Connect with us

Депозити

Растечки и гарантирани каматни стапки за денарски депозити до 36 месеци

Објавено

на

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Охридска банка Сосиете Женерал подготви атрактивна понуда за своите клиенти кои сакаат да штедат во денари и евра. Со Депозит Прогрес клиентите за орочување на средства добиваат растечки и гарантирани каматни стапки во денари и евра согласно избраниот период на штедење.

 

Депозит Прогрес е производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал кој на клиентите им нуди можност за избор на различен рок на депозит, гарантирани и фиксни каматни стапки, кои во зависност од периодот на орочување на средствата, прогресивно растат по периоди: за средства орочени на 12 и 24 месеци, каматните стапки растат во четири периоди на секои 3 односно 6 месеци, додека за средства орочени на 36 месеци, каматните стапки растат во шест периоди, односно на секои 6 месеци.

Со оваа понуда, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период до 3,25%. Клиентите пак, кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4% во последниот период на орочување. Следствено на тоа, за денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75 %. Додека пак вложувањата во евра на 36 месеци, добиваат растечка каматна стапка која во последниот период достигнува каматна стапка од 2,75%.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, односно 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 6.000.000 денари, или 100.000 евра за девизните депозити.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит – Депозит Плус Осигурување, која им овозможува на клиентите да ги осугураат сите денарски депозити.

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и во сите експозитури на Охридска банка Сосиете Женерал.

Депозити

„Зимски депозит” на УНИБанка нуди фиксна камата од 3,30 % за физички лица

Објавено

на

Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мислење дека ерата на „нулта каматите” веќе е на својот крај.

Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија почнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана сѐ поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, кои ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто ги ловат желбите на корисниците.

Новиот „Зимски депозит” од „Уни банка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3,30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.

Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, кој може да се избира согласно желбата на клиентот: 36, 24 или 12 месеци. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5.000 евра/300.000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.

Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „Уни банка” заедно со уште неколку бонуси, од кои клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30.000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30.000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.

Продолжи со читање

Депозити

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка а.д. Битола подарува прочистувачи, но само за клиентите од Битола!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола придонесува кон грижата за здравјето на своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange