Connect with us

Лични финансии

Совети за успех од Џек Ма (втор дел)

Објавено

на

Во претходниот дел имавме за вас неколку совети кои Џек Ма вели дека нивната примена многу ќе ви помогне на патот до успехот. Факт е дека сите луѓе сакаат да бидат успешни. Без разлика на која возраст се наоѓате Џек Ма за вас има по некој совет како најдобро да се снајдете во тој период и што е она што треба да го правите.

Пред да наполните 20 години бидете посветени и добри студенти. Потребно ви е искуството кое ќе го стекнете на универзитет, а ќе го примените понатаму.

Пред да наполните 30 години почнете некого да следите. Не заборавајте дека секој почеток е со мали чекори. Започнете во мали фирми. Во големите ќе се чувствувате како дел од големата машина, но во малите ја учите страстра и ги учите соништата. До 30 години не е во која фирма ќе отидете туку кого ќе следите, само добриот шеф ве учи различно.

Помеѓу 30 и 40 годишна возраст треба да размислите дали сакате да работите за себе. Доколку сакате да бидете вистински претприемач тогаш ова е вистинското време кога да почнете да ги остварувате вашите соништа.

Помеѓу 40 и 50 години посветете се на работите во кои што сметате дека сте добри. Не се префрлајте на друга област различна од онаа во која што сте биле бидејќи може да биде предоцна.

Помеѓу 50 и 60 години обидете се да го вратите светот на младите. Младите луѓе тогаш ќе го можат тоа подобро од вас. Потпрете се на нив, дајте им поддршка, вложувајте во нив. Тие можат.

Кога ќе наполните 60 години посветете си време на себе. Уживајте, одете на плажа, шетајте. Предоцна е за промени.

А на оние кои моментално се наоѓаат на 25 годишна возраст тој им порачува да прават што е можно повеќе грешки. Бидете без грижи. Ако паднете , ќе станете. Ако пак паднете, уживајте. Имате 25 години, уживајте го шоуто.

Тој вели, доколку имате 35 години и сте сиромашни, го заслужувате тоа. Сиромашни сте бидејќи немате амбиција. Амбицијата е онаа идеална цел во животот која мора да си ја поставите доколку сакате воопшто некогаш да ја исполните.

 

Лични финансии

Авторот Џон Асараф: Тренирајте го мозокот за да заработувате повеќе пари

Објавено

на

Авторот, консултант и претприемач, Џон Асараф, денес е основач и извршен директор на NeuroGym, компанија посветена на користењето на најнапредните технологии и методи за обука на мозокот базирани на докази, за да им помогне на поединците да го ослободат својот полн потенцијал и да ги максимизираат нивните резултати.

(more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да купите стан за 3 години, едноставно преку заштеда од плата!

Објавено

на

Чери Хови во една група на Фејсбук го споделила својот план за штедење, што и овозможил за само три години да заштеди доволно за купување на стан. Нејзиниот начин на организација на платата би можел да ви послужи како многу добар пример. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

3 бизнис асоцијации против прогресивното оданочување на персонален доход

Објавено

на

По најавите на Владата дека планира да воведе прогресивно оданочување на персоналниот доход Американска стопанска комора во Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Македонија 2025, кои ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 200 од најголемите и најиновативни компании во Македонија, направиле истражување помеѓу компаниите и доставиле формално мислење до Министерството за финансии.

“Предложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, но ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации, мерки ќе ја намалат даночната послушност и ќе ја зголемат сивата економија и ќе имаат негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија”, пишува во заедничкото соопштение на овие три бизнис асоцијации.
Според добиените мислења од компании за ефектите од прогресивното оданочување, тие сметаме дека ова не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана.

Во прилог Ви го пренесуваме целосното соопштение:

1.Предложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, но ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации:Нејасно е како ќе се распределат дополнителните средства собрани со зголемувањето на данокот на персонален доход – дали директно ќе се искористат за подобрување на социјалната нееднаквост или средствата ќе се користат за генерални расходи? Доколку се користат за генерални расходи, ефектот ќе се поништи бидејќи од истиот буџет субвенционира приватниот сектор. Доколку се користат директно за подобрување на социјалната нееднаквост и, како што најави Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се искористат за да се покачи износот на социјалната помош до 12.000 денари за четиричлено семејство, тогаш таквата мерка ќе доведе до зголемување на невработеноста. Доколку социјалната помош се изедначи со износот на минималната плата, работоспособните лица кои примаат минимална плата ќе преферираат да не работат и да земаат социјална помош отколку да работат за минимална плата, со што дополнително ќе се оптовари буџетот.

-Намалување на продуктивноста и вработливоста – доколку се пенализираат оние делови од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат, ќе се намали продуктивноста.

-Дестимулирање на развојот на висококвалификувани кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.

2. Предложените мерки ќе ја намалат даночната послушност и и ќе ја зголемат сивата економија:
-Зголемување на даночното затајување
 – во контекст во кој населението нема доверба во институциите на системот и има низок степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија (пријавување на само дел од доходот наместо полниот износ, исплаќање на доходот на сметки во други земји, Payoneer картички).

Намалување на бројот на даночни обврзници, отежнато прибирање на даноците, и зголемување на трошоците и комплексноста на прибирање даноци – воведувањето на прогресивен данок на личен доход ќе доведе до зголемување на неформалното вработување, со што ќе се намали бројот на даночни обврзници. Тенденцијата да се избегнат зголемените даночни обврски ќе го отежни прибирањето на даноците, а покомплексната формула и потребата за поголема контрола на почитувањето на законските обврски, ќе ги зголемат трошоците на Управата за јавни приходи.

3. Предложените мерки ќе имаат негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија:

-Одлив на капитал и намалени инвестиции – менување на даночните регулативи го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори. Таа несигурност ќе доведе до намалени инвестиции и потенцијално до одлив на капиталот во земји со поповолен даночен режим и поголема предвидливост во работењето на приватниот сектор.

Одлив на мозоци – воведувањето на прогресивен данок ги таргетира висококвалификуваните и професионални кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Во Република Македонија се исплаќа бруто плата и не постои механизам кој ќе ги обврзе компаниите да ја зголемат бруто платата за нето платата да остане иста по зголемување на придонесите. Многу е веројатно зголемениот даночен товар да падне врз грбот на вработените наместо на работодавачите. Тоа ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима. Овие кадри се исто така и најголемите потрошувачи и со нивното заминување ќе се намали економскиот раст

-Дестимулација на иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата – иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот, ќе бидат особено погодени од зголемените даночни обврски бидејќи тоа се индустриите во кои доходите се највисоки. Дополнително, овие индустрии не ги исполнуваат условите за владините мерки за развој што води до двојно пенализирање на овој сектор- носител на економски раст.

АмЧам, МАСИТ и Македонија2025, како и останатите бизнис асоцијации – претставници на приватниот сектор, имаат ресурси, експертиза, и капацитет да го поддржат Министерството за финансии во изготвување на сеопфатна даночна стратегија и реформа која во исто време ќе придонесе кон зголемување на бројот на даночните обврзници, подобрено собирање на даноците, правична распределба на средствата и зголемена социјална еднаквост без негативно да влијае врз севкупната економија и нејзиниот раст.
Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата поддршка и дека заеднички ќе формулираме решение кое ќе биде прифатливо за сите сфери на општеството.”

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange