Connect with us

Совети за МОТИВАЦИЈА 1/10: Соопштувајте јасни очекувања

Објавено

на

Клучен фактор на мотивацијата е луѓето за себе да мислат дека се одлични. Еден од начините да го постигнете тоа е да направите луѓето да се чувствуваат како победници. Секој сака да ужива во “победничко чувство”. Сакаат да се чувствуваат компетентни, успешни и почитувани од страна на другите.

Како луѓето победуваат во трка или во кој било друг натпревар? Едноставно: Први ја поминуваат линијата на финишот.

А како човек може да победи во светот на бизнисот? Така што исполнува јасна, специфична задача. Едно од најважните правила во работата е дека исполнувањето некоја задача претставува извор на енергија, ентузијазам и позитивно мислење за себеси.

Во едно истражување во кое од вработените се барало да ја опишат најдобрата работа што некогаш ја имале, најчестиот одговор бил: “Секогаш точно знаев што се очекува од мене“.

На прашањето, пак, која била најлошата работа што некогаш ја имале, најчесто одговарале: “Никогаш вистински не знаев што очекува мојот шеф од мене“.

Секогаш кога соопштувате јасни очекувања, им овозможувате на луѓето да исполнат јасна, специфична задача и да се чувствуваат како победници. Кога, пак, соопштувате неконкретни или нејасни очекувања или, пак, воопшто не ги соопштувате очекувањата на своите вработени им ја одземате можноста да го искусат тоа “победничко чувство”.

Петте фактори на победата

За да ја помине линијата на финишот и за да се чувствува како победник во своето работење, на личноста и се потребни пет нешта:

1. Јасни цели и дострели, за кои се дискутира и се постигнува согласност.

2. Јасни мерки, параметри и стандарди со цел вработениот да знае дека успехот ќе биде измерен и утврден.

3. Јасни рокови и подрокови, со цел вработениот точно да знае кога треба да биде завршена задачата.

4. Успешни искуства – со други зборови, вработениот мора да ја заврши работата навреме, во рамките на буџетот и според договорените стандарди за квалитет.

5. Признавање и награди – шефот мора да му оддаде признание на вработениот за успешно завршената работа, нешто што многу личи на аплаузот што спортистот го добива од гледачите кога ќе победи.

Можеби сте ја чуле изреката дека “не можете да ја постигнете целта што не ја гледате”. За да можат да се чувствуваат како победници, вашите луѓе мора пред себе да имаат јасни цели кон кои се стремат. Колку што се појасни целите, толку полесно ќе им биде на луѓето да ги остварат. Колку повеќе цели ќе остваруваат, толку повеќе ќе се чувствуваат како победници. А колку повеќе ќе се чувствуваат како победници, толку посилни ќе бидат нивното самопочитување и задоволството од работата.

 

 

Повеќе
Реклама here code

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на Служба платен промет во земјата

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска Банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за платен промет во земјата, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.
(more…)

Продолжи со читање

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на секторот за процесирање

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за администрација и евиденција на депозити, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител. (more…)

Продолжи со читање

Саудиска Арабија: Жените ќе можат да отвораат свои фирми!

Објавено

на

Саудиските жени сега имаат право да отвораат сопствени бизниси, без да бараат согласност од старателот од машки пол, соопшти владата, која се надева дека на тој начин ќе го стимулира приватниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange