Connect with us

Осигурување

Сезона на одмори – осигурителните полиси ќе ве спасат од главоболка

Објавено

на

Убод од инсект или морски еж, стомачен вирус, сончаница, дехидрација, скршеница – ова се најчестите медицински проблеми кои се јавуваат за време на годишните одмори. Навидум едноставни интервенции кои можат да чинат многу доколку не поседувате патничко здравствено осигурување. Цените се околу 30 денари за еден ден.

 

„Потребата од итна медицинска помош во странство дури и за најмалите интервенции може да биде многу скапа. Затоа е важно да имате осигурителна полиса кое што ќе овозможи покривање на трошоците дури и за сериозни медицински интервенции“ – велат во една од осигурителните компании.

Доколку не сакате да платите за приватно здравствено осигурување, можете да извадите и државно, но тоа важи само за 17 земји со кои Македонија има склучено билатерални договори. Оваа потврда ја издава Фондот за здравствено осигурување до каде треба да се поднесе барањето за задолжително здравствено осигурување за време на привремен престој во странство. Потребно е да се приложи и потврда за здравствената состојба издадена од матичен лекар односно наод, оцена и мислење од лекарска комисија.

Доколку патувате со автомобил ќе ви биде потребно осигурување и за него, популарно наречениот зелен картон. Тој се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за над 66 киловати e 3.075 денари.

„Зелениот картон е само гаранција дека доколку причините штета некому со автомобилот во странство вашата осигурителна компанија ќе ја надомести штетата, но што со вашиот автомобил кој исто така ќе биде оштетен. За ваквите ситуации најдобро е да имате каско осигурување кое целосно ја покрива штетата и на вашиот и на туѓиот автомобил“ – објаснуваат во една осигурителна компанија.

При одење на одмор добро е да биде осигурен и домот, летото е период кога крадците најмногу оперираат. Сепак, во осигурителните компании велат дека помалку од 10% од домаќинствата имаат основен осигурителен пакет.

Извор: denar.mk

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange