Connect with us

Осигурување

СЕЗОНА НА ОДМОРИ: Што треба да знаете за патничкото осигурување од Евроинс Осигурување АД

Објавено

на

Кога одите на одмор или службено патување, неопходно е да имате патничко осигурување согласно Вашите потреби и периодот на престој во странство. Сепак, постојат неколку работи на кои е неопходно да обрнете внимание пред да донесете конечна одлука каков тип на патничко осигурување ќе купите и од која компанија.

 

Oсигурувањето со франшиза е поефтино

Oсигурувањето со франшиза секако е поефтино, но не го практикуваме за нашите клиенти. За целосни покритија се користат полиси без франшиза, односно без учество на клиентот во штетата доколку настане како дел од осигурениот настан. Полисите без франшиза се попрактични и повеќе продавани во однос на оние со франшиза. Франшизата во ЕВРОИНС Осигурување АД, изнесува 150 евра. Освен ова, постојат и опции на полиси за патнички осигурувања со вклучен доплаток за физичка работа и спортска незгода.

ЕВРОИНС Осигурување АД нуди четири продукти на патнички осигурувања и тоа:

Поединечно патничко осигурување

Овој вид на осигурување може да се издаде за едно или за повеќе патувања. Доколку се издава за повеќе патувања минимален број на осигурани денови е петнаесет, а максимален број на денови изнесува 365/366 дена (една година). Се осигуруваат лица до 65 годишна возраст, а со доплаток и лица до 72 годишна возраст, а за лицата под 18 годишна возраст следува попуст.

Семејно патничко осигурување

Исто како и кај поединечното патничко осигурување и ова осигурување може да се издаде за едно или за повеќе патувања. На овој вид на патничко осигурување носител е еден од членовите на потесното семејство. Останатите членови се наведени во полисата, и патуваат секогаш заедно со носителот на полисата. Се осигуруваат лица до 65 години.

Групно патничко осигурување

Во ова патничко осигурување минимален број на вклучени осигурани членови во полисата е седум лица. Во групното патничко осигурување не се пресметува возрасен доплаток или пак попуст. Со ова осигурување може да се осигураат лица до 70 годишна возраст.

Бизнис патничко осигурување за деловни патувања

Кај бизнис патничкото осигурување за деловни патувања, договорувач е секогаш правно лице. Може да се осигураат лице до 70 годишна возраст коишто се вработени кај правното лице договорувач. Не се пресметува доплаток за лица над 65 годишна возраст.

Професионален однос кон своите клиенти

ЕВРОИНС Осигурување АД во своето работење има максимално професионален однос кон своите клиенти. Односот кон клиентите при исплата на штети на корисниците на патничко осигурување е брз и навремен, но исплата на штети спрема клиентите вршиме во многу мал број на случаеви кога клиентите сами ги платиле трошоците за евентуалните здравствени услуги. Нашите клиенти немаат потреба да вршат плаќање на услугите кои ќе ги користат врз основа на полисите за патничко осигурување. ЕВРОИНС Осигурување АД има склучено договор со Europ Assistance кој како наш партнер е достапен 24 часа, 7 дена во неделата на нашите клиенти и во целост ги сервисира барањата на клиентите со вклучено и плаќање на обврските на ЕВРОИНС Осигурување АД по полисата за патничко осигурување.

ЕВРОИНС Осигурување нуди три вида на осигурителни покритија:

Visa

Ова осигурително покритие, покрива трошоци за лекување од незгода и трошоци за лекување од болест. Покрај овие покритија опфатено е и враќаме на посмртни останки. Доколку родителот остане на лекување во странство, овозможуваме бесплатно враќање на децата дома.

Normal

Ова осигурително покритие, гo вклучува Visa осигурителното покритие, но вклучува и продолжување на престојот на болничко лекување, посета на пациент, надомест на телефонски трошоци од болница, предвремено враќање дома поради болест, доцнење на багаж, кражба и уништување на багаж, кражба на багаж од моторно возило, замена на документи, осигурување од смрт и траен инвалидитет од несреќен случај.

Comfort

Ова осигурително покритие, го вклучува Normal осигурителното покритие, и дополнителна правна помош и осигурување и враќање на моторно возило од странство. Comfort нуди и највисоки осигурителни покритија.

 

Осигурување

Триглав советува: Дали се исплати прекин на животно осигурување?

Објавено

на

Животот е полн со пресврти, подеми, падови и многу изненадувања. Колку и да се трудиме, не можеме да бидеме целосно спремни за секој предизвик со кој што се соочуваме во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Бенефиции од вештачката интелигенција во осигурувањето

Објавено

на

Илјадници тврдења, барања на купувачи и големи количини на разновидни податоци ја прават индустријата за осигурување најдобар пример за вештачка интелигенција и когнитивни технологии. Една неодамнешна студија од Tata Consultancy Services објави дека осигурителниот сектор инвестираше 124 милиони долари во AI, во споредба со просекот од 70 милиони долари инвестирани од други индустрии. Од услугата на купувачи до обработката на побарувањата, AI често се наведува како нарушување на сила во осигурителниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Оглас за вработување во Сава Осигурување!

Објавено

на

Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange