Connect with us

Останато

САД има најголеми резерви на злато

Објавено

на

Залихите на злато се резерви кои ги чува народната банка на секоја држава со цел тоа да послужи како вредносно покритие, често поврзувано со јачината на домашната валута. Во продолжение ви ја прикажуваме листата на држави со најголеми залихи на злато во државниот трезор. За жал, Македонија не е ни близу до врвот на листата на држави со најголеми залихи на злато.

Според светските финансиски портали, САД, Германија, Италија и Франција се државите со најголеми залихи на злато во народниот сеф.

Податоците велат дека државата со убедливо најголеми златни резерви е САД, која има складирано 8.133 тони злато во сефот на народната банка. САД многу се одвојува пред сите останати држави во светот кога се работи за залихите во злато, бидејќи тие имаат резерва колку три држави заедно.

На второто место се наоѓа најбогатата европска држава, Германија, која има златна резерва од 3.374 тони. Иако Германија не држи некоја значителна предност пред останатите држави, таа сепак има скоро еден тон повеќе од следната држава на листата, Италија, која поседува 2.452 тони злато. Остатокот од најбогатата петорка ја сочинуваат Франција со 2.436 тони и Русија, со 1.857 тони злато.

Комплетната листа изгледа вака:

  1. САД – 8.133 тони злато
  2. Германија – 3.374 тони
  3. Италија – 2.452 тони
  4. Франција – 2.436 тони
  5. Русија – 1.857 тони
  6. Кина – 1.054 тони
  7. Швајцарија – 1.040 тони
  8. Јапонија – 765 тони
  9. Холандија – 612 тони
  10. Индија – 557 тони

Русија ја престигна Кина на листата, која минатата година беше помеѓу топ петте држави во светот со најголеми ресурси, а тоа помогна на руската економија да закрепне по влошувањето на односите со САД и да направи залихи во други валути, а не во долари. Русите обично купуваат злато од домашни извори, бидејќи тие имаат многу места каде истото може да биде ископано.

Останато

Драган Тевдовски, министер за финансии: со помош на алатките создадени на ,,Фин Хакатонот” граѓаните лесно ќе го контролираат трошењето на државните пари.

Објавено

на

Живееме во 21 век и на располагање ни се веб и мобилни апликации, мултимедијални игри, видеа и низа други алатки што го прават животот полесен. Зошто тогаш и буџетот да не го направиме подостапен за граѓаните, користејќи ги овие алатки – објаснува Тевдовски

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој првпат го организираа „Фин Хакатонот“, натпревар на кој многу млади креативци го покажаа својот талент. Победниците со полна пареа веќе работат на нова веб-апликација, видео и игра за граѓанскиот буџет на Македонија.

Институциите се тука за граѓаните, а не обратно

Министерот за финансии Драган Тевдовски за Факултети.мк раскажува дека поминал многу време со овие млади луѓе и дека најмногу се одушевил од нивната посветеност, но и од тоа колку брзо ги совладале јавните финансии. Но, прво за идејата за натпреварот.

– Институциите се тука за граѓаните, а не обратно. Ако сите размислуваме во оваа насока, ќе станеме подобро општество. Во делот на финансиите најважна е транспарентноста. Знам дека многу зборувавме на оваа тема. Сепак, единствен начин граѓаните да имаат контрола врз трошењето на државните пари е да имаaт увид во тоа. Буџетот е од граѓаните за граѓаните. Затоа сакавме токму од нив да дојде идејата за „граѓански буџет“.

Живееме во 21 век и на располагање ни се веб и мобилни апликации, мултимедијални игри, видеа и низа други алатки што го прават животот полесен. Зошто тогаш и буџетот да не го направиме подостапен за граѓаните, користејќи ги овие алатки – објаснува Тевдовски.

Тевдовски со победничките тимови

 

Министерот вели дека е среќен што неговиот тим е составен од креативни луѓе кои сакаат да го променат начинот на кој функционираат институциите. Идејата за добивање на овие производи преку организирање Хакатон потекнала од неговиот советник Виктор Митевски.

– Тој напорно работеше на „Фин Хакатон“, од замисла до реализација, но и многу други колеги од Министерството за финансии помогнаа беспрекорно да се организира Хакатонот. Настанот го поддржа Фондот за иновации и технолошки развој со награден фонд од 1,5 милион денари. Тие во него препознаа потенцијал за креирање стартапи и производи кои ќе може да се продаваат на пазарот.

Резултатот беше одличен. На 10-тиот кат од Министерството за финансии, 48 часа, во текот на викендот, 6 тима млади луѓе работеа на развој на своите идеи.

На едноставен и приемчив начин ќе ги објасниме јавните финансии

Целта на овој натпревар е да им се даде можност на младите луѓе да развијат идеи и производи кои ќе им помогнат во нивната професионална афирмација, но и ќе ѝ послужат на целата македонска јавност. Го прашуваме Тевдовски дали Министерството развива нов начин на комуникација со младите?

– На „Фин Хакатонот“ имаше прекрасна енергија, добро дружење и одлични идеи, кои наскоро ќе станат финални производи. Овие производи ќе бидат наменети за сите граѓани во Македонија. Ова е голема шанса за младите професионалци што победија на „Фин Хакатонот“. Дополнително, тие ќе можат да го развијат својот производ и понатаму да го продаваат. Сакаме да слушнеме што имаат да кажат луѓето, без разлика на возраста. „Фин Хакатонот“ беше еден од каналите на кој ете најмногу се поврзавме со младите луѓе. Ги користиме и социјалните мрежи. И јас лично од неодамна ги истражувам Инстаграм (@dragantevdovski) и Твитер (@dtevdovski)… И во иднина ќе користиме нови и различни канали за да се поврземе со граѓаните – вели тој.

Младите го одушевиле и со знаењето за јавните финансии

Очекува есенва кога ќе бидат готови веб-апликацијата, видеото и играта, со нивна помош сите граѓани да добијат повеќе информации за буџетот.

– Она што го баравме кај овие производи е на едноставен и приемчив начин да се објаснат јавните финансии. Кај победничките решенија тоа е постигнато.

Победија два тима. Тевдовски имаше можност да се дружи со младите иноватори додека работеа на своите решенија. Вели дека најмногу го восхитиле со нивната посветеност да го завршат проектот.

– Најголем дел од нив буквално работеа 48 часа, без сон, без престан. Ме воодушеви колку бргу навлегоа во јавните финансии. Најголем дел од нив не се по струка економисти и немаа предзнаења за буџетот. Темата на предизвикот се објави на буткампот – непосредно пред почетокот на Хакатонот. Така што овие млади програмери, инженери, многу добро се снајдоа и одговорија на предизвикот. Сите тие би биле и одлични економисти – раскажува министерот.

Министерството за финансии, по ова искуство со овие млади и талентирани луѓе, има обврска да организира нов „Фин Хакатон“. Но, Тевдовски вели дека и неговите колеги од Владата изразиле интерес за ваков тип натпревари, па можеби и некое друго министерство вака ќе ги отвори вратите за младите.

Извор: fakulteti.mk

Продолжи со читање

Останато

Златото ќе не спаси ако има нова криза

Објавено

на

САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.

Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.

Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.

Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.

Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.

Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange