Connect with us

Останато

Саудиска Арабија: Жените ќе можат да отвораат свои фирми!

Објавено

на

Саудиските жени сега имаат право да отвораат сопствени бизниси, без да бараат согласност од старателот од машки пол, соопшти владата, која се надева дека на тој начин ќе го стимулира приватниот сектор.

Сега жените можат да основаат сопствени бизниси и да ги користат интернет услугите (на владата), без да е потребно да докажуваат дека имаат согласност од свој старател”, објавено е на сајтот на Министерството на трговијата и инвестициите.

Досега Саудијките требаше да достават доказ дека имаат дозвола од свој старател од машки пол (најчесто сопруг, татко или брат), за да можат започнат со административната процедура.

Од минатата година, влијателниот 32-годишен саудиски престолонаследник Мохамед бин Салман спроведе серија реформи за стимулирање на учеството на жените во јавниот живот. Целта е до 2030 година процентот на вработени жени во Саудиска Арабија да порасне од  сегашните 22 на повеќе од 30 проценти.

На 12 февруари обвинителството во Ријад соопшти дека има намера, по првпат во својата историја да назначи жени.

Саудиската пасошка служба неодамна соопшти дека 107.000 жени се пријавиле за 140 слободни работни места на аеродромите и граничните премини.

Минатата година кралството најави дека од јуни 2018 година жените ќе имаат право да возат, а од јануари саудиските жени веќе можат да посетуваат стадионите.

Останато

Alibaba ја отвори својата прва платформа за е-трговија во Европа

Објавено

на

Кинескиот интернет гигант „Alibaba“ ја отвора првата Светската платформа за електронска трговија (eWTP) во Европа, соопштија светските агенции, повикувајќи се на кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Форум: прогресивниот данок лошо ќе влијае врз туризмот

Објавено

на

Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди, од квалитет на услугите, преку лиценци и категоризација на објектите, до регулирање на областа заради спречување на нелојалната конкуренција и севкупно подобрување на фактичката состојба. Ова беа темите на форумот „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка” во Охрид што го организираа четирите стопански комори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Одложување на прогресивниот данок за 5 години

Објавено

на

Бизнис заедницата и на јавната дебата во Собранието повтори дека е против Законот за прогреивен данок и даночната реформа на Финансии. Стопанството бара одлагање на реформата за пет години. За некои од ставките, како данок на банкарска камата, се бара да се одложат до влегувањето на Македонија во ЕУ. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange