Connect with us

Осигурување

Сава Ре го купува НЛБ Нов пензиски фонд?

Објавено

на

Од неофицијални извори, Банкарство.мк дознава дека продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд е во финална фаза.

Групацијата Сава Ре, чија членка во Македонија е Сава Осигурување се спомнува како нов сопственик на пензискиот фонд. Се очекува НЛБ Групацијата до крајот на годината да ја објави информацијата за продажбата и новиот сопственик.

Во март оваа година, Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување ја информираше пошироката јавност дека процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе се одвива под целосна контрола на Агенцијата согласно македонското законодавство и дека процесот на продажба нема да влијае на функционирањето на пензиското друштво ниту на пензиските фондови со кои управува друштвото.

НЛБ Групацијата тогаш објави дека НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје игра важна улога на македонскиот пазар за управување со пензиски фондови, затоа има намера да го спроведе процесот на продажба на начин кој ќе му овозможи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје да продолжи да функционира нормално, во согласност со сите регулаторни правила и да обезбеди највисок степен на безбедност и квалитет на услугите за членовите на фондовите.

НЛБ Нов пензиски фонд управува со над 370 милиони евра, а во него членуваат повеќе од 210 илјади осигуреници и обединува два фонда и тоа еден од задолжителниот столб „НЛБ Пензиски фонд“ и вториот од доброволниот столб „НЛБ Пензија плус“.

Осигурување

Кроација Осигурување забележа раст и го зголеми пазарното учество во сегментот на неживотно осигурување

Објавено

на

Во услови на минимален раст на домашниот осигурителен пазар од 1,6% на годишно ниво, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување ја заврши 2017-та година со добивка и раст од 8,6%, што е меѓу првите три најдобри пазарни остварувања. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Скопје оствари раст на премија во првиот квартал од 2018 година

Објавено

на

Групацијата Триглав успешно работеше во првото тромесечје од оваа година. Добивката пред оданочување изнесуваше 27,5 милиони евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година, а остварената нето добивка во висина од 23,3 милиони евра е 5% поголема од истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ВИНКО – најповолниот детски пакет за осигурување од Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп

Објавено

на

За нашите деца го сакаме најдоброто, но не секогаш со сигурност можеме да им ја обезбедиме иднината што им ја посакуваме. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange