек Ма ја раскажува својата приказна кога тој научил и прифатил да биде одбиен. Ги прифаќал своите неуспеси, бил одбиван од различни универзитети, 30 пати аплицирал за работа и сите 30 пати бил одбиен. Во времето кога KFC прв пат дошол на пазарот во Кина аплицирал за работа таму. Од 24 кандидати 23 ја добиле работата. Единствениот кој бил одбиен бил тој. Точно 10 пати аплицирал на Харвард, но секој пат бил одбиен. Единственото што го помислувал во тие моменти било: ,, Еден ден треба да дојдам да предавам на овој универзитет’’.

  • Не ги запоставувај своите соништа. Еден ден би можеле да се исполнат

Џек Ма вели дека тие имаат таен код за успех во Алибаба. Нивниот код е ,,open sesame’’ кој освен значењето на успех ја пренесува и симболиката од приказната со Алибаба и 40 те разбојници. Како што е тоа кодот на успех на Алибаба тој смета дека кодот за успех се наоѓа во секој од нас и дека најважно е  луѓето е да ги одржуваат своите соништа бидејќи еден ден, тие навистина може да се остварат. 

  •  Игнорирајте ги ,,малите луѓе’’

,,Во времето кога ја создадов мојата идеја за Alipay луѓето ми велеа дека е најглупава идеја која ја слушнале од мене’’ – вели Џек Ма. Додека секој за момент би се посомневал во сопствената идеја после ваквите коментари, тој умешно ги игнорирал мислењата на другите одвраќајќи им: ,, Не е важно дали идејата е глупава или паметна се додека луѓето ја користат’’. Денес Alipay ја користат од преку 800 милиони корисници.  

  •  Сакајте го вашиот живот

Џек Ма смета дека луѓето се родени за да уживаат и да прават добри работи едни на други , а не за да го посветат својот живот на работа. Суштината на животот е во искусување на Светот и помагање на луѓето, а успехот е она кое ќе дојде пропратно. Доколку првичната ваша цел се само парите тој вели дека мора да го смените вашите мисли. 

  •  Не создавајте непријатели

Една од уникатните филозофии на Џек Ма која што ја применува и во своето бизнис работење е идејата за пријателска конкуренција. Тој не ги гледа своите конкуренти  како непријатели, туку напротив, како пријатели од кои што може многу да научи и кои што го предизвикуваат да го користи својот потенцијал. Тој вели дека како во работата така и во животот, секој човек треба да го гледаме како можност и лекција и да заборавиме на непријателите.

  • Покрај вас ви требаат вистинските луѓе, не најдобрите

Во почетоците на својот бизнис тој вели дека луѓето кои му помогнале биле неговата сопруга и најблиското семејство и пријатели. Започнал бизнис со само неколкумина луѓе, но како што вели тој империјата која ја поседува денес се должи на вистинскиот избор кој го направил. Тој не ги барал најдобрите луѓе за да го развиваат неговиот бизнис само ги барал вистинските. Оние покрај кои тој ќе биде најдобрата верзија од себе и кои се подготвени да му пружат безрезервна поддршка во сите моменти. 

  • Никогаш не се откажувајте

Веројатно животот ќе ви задава многу удари. Дури и откако ќе научите да бидете одбиени по советите на Џек Ма, повторно ќе наидете на некое искушение. Најважното во тие моменти е да не се откажувате. Сите велат дека утре е нов ден. Џек Ма вели дека утре ќе биде и полошо од денес. Сите работи поминуваат само некогаш не толку брзо. На вас останува да се борите. Не се откажувајте. Утре ќе биде полошо, но веќе задутре ќе има сонце.

 

Повеќе
Реклама here code

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на Служба платен промет во земјата

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска Банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за платен промет во земјата, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.
(more…)

Продолжи со читање

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на секторот за процесирање

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за администрација и евиденција на депозити, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител. (more…)

Продолжи со читање

Саудиска Арабија: Жените ќе можат да отвораат свои фирми!

Објавено

на

Саудиските жени сега имаат право да отвораат сопствени бизниси, без да бараат согласност од старателот од машки пол, соопшти владата, која се надева дека на тој начин ќе го стимулира приватниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange