Connect with us

Останато

Рецептот за успех според Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма, основачот и извршен директор на Аlibaba Group Holding, е најбогатиот човек во Азија и една од најконтроверзните личности меѓу богаташите. Богатството на Ма, се проценува на околу 40 милијарди долари, со што влегува во кругот на еден од најбогатите луѓе на планетата.

Но, патот до успехот на “малиот” азиец не бил воопшто лесен. Тој во неколку навратиоткри дека дури три пати бил одбиван и не успевал да се запише на факултет, како и дека аплицирал за работа во повеќе од 30 компании, но не добил работа во ниту една од нив.

„Толку очајнички бев во потрага по работно место, што аплицирав и во полиција, но ми кажаа дека не сум за таму” – раскажува Џек Ма. “Аплицирав и во KFC кога отворија нов ресторан во мојот град. Имаше 24 лица кои аплицираа за работно место, а од нив 23 добија работа. Нормално, погодувате, само јас бев единствениот кој беше одбиен” – открива Ма.

Во 1998 година, Џек Ма ја основал Аlibaba со голем ентузијазам, но веднаш се соочил со неколку пречки. Компанијата не успеа да оствари профит во првите 3 години, па дури и работеше со загуба. Но, тоа не го откажа од неговата намера, туку само го направило Џек многу покреативен. Еден од најголемите предизвици за неговиот бизнис, бил недостаток на систем за онлајн плаќања, бидејќи ниту една банка не сакала да му ја понуди на Ма оваа услуга.

Тогаш, тој одлучил да создаде своја платформа за плаќање, наречена Alipay. Платформата врши трансфер на различни плаќања, во различни валути, помеѓу меѓународни купувачи и продавачи. До денес оваа платежна платформа ја користат повеќе од 800 милиони луѓе ширум светот.

Во септември претходната година, Џек Ма имаше една контроверзна изјава. Тој изјави дека да се биде богат има еден сериозен недостаток – “немаш време да си ги трошиш парите“ – каѓа тој.

Во текот на изминатата година, богатството на Џек Ма порасна речиси двојно, како последица на зголемувањето на вредноста на акциите на неговата компанија.

Дека е многу контроверзна личност, со многу контроверзни, но сепак многу реални и вистинити коментари и изјави, потврди неодамна со својот коментар кога ја разбранува јавноста. Во февруари минатата година, Ма изјави: “Сиромашните секогаш ќе бидат сиромашни“.  Со таа негова изјава тој предизвика вистинска револуција на социјалните медиуми и во неговата татковина.

„Најлошите луѓе, на кои можеш да им служиш, се сиромашните. Ако им дадеш нешто бесплатно, тие сметаат дека тоа е стапица. Ако им кажеш дека тоа е мала инвестиција, ќе кажат дека нема да добијат доволно. Ако им кажеш да инвестираат повеќе, ќе кажат дека немаат пари. Натерајте ги да пробаат нешто ново, ќе речат дека немаат искуство. Кажете им дека ова е традиционален бизнис и тие ќе речат дека е тешко да се направи. Ако им кажете дека ова е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е пирамида. Ако им кажете да си направат продавница, ќе одговорат дека немаат доволно слобода… Кажете им да започнат нов бизнис, ќе ви одговорат дека ја немаат потребната експертиза. Тие, сепак, имаат нешто заедничко – сакаат да го прашуваат Google, да ги прашуваат пријателите, кои се толку обесхрабрени, како нив. Тие размислуваат повеќе од универзитетски професор и прават помалку од слеп човек. Ако ги прашате што можат да направат, тие нема да можат да одговорат на тоа прашање“.

Тој смета дека треба да се дејствува, наместо да се чека ситуацијата да се смени сама од себе. При тоа додава: “Сиромашните луѓе не успеваат поради една заедничка карактеристика која ја поседуваат, а тоа е што цел живот го поминуваат во чекање”.

 

Според Џек Ма, еве каде лежи клучот за успехот:

1. Мотивацијата на тимот

Кога Ма зборува за неговата најголема грешка, тој секогаш го споменува фактот дека во почетокот на компанијата, тој изјавил пред својот тим дека тоа на кое можат да се надеваат е да стигнат до менаџерски позиции. Улогата на извршниот директор секогаш ќе биде доверена на аутсајдери за компанијата. Ма, сепак си ја научил лекцијата и во сè поголема мера ја одредува важноста на мотивацијата и страста, пред теоретските способности.

2. Обединување на луѓето под една заедничка цел

Ма разбира дека без разлика колку силно се обидува, никогаш нема да успее да го убеди секој работник, бизнис-партнер или потенцијален инвеститор во тоа што верува или кажува. Затоа го прифаќа овој факт и поинаку пристапува кон успехот. Наместо да ја обединува компанијата под една визија или личност, ги обединува луѓето со заедничка цел. Визијата е многу поважна од лидерот, вели Ма.

3. Лидерот мора да биде во можност да гледа во иднината

Според Ма, добар лидер мора да може да гледа во иднина. Тој мора да е неколку потези пред своите конкуренти и да ги предвиди нивните акции. Креативниот начин на размислување и развивање вештини за предвидување на иднината се критични квалитети за секој бизнис лидер.

4. Вработувајте луѓе со одлични вештини, подобри од вашите

На прашањето со што се разликува лидерот од вработениот, Ма одговара во едно интервју: „Вашите вработени мора да имаат многу подобри технички вештини од вашите, и ако тоа не е така, тогаш сте ангажирале погрешно лице“.

5. Мора да бидете тврдоглави

Покрај тоа, Ма верува дека бизнис лидерите треба да бидат тврдоглави, но да имаат јасна визија. Да знаат што сакаат да постигнат и да се стремат кон тоа, не е само критично за постигнување на крајниот успех, туку исто така е инспиративно за остатокот од компанијата. Да не прифаќаш „не“ за одговор е главен дел од психологијата на Ма.

Останато

Хрватите се повеќе штедат и чуваат големи депозити во банка

Објавено

на

Хрватите во просек штедат по 63 евра месечно што е значителен раст во штедењето, но сеуште се на половина од средна и источна Европа, во која има рекордери, со просечно заштедени 239 евра, станува збор за Австрииците. Следни се Словаците кои во просек штедат 106 евра месечно, а потоа Чесите со 88 евра. Помалку од Хрватите штедат, на пример, Украина и Романија (по 53 евра) и Србија (37 евра). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Harvard Business Review: Просечната возраст на основачот на успешен старт-ап е 45 години

Објавено

на

Постои силно верување дека најуспешните претприемачи се млади. Бил Гејтс, Стив Џобс и Марк Зукерберг беа во своите рани дваесетти години, кога започнаа со работа и иновации што ќе станат светски компании. Дали овие познати случаи се одразуваат на генерализирачки модел?  Ако ги анализирате основачите кои добија награди од TechCrunch во текот на последната деценија, просечната возраст за време на основањето беше само 31 година. За луѓето избрани од списанието Inc како основачи на најбрзо растечките стартапи во 2015 година, просечната возраст на основачот беше само 29 години. Во согласност со овие сознанија, Пол Греам, соучесник на Y Combinator, еднаш потсети дека “пресекот во главите на инвеститорите е 32 години … По 32 години, тие почнуваат да бидат малку скептични”. Но, дали овој став е точен? (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија

Објавено

на

Во Македонија имаме зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија и сме во рамки на просекот на ЕУ. Фокусот е ставен на малите и средни претпријатија без да се земат предвид и микро претпријатијата. Заостануваме прилично многу од европскиот просек во делот на инвестициите во иновации, истражување и развој.

Ова денеска го изјави Андријана Богдановска од Центарот за управување со знаење од Македонија по отворањето на меѓународната конференција на проектот „Ино платформа“. Проектот е финасиран од Европската унија преку Интерег програмата насочен кон подобрување на иновативните капацитети на малите и средните претпријатија. Проектот трае 24 месеци, почна во август 2017 година и ќе трае до август 2019 година.

Појасни дека конференцијата ја организираат на половина од проектната имплементација со цел да ги споделат нивните резултати во делот на истражувањето на националниот контекст и потенцијалот за иновации на земјите кои припаѓаат на Балканско-медитеранската област – Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија. Во исто време ги претставуваат бета верзиите на нивните ино алатки, кои се специјално фокусирани за мали и средни претпријатија.

– Целото наше истражување заврши со пет бета алатки: Ино финансии, Ино партнер, Ино стратегија, Ино модел и Ино проект кои специфично ги адресираат овие проблематични области на делување во однос на иноватовните акативности кај самите мали и средни претпријатија и овозможуваат тие да се надминат за да имаат успешна имплементација на иновациите внатре во организациите, рече Богдановска.

Таа информира дека дел од нивните заклучоци се оти во Македонија имаме добра макроекономска политика во однос на другите земји во регионот, а структурата на деловниот сектор најмногу е насочена кон малите и средните претпријатија бидејќи, како што рече, тие доминираат во целото милје на претпријатијата во економијата.

Според неа, потребни се повеќе инвестиции кои веќе се прават преку владините инфраструктури.

– Оваа Влада сепак направи голем напор во зголемување на инвестциите во нашите домашни претпријатија за иновативни активности. Треба создавање посериозна инфраструктура, која ќе ги поддржи овие мали и средни претпријатија. Постоењето само на Фонд за иновации не е инфраструктура и покрај тоа што тие имаат навистина многу интензивни активности во овој период, смета Богдановска.

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ изјави дека во 2017 година за шест пати се зголемени буџетските средства за поддршка на иновативност и на индустриското производство.

– 7% и 5% од корисниците на овие мерки се токму малите и средните претпријатија. Малите и средните претпријатија дадоа сериозен придонес во еконмскиот раст, во пораст на индустриското производство кое е за шест отсто повисоко годинава од минатата година, но, и до пораст на извозот за околу 13% до 14%, што покажува дека овие мерки сигурно даваат одреден резултат, рече Шапуриќ. Најави дека во иднина, во рамки на определбата на Владата, овие мерки ќе се надоградуваат.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange