Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Холдинг: Успешно зголемување на капиталот

Објавено

на

На 02.02.2018 год., во Франкфурт на Мајна, Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА („ПроКредит“, со меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност – ИСИН DE0006223407), матична компанија на ПроКредит Групацијата, успешно го реализираше зголемувањето на капиталот, одобрено на 01.02.2018 година. Беа издадени вкупно 5.354.408 нови акции по цена од 11,40 евра, што резултираше со бруто зголемување на акционерскиот капитал на ПроКредит за околу 61 милион евра.

Новите акции беа пласирани со забрзана процедура, при што беа понудени на квалификувани институционални инвеститори. Акционерскиот капитал на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА се зголеми од 267.720.420 ЕУР на 294.492.460 ЕУР или, поточно, за 26.772.040 ЕУР од парични придонеси, не земајќи ги во предвид претплатничките права. Со оглед на големата побарувачка за нови акции, Управниот одбор и Надзорниот одбор на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА одлучија да го зголемат акционерскиот капитал од одобрениот капитал за 10%, наместо за 3%.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) впишала 40% од новите акции кои, по зголемувањето на капиталот, претставуваат 3,6% од целокупниот акционерски капитал на Прокредит Холдинг. „ПроКредит е наш долгогодишен партнер во трансакции со должнички и сопственички инструменти. Среќни сме што учествуваме во ова прво зголемување на капиталот спроведено преку пазарот на капитал, како поддршка на натамошниот раст на Групацијата и подобрување на пристапот на МСП-а до одговорно финансирање во земјите кадешто работиме. Прокредит Холдинг и понатака е еден од клучните партнери на ЕБОР во кредитирањето на МСП“, изјави Хенри Расел, Директор на Групата за финансиски институции на ЕБОР за Западен Балкан, Белорусија, Молдавија и Украина.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Џенерал Партнер АГ (ProCredit General Partner AG), (единствено одговорно управно тело на ПроКредит Холдинг АГ&Кo. КГаА), објасни: „Една година по запишувањето на акциите на нашата холдинг компанија на Франкфуртската берза, за првпат денес го искористивме пристапот до пазарот на капитал, со цел да го финансираме идниот раст на нашата банкарска групација. Мошне сме задоволни од успехот што го постигнавме со оваа мерка. Побарувачката за нови акции од Прокредит Холгинг значително ги надмина нашите очекувања. Го цениме фактот што Европската банка за обнова и развој инвестираше во голем број од новите акции. Успешниот пласман на новите акции за нас е јасен знак на доверба во нашата Групација и во нашиот начин на банкарско работење.“ Врз основа на успешната мерка за зголемување на капиталот, ПроКредит планира и понатака да го продолжи растот на Групацијата и да го прошири работењето со МСП-а, главно од Југоисточна и Источна Европа.

Новите акции имаат право на дивиденда од 1 јануари 2017 год. и се очекува тие да бидат вклучени во постоечкиот список, во под-сегментот на регулираниот пазар (Prime Standard) на Франкфуртската берза на 7 февруари 2018 год.

Мерката за зголемување на капиталот беше пропратена од Беренберг (Berenberg), како единствен глобален координатор, од екинет Банк (equinet Bank), како заеднички сметководител,  и од Еконекст (Econnext), како советник.

За Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА

Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е матична компанија на развојно-ориентираната ПроКредит Групација, која се состои од банки фокусирани кон работа со мали и средни претпријатија (МСП) и чие работење е насочено кон Југоисточна и Источна Европа. Дополнително на оваа регионална фокусираност, ПроКредит Групацијата исто така е активна и во Јужна Америка и Германија. Со акциите на компанијата се тргува во сегментот Prime Standard на Франкфуртската берза. Меѓу клучните акционери на ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА спаѓаат стратегиските инвеститори “Zeitinger Invest” и “ProCredit Staff Invest” (кои ги сочинуваат инвестициските средства за вработените на ПроКредит), холандската фандација “DOEN Participaties”, “KfW Development Bank” и “IFC” (дел од Групацијата на Светска банка). Согласно Германскиот закон за банки, како надредена компанија, Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА подлежи на супервизија на консолидирано ниво од страна на Германската федрална управа за финансиски надзор БаФин (Bundesanstalt fur Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и Германската Бундесбанк (Deutsche Bundesbank). Повеќе информации можат да се најдат на интернет страницата на компанијата www.procredit-holding.com.

Контакт:

Андреа Кауфман, Комуникации на Групацијата, ПроКредит Холдинг

Тел.: +49 69 951 437 138, e-пошта: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com

Надин Фрерот, Односи со инвеститори, ПроКредит Холдинг

Тел.: +49 69 951 437 285, e-пошта: Nadine.Frerot@procredit-group.com

Домашни банки

Компаниите имаат поголеми заштеди од граѓаните

Објавено

на

Според Народна Банка на Република Македонија, во мај, кај вкупните депозити е забележано месечно зголемување од 1,9%, при што во услови на депозитен раст кај двата сектора, месечната промена во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, овој месец се забележува засилување на депозитниот раст на годишна основа со стапка од 9,8% (највисока годишна стапка на раст од јануари 2015 година наваму), со најизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Во мај вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат нагорна месечна
и годишна промена од 3,8% и 9,3%, соодветно. Притоа, придонесот кон месечниот
раст главно е распределен помеѓу краткорочните депозити во странска валута и во
денари и депозитните пари, додека годишниот раст во најголем дел произлегува од
депозитните пари, а во помал дел и од краткорочните девизни депозити, коишто
заедно сочинуваат 93,3% од растот

Во мај, кај вкупните депозити на граѓаните е евидентиран месечен раст од
0,6%, главно поради зголемените девизни депозити. Годишниот раст изнесува
8,9% и е распределен помеѓу депозитите во денари и во странска валута коишто
имаат речиси еднаков придонес кон растот.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити

Објавено

на

Народна Банка на Република Македонија, денес излезе со официјален извештај за кредитната способност, но и задолжувањата на граѓаните и банките во месец мај 2018 година.

Кај вкупните кредити во мај е евидентиран месечен раст од 1,2%, што се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора коишто имаат речиси подеднакво учество во месечната промена. Годишниот кредитен раст изнесува 6,3% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“ (придонес кон растот од 72,6%).

Кредитите на корпоративниот сектор во мај забележаа зголемување на месечна и годишна основа од 1,1% и 3,2%, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголемо учество во месечниот раст, а на годишна основа растот во целост произлегува од денарските кредити, при намалено кредитирање во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата на месечна и годишна основа се зголемени за 1,3% и 9,6%, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст на кредитната активност во најголем дел се должат на растот на кредитите одобрени во денари (98,3% и 91,3%, соодветно).

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,1%, соодветно, при годишен раст од 11,0% и 15,0%, соодветно. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред, е забележано месечно намалување од 0,7%, додека на годишно ниво е остварен раст од 2,0%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат нагорна месечна промена од 0,2%, во услови на годишен пад од 0,7%. Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени на месечна и годишна основа за 5,6% и 4,2%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечно и годишно намалување од 0,1% и 1,0%, соодветно.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка стана долгорочен партнер на Клиниката за детски болести во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот банката се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе одвојува по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали на Клиниката. Во првиот циклус, собраните средства ќе бидат употребени за целосно обновување на постелнините за сите креветчиња на Клиниката за детски болести во Скопје. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange