Connect with us

Осигурување

Седум индикатoри за осигурителниот сектор

Објавено

на

Показателите во осигурителната дејност се користат за подобро следење на работата на друштвата за осигурување. 

Коефициентот на штети, пресметан како однос помеѓу нето – настанатите штети во периодот и нето заработената премија, изнесува 52,7% на ниво на осигурителниот сектор во 2015 година и бележи намалување  во однос на 2014 година, кога изнесуваше 53,2%. Одделно, по групи на осигурување, овој коефициент кај неживотното осигурување во 2015 година  изнесува 48,5% наспроти 49,9%, во 2014 година, а кај осигурувањето на живот во 2014 година изнесува 74,3% наспроти 73,6%  во 2014 година.

Коефициентот на трошоци претставува однос помеѓу нето- трошоците за спроведување на осигурување и нето заработената премија. Овој коефициент во 2015 година изнесува 55,8% и забележува зголемување во споредба со претходната  година кога изнесуваше 54,9%.

Комбинираниот коефициент претставува збир од коефициентот на штети и коефициентот на трошоци. На ниво на индустрија овој коефициент изнесува 108,5% наспроти 108,1% во 2014 година. Одделно, по групи на осигурување, комбинираниот коефициент кај неживотното осигурување во 2015 година изнесува 108,4% наспроти 106,8% во 2014 година, а кај осигурувањето на живот во 2014 година изнесува 109,0%, наспроти 116,1%  во 2014 година. 

Стапката на принос на вложувања (ROI) се пресметува како однос на приходите намалени за трошоците на вложувањата и износот на вложувањата. Стапката на принос на вложувањата за 2015 година изнесува 3,1%, додека во 2014 година изнесуваше 4,1%.

Коефициентот на задолженост се пресметува како однос на вкупните обврски и вкупните средства. Овој коефициент покажува колку од средствата се финансирани од обврските (технички резерви и останати обврски), без да се вклучат капиталот и законските резерви. Во 2015 година овој коефициент изнесува 66,9%, додека во 2014 година изнесуваше 66,7%.

Стапката на принос на средствата (ROA) се пресметува како однос на нето-добивката и вкупните средства. На ниво на индустрија овој коефициент изнесува 2,92% наспроти 2,08% во 2014 година. Одделно, по групи на осигурување, стапката на принос на средствата кај неживотното осигурување во 2015 година изнесува 3,44% наспроти 2,59% во 2014 година, а кај осигурувањето на живот во 2014 изнесува 1,11%, наспроти 0,05%  во 2014.

Стапката на принос на капиталот (ROE) се пресметува како однос на  нето-добивката и категоријата капитал и резерви. На ниво на индустрија овој коефициент изнесува 8,84% наспроти 6,25% во 2014 година. Одделно, по групи на осигурување, стапката на принос на капиталот кај неживотното осигурување во 2015 година изнесува 9,84% наспроти 7,68% во 2014 година, а кај осигурувањето на живот во 2014 година изнесува 4,23%, наспроти 0,17%  во 2014 година.

Повеќе

Осигурување

Соништата на нашите деца се сериозна инвестиција

Објавено

на

Септември со себе го донесе почетокот на новата учебна година, а на прагот е и почетокот на новата академска година.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента. Со полисата за Коко – Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот;
  • Штедна компонента – Сите средства кои ги вложувате се повратни.
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција

Полисата КОКО детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех. Полисата за Коко детско штедно осигурување претставува целосен пакет за осигурување на Вашето дете со истовремено долгорочно и сигурно штедење. Уплатата за оваа полиса може да изнесува и само 1.200,00 денари месечно. 

Дополнително, самата полиса претставува и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на годината ќе станат осигуреници на Кроациа Осигурување – Живот, стануваат учесници во наградната игра „Коко Ве води во Дизниленд“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор се избира на крајот од годината.

Со полисата за детско штедно осигурување родителите се стекнуваат со право на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Croatia картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од  300 локации низ цела Македонија. Ова може да биде начин Вие да заштедите за полисата за Коко детско штедно осигурување.

Покрај основните карактеристики, кои подразбираат детско штедење со истовремено осигурување, овој производ го карактеризира и осигурителна компонента во случај на смрт на Договорувачот (лицето кое ја врши уплатата). Оваа осигурителна компонента гарантира исплата на Договорената осигурена сума, односно сумата која сакал Договорувачот да ја заштеди, без обврска да се продолжи со плаќање на полисата.

За дополнителни информаци поврзани со понудата контактирајте со нашите телефонските оператори на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.

Продолжи со читање

Домашни банки

Банкосигурување настан: Сигурно е да си осигуран!

Објавено

на

Во свет полн со предизвици и непредвидливи моменти, Сигурно е да си осигуран! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

15 Септември: Ден на пензиска свесност

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), организираше информативен настан по повод одбележување на “Ден за пензиска свесност – 15 септември”. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange