Connect with us

Анализи

Резултати од спроведената анкета за квалитетот на практичната настава во македонските банки

Објавено

на

Со цел да ги дознаеме мислењата и да го измериме задоволството на студентите кои досега посетувале пракса во некоја од македонските банки тимот на банкарство.мк спроведе онлајн анкета. Собраните резултатите говорат за искуството што го стекнале студентите, но и за предностите и недостатоците на македонските банки од аспект на знаењета кои што ги стекнуваат студентите за време на практичната настава. Во изминатиот период беше спроведена анкета која опфати 9 прашања, дел од нив со повеќекратен избор и неколку отворени прашања во кои студентите можеа слободно да го изнесат своето мислење и да дадат одредени препораки како за банките така и за оние кои допрва ќе се одлучат да посетуваат пракса во некоја македонска банка. 

Онлајн анкетата наиде на одзив од 310 испитаници, сегашни или поранешни студенти кои некогаш посетувале практична настава во банка. 

Старосната граница  на испитаниците се движи од 19-33 години, но најголем дел од испитаниците се на возраст од 21-25 години (77,4%)

Бидејќи сите студенти сметаме дека наишле на различни искуства ние ги прашавме колку се задоволни од стекнатите знаења за време на праксата? Ова се одговорите кои ги добивме

                                                                   

 Добиените одговори говорат за фактот дека најголемиот дел од студентите кои посетиле пракса имале позитивно искуство (38.7%) , но и процентот на оние кои воопшто не се задоволни не е за потценување.(16.1%) 

 Бидејќи сите од испитаниците барем еднаш посетувале пракса во некоја банка следното прашање беше дали повторно би се одлучиле да посетат пракса?

Најголем дел од испитаниците (71%) одговориле дека повторно би посетиле пракса во некоја од македонските банки. 

Бидејќи често се дискутира околу тоа колку навистина им се посветува внимание на студентите кои се на практична настава, нашето прашање беше  “Дали вработените во Банката ви посветуваа доволно внимание?” На ова позитивно одговориле 64,5% од испитаниците, додека 35,5% од студентите одговориле дека не се задоволни од вниманието кое им било посветено од страна на вработените во банките каде посетувале пракса.

Општо земено, како најчести бенефити од посетата на практична настава се споменуваат: запознавање со банкарскиот сектор и активностите кои што се вршат во банките со истовремено утврдување на вештините на практикантот како и проширување на ,,базата” на професионални контакти. Практикантот истовремено работи на зголемување на сопствената самодоверба како и можност за понатамошен развој на кариерата, односно, вработување на полно работно време.

Со оглед дека најголемиот дел од испитаниците имале позитивно искуство од практичната настава во банка нашето следно прашање беше колку добиеното знаење  ќе имаат можност некаде да го применат во иднина?

 

На претходното прашање се надоврзува и ова прашање за сите оние кои се уште се во текот на своите студии. Дали посетата на пракса во Банка ќе ви помогне во понатамошното студирање?

 

Без разлика што испитаниците се студенти кои посетувале практична настава во различни банки им беше поставено прашањето со која банка тие би сакале да соработуваат во иднина на професионален план. Ги добивме следниве резултати.

НЛБ Банка АД Скопје (97)
Стопанска банка – АД Скопје (54)
Шпаркасе Банка Македонија (50)
Капитал Банка (11)
Халкбанк АД Скопје (31)
Комерцијална банка АД Скопје (34)
ПроКредит Банка АД Скопје (10)
Охридска банка АД Скопје (23)

За во целост да добиеме слика за мислењето на студентите како и за обврските кои тие ги извршувале поставивме две отворени прашања на кои тие слободно можеше да го изнесат своето мислење и искуство кое го имаат стекнато. Истовремено тие понудија и одредени препораки кои би им користеле на сите оние кои во иднина ќе се одлучат за посета на практична настава. Мора да забележиме дека наидовме на навистина интересни одговори. 

Што би им препорачале на вашите колеги од факултет?

– Да го одберат вистинското место за пракса не мора да е банка, да прашуваат, бараат задолжение повеќе од менторот, да размислуваат за праксата како да е тест период пред вистинска работа.

– Да одат секоја година на пракса со желба да научат.

– Да земат активно учество на обуки и пракси во текот и по завршување на студирањето, редовно да се информираат за нови можности за пракси преку паметно користење на социјалните мрежи.

– Потписот за пракса за да запишеме нов семестар не е само формалност. Што повеќе пракси, тоа поспремни за работа. Факултетот и професорите не можат да не научат на се, но ни даваат можност ние самите да го совладаме тоа.

– Редовна посета на пракса, потписот не е битен толку, колку што е битно знаењето стекнато и запознавањето на контакти.

– Да одат на пракса. Дури и да не им се допадне институцијата во која одат на пракса, мислам дека тоа ќе им помогне за полесно да се ориентираат во иднина, во поглед на работата.

– Задолжително да посетат пракса во Банка со што ќе видат како е да се биде дел од голема институција.

– Да посетуваат пракса задолжително. Искуството е неверојатно. Како апсолвент одам трет пат на пракса. Многу нови работи, примена на наученото, нови контакти, и огромни шанси за врабтување.

– Барајте платена пракса, бидејќи ги “болат” парите дадени за вие да трошите време на работи кои не се поврзани со работата на банката.

– Теоријата и праксата се сосема две различни работи.

– Да одат на практична настава, на практична настава се стекнува повеке знаење одколку на факултет.

Какви обврски најчесто добивавте од вашите ментори?

– Се што правеше менторот правев и јас. Работа на компјутер, приготвување документи за реализација на кредитно барање, комуницирање со клиенти.

– Следење на новости, законски прописи и нивни измени од областа на банкарското работење, составување на кратки извештаи, изготвување на извештаи за пречистени текстови на закони.

– Во зависност од тоа во кој сектор бев. Некаде даваа релативно лесни рутински работи, подредување по датум на документи, а некаде ми даваа конкретни обврски од кои многу научив.

– Секакви обврски од ажурирање на табели и фајлови до средување на документација.

– Да правиме кафе и да им купуваме доручек.

– Генерирање на извештаи, средување на документација и запознавање со процесите на Банката.

– Правење записници, издавање на картички, средување на документи, правење кредитни регистри, известување на клиент за новите промоции преку телефон.

– Скенирање апликации, девизни и денарски сметки, издавање на картички за банкомат.

– Пополнување на документи за кредити и кредитни картички, платни налози и други активности поврзани со банкарство.

– Многу одговорни, извршував задачи кои ги извршува мојот ментор. Работа со клиенти, работа со систем, подготовка на сите документи. Бев запознаена со целосната процедура на работа во тој сектор.

– Пополнување апликации за трансакциски сметки (апликациите можат самите клиенти да си ги пополнат), средување изводи (расфрлани по биро, па на госпоѓите најлесно им беше да ни ги дадат, да ги средиме, за што помалку да им се врткаме на биро додека работат), копирање лични карти (најчесто во простории на други катови), одење по бурек, цигари….

 

Заклучок:

Очекуваме дека добиените резултати од спроведената анкета ќе имаат придонес во понатамошното унапредување на практичната настава и дека банките ќе ги согледаат ставовите и мислењата на студентите и ќе почнат максимално да го користат нивниот потенцијал. На овој начин ќе се зголеми интересот и мотивацијата за дополнително посетување на практична настава кај студентите која нема да значи само формално добивање на потпис туку ќе биде вистинска подготовка за понатамошните предизвици во кариерата. 

Анализи

Референдумот и влезот во ЕУ ќе влијаат врз каматите на кредитите

Објавено

на

Откако Народната банка ја намали основната каматна стапка се очекува да дојде и до намалување на каматните стапки кај депозитите и кај банкарските кредити. Ликвидноста на банкарскиот систем е голема, а парите ќе мора да се пласираат во кредити за правни и физички лица. Банкарите забележуваат раздвижување во нивниот сектор и актуелно се бараат добри проекти за финансирање.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

Влијанието на Brexit врз банките во Велика Британија и САД

Објавено

на

Со месеци менаџментот на банките зборуваше за ограничувања поврзани со валидноста на нивните операции како последица на излезот на Велика Британија од Европската Унија. Менаџерите издадоа предупредувања за можностите за отпуштања во нивните лондонски канцеларии заедно со некои екстремни предупредувања за релокација како излез може да ги загрозат нивните европски операции.

Иако Brexit директно и индиректно влијае на изгледите на банките во САД, исто како и повеќето планови за прекин, оваа поделба може да потрае и пред целосното влијание да стане јасно.

Долго пред да има индикации за вонреден настан во кој Велика Британија всушност излегува од Унијата, банките во САД, како што се Банката на Америка и Ситигруп, веќе можеа да ги почувствуваат заканите од различни фронтови.

Иако можеби би помислиле дека претходните предупредувања од банките биле претерани, нема сомневање дека откако се активираше постапка за излез, банките ќе бидат принудени брзо да ги реструктуираат своите операции. Штом Велика Британија ќе одлучи да се повика на член 50 (кој се активираше на 28. март 2017 година), ќе има две години да преговара за условите на распадот.

Американските банки се принудени да го преиспитаат постоењето на нивните лондонски канцеларии. Со цел да се продолжи со усогласување на европските закони и финансиските регулативи, банките на САД кои работат во регионот на крајот ќе алудираат на можноста или да ги преместат менаџерите или да направат промени во нивните правни структури, или и двете. Дополнително, постои особена загриженост за перспективите на банкарите, трговците и вработените кои се државјани на Европската унија.

Економијата на САД стана многу почувствителна за надворешните ризици. Економистите во Банката на Америка, ги намалија своите прогнози за раст на БДП на САД за 0,2 процентни поени во текот на следните шест квартали по гласањето во Велика Британија. Со оваа глобална зараза по референдумот во Велика Британија, американскиот раст би можел да биде изложен на ризик и намалените очекувања на БДП би можеле да се претворат во ограничување на барањата за кредити и враќање на пазарите на капитал и да ја потиснат клиентската активност.

Како последица на тоа, активноста на банките може да страда, бидејќи глобалните последици од Brexit создаваат огромна неизвесност. Веројатноста за објавување на договорите, особено во Европа, може да се забележи екстремно забавување и да влијае врз заработката на банките на почетокот од следната година. Покрај тоа, предвидливо е и забавување на фиксниот приход.

Гласањето на Brexit и неговите последици не само што се заканија дека ќе го нарушат деловниот циклус, туку ги ставаат на ризик изгледите за зголемување на стапката. Во средината на оваа бура, централните банки низ целиот свет ќе треба да ја разгледаат оваа неизвесност кога дебатираат за монетарните политики.

Што се однесува до Банката на федерални резерви, кревкоста на глобалната економија и забавувањето во САД, зголемувањето на стапките е многу помалку веројатно сега. Централната банка се очекува да застане додека не се постигне финансиска стабилност. Дополнително, по превирањата во првиот квартал и гласањето за Brexit , намалувањето на каматните стапки може дополнително да ги притисне маргините, што не би било добро за банкарската индустрија. Намалувањето на трошоците ја ограничува способноста на банките да ги зголемат нето каматните маржи и оттаму нивната вкупна заработка.

 

 

Продолжи со читање

Анализи

Еврозона: што тоа значи и кои се условите за влез?

Објавено

на

Еврозоната е географски и економски регион кој се состои од земји во Европската унија (ЕУ) кои целосно го инкорпорираат еврото како нивна национална валута.

Од 2018 година, еврозоната се состоеше од 19 земји во ЕУ: Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Еврозоната е една од најголемите економски региони во светот, а нејзината валута, еврото, се смета за една од најликвидните во споредба со другите. Валутата на овој регион продолжува да се развива со текот на времето и зазема поистакнат став во резервите на многу централни банки.

Во 1992 година, земјите што ја сочинуваат Европската заедница (ЕК) го потпишаа Договорот од Мастрихт, со што се создаде ЕУ. Создавањето на ЕУ имаше неколку области со големо влијание – тоа промовираше поголема координација и соработка во политиката, општо земено, но имаше одредени ефекти врз граѓанската, безбедносната и одбранбената политика и економската политика.

Во однос на економската политика, Договорот од Мастрихт имаше за цел да создаде заедничка економска и монетарна унија, со централен банкарски систем (Европската централна банка (ЕЦБ)) и заедничка валута (еврото).

Со цел да го стори тоа, Договорот повика на слободно движење на капиталот помеѓу земјите-членки, кој потоа прерасна во зголемена соработка меѓу националните централни банки и зголеменото усогласување на економската политика меѓу земјите-членки. Последниот чекор беше воведувањето на самото евро, заедно со спроведувањето на единствена монетарна политика, која доаѓа од ЕЦБ.

Исто така, воведоа критериуми за конвергенција, или барања што треба да ги исполнат земјите за да го користат еврото како валута. Според CNN, овие вклучуваат

  1. Ограничувања за буџетски дефицит и јавен долг,
  2. Стабилност на девизниот курс,
  3. Стапки на инфлација во 1,5% од 3 земји на ЕУ со најниска стапка, и
  4. Долгорочни каматни стапки во рамките на 2% од трите најниски стапки во ЕУ.

Следната држава која ќе се обиде да влезе во еврозоната е Бугарија. Но претходно треба да ги исполни горенаведените услови, во малку модифицирана форма:

  1. Програма за супервизорски реформи и зајакната соработка со Европската централна банка;
  2. Планот, исто така, значи дека нема да може да влезе во механизмот на девизниот курс, додека нејзините банки немаат усвоено сеопфатен тест за стрес и преглед на квалитетот на средствата од страна на ЕЦБ;
  3. Зајакнување на надзорот на небанкарскиот финансиски сектор;
  4. Целосно да ги спроведе правилата за спречување на перење пари на ЕУ.
Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange