Connect with us

Електронско банкарство

ПроКредит Банка со нова мобилна апликација

Објавено

на

Во насока на унапредување на услугата за своите клиенти, како и по-ефикасно процесирање на плаќањата на е-банкарство ПроКредит Банка воведува нова мобилна апликација за безбедно и сигурно авторизирање на плаќања преку мобилни уреди.

Новата мобилна апликација има едноставен и модерен дизајн и овозможува 24/7 авторизирање на плаќањата во домашен и меѓународен платен промет. Клиентите ги регистрираат сите налози преку своето е-банкарство, а потоа преку “pop-up” нотификации на мобилната апликација ги одобруваат или откажуваат регистрираните налози. Оваа апликација им овозможува на физичките лица контрола на сите плаќања од нивните сметки и можност за брза реакција доколку има потреба.

Новите трендови во банкарското работење се насочени кон дигитализација и едноствни банкарски платформи каде клиентите сами ќе може во секое време да ги контролираат своите сметки. Токму поради истата причина, ПроКредит Банка континуирано вложува во унапредување на електронското банкарство. Воведувањето на оваа апликација е само еден од новостите кои ги планираме во 2018 година. Се надеваме дека наскоро клиентите ќе може целокупното банкарско работење да го процесираат преку своите мобилни и нема да има потреба да чекаат ред или трчаат во работно време во филијалите.” – изјави Горан Хаџипетров, Директор на ИТ секторот во ПроКредит Банка.

Во текот на 2017 година ПроКредит воведе и нова дигитална платформа за физички лица која овозможува online апликација за сет банкарски услуги. Преку оваа опција клиентите аплицираат за сите посакувани услуги директно преку интернет, без потреба да губат време за доаѓање во филијала.

Електронско банкарство

Електронско банкарство – Најниски тарифи и БЕЗ НАДОМЕСТОК за издавање на дигитален сертификат

Објавено

на

Брзо и ефикасно извршување на вашите финансиски работи, преку услугата електронско банкарство на ТТК Банка. Услугата гарантира максимална заштита и безбедност преку користење на дигитален сертификат кој во ТТК Банка се издава без надоместок.

Со електронското банкарство на ТТК Банка имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:

  • проверка на состојба, приливи и одливи на денарска или девизна трансакциска сметка;
  • проверка на состојба и аналитички приказ на трансакции на платежна картичка;
  • проверка на состојба на кредит/депозит;
  • податоци за курсна листа за избран ден;
  • аплицирање за Инстант кредит;
  • барања за издавања на сертификати, токени
  • менувачко работење – дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
  • отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење), пренос на средства на депозит и креирање на траен налог;
  • плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери, преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
  • промена на дневни лимити на платежни картички (лимит за повлекување на с-ва од АТМ и лимит за on-line плаќања).

Услугата гарантира максимална заштита од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Секој корисник, за пристап кон услугата, ќе добие корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени. За користење на оваа услуга, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.

За подетални информации проверете тука.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Царинската управа на Република Македонија стана почесен член на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Објавено

на

Царинската управа на Рeпублика Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

3 начини како мобилното банкарство го олеснува животот

Објавено

на

Светот се менува па така и е банкарството. Мобилното банкарство ви овозможува да ги следите и контролирате вашите сметки од вашиот мобилен телефон, па информациите се безбедни и на дофат на вашата рака. Доколку сеуште не сте се придружиле на мобилно банкарство, пријавувањето воопшто не е проблем, и тоа ќе го трансформира начинот на којшто ги следите финансиите. Еве 3 начини како мобилно банкарство може да ви го олесни животот.

1. Инстант контрола
Замислете го ова сценарио: вашиот автомобил се расипал и сте го однеле на поправка. Без автомобил, како ќе стигнете до банката за да ги префрлите тие пари од вашиот фонд за итни штети на вашата сметка за трошење? Многу луѓе сакаат да го задржат најголемиот дел од своите пари во заштеди или да ги шират своите средства во неколку сметки. Ќе треба да потрошите многу време и енергија за да извршите плаќање на сметката за поправка. Мобилното банкарство може да ги реши овие типови на секојдневни борби.

Со мобилно банкарство, префрлањето на пари од една сметка на друга е лесна, удобна и моментална. Можете дури и да префрлувате пари додека сте чекате ред во самопослуга или седите на ручек. Секојдневните апликации за брз и лесен трансфер на пари значи дека никогаш не сте фатени без соодветни средства на вистинското место.

2. Помалку патувања до банка
Додадените налози во банката може да го направат вашиот ден хаотичен, или можеби вашите проверки се натрупуваат, чекајќи да ги депонирате. Вашето време е вредно, и наместо да трошите време за возење, да стоите во ред и да чекате, може да го поминете тоа време со вашето семејство или со пријателите.

Со мобилно банкарство, можете да менувате пари од дома, со што ќе ја елиминирате потребата за патување до банката. Се она што треба да го завршите во банка (освен директно уплаќање на пари на вашата сметка) може да го завршите преку мобилна апликација.

3. Лична финансиска свест
Знаејќи колку пари имате во банката може да ви помогне да направите информирани финансиски одлуки за вашите купувања.

Бидејќи можете да ја видите точната сума на пари на вашата сметка, ги спречувате пречекорувањата и придружните трошоци и со можноста за следење на користењето на картичката, може да се фатите сомнителна или измамлива активност во моменти. Имајќи ја оваа пристапност до информации за вашата банкарска сметка може да ве стави во контрола на вашата финансиска состојба.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange