Connect with us

Електронско банкарство

Промотивна кампања за НЛБ Проклик – електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје, во периодот од 01.09.2017 до 30.09.2017 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.

Во рамките на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности:

– Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври
– Бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка за првата година на користење

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално да го трошите Вашето време и средства.

Повеќе информации можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на следниот линк.

Електронско банкарство

TOPSI Pay – 24 часа Банка во Вашиот телефон!

Објавено

на

Иновативните решенија од Стопанска банка постојано го олеснуваат вашето секојдневие. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведе најсовремен начин на плаќање: NLB Pay – мобилен паричник

Објавено

на

На настанот одржан на 19.09.2018 година, НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

На настанот се обрати Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје: „Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.”

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store.Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Информативна работилница за царинските постапки и извоз во е-трговијaта

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со едукативни работилници и обуки чија цел е поттикнување на растот и развојот на е-трговијата во земјата. Темите коишто ќе бидат опфатени со обуките и едукативните работилници произлегоа од потребите на е-трговците изнесени при изготвувањето на сеопфатната Анализа за е-трговијата во Македонија, објавена од страна на Асоцијацијата во средината на оваа година.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange