Connect with us

Пакети

ПроКредит банка нуди 24 часа модерно банкарство и одлични услови за кредитирање за доктори

Објавено

на

Бидејќи професијата е динамична, не познава работно време и бара посветеност на пациентите, ПроКредит банка нуди 24 часа модерно банкарство и одлични услови за кредитирање за доктори.

Советниците за клиенти во банката се професионалци, кои може да ви  дадат личен совет за кредитите и депозитите и заедно со нив може да ги испланирате вашите инвестициски планови во блиска иднина.

 

Уникатни предности од 24 часа модерно банкарство:

  

– 24/7 пристап со Вашите сметки

– Уплата и исплата на денари и евра во секое време

– Пристап до штедна сметка со картичка

– Една картичка за сите Ваши сметки

– Модерна платформа за е-банкарство со можност за плаќање во земјата и странство директно од Вашиот дом , ординација или канцеларија 

– Плаќања во земјата БЕЗ ПРОВИЗИЈА преку е-банкарство

– Сет банкарски услуги прилагодени на Вашите потреби

– Личен советник за клиенти

– Зони 24/7 кои се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и мониторинг 24/7.

 

 

Најповолни услови за кредитирање:

 

 

 СТАНБЕН КРЕДИT

 

– 3,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 5,2% + 6 месечен ЕУРИБОР, но не пониска од 5.5% каматна стапка за останатиот период 

– 0% провизија при исплата

– Рок на исплата до 25 години

 

 КРЕДИТ ЗА ЕКО РЕНОВИРАЊЕ

 

– 6% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 2% + Т-билс не пониска од 6.5% каматна стапка за останатиот период за МКД. 

– 6% првите 5 години,потоа 5.5% + 6 месечен ЕУРИБОР не пониска од 6% каматна стапка за останатиот период за ЕУР.

– 0% провизија при исплата

– Рок на исплата до 15 години

 

 КРЕДИТНА КАРТИЧКА И ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА СМЕТКА

 

– 7,5% каматна стапка

– Износ до три плати

 

 ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

 

– 7% фиксна каматна стапка за првата година,потоа 6% + Т-билс не пониска од 9% каматна стапка за останатиот период.

– Рок на исплата до 15 години

 

За повеќе информации обратете се во една од експозитурите на ПроКредит Банка.

 

Пакети

Cashback World и Вардар Скопје започнаа соработка

Објавено

на

Вардар Скопје и меѓународната Куповна Заедница Cashback World, управувана од Lyoness ги здружија силите во Македонија. Преку оваа соработка, Вардар Скопје ќе стане дел од меѓународната Куповна Заедница, која моментално брои преку 7 милиони Членови, а сето тоа преку Вардар Cashback Програмата.

Новата Вардар Cashback Картичка може да се користи во 47 држави насекаде во светот и при секое купување направено со оваа картичка кај Трговските Партнери, фановите ги поддржуваат младите таленти на клубот.

Како дел од оваа соработка, Cashback World, управуван од Lyoness му дава на располагање на Вардар Скопје иновативна Лојална Програма за фановите, која ја вклучува Вардар Cashback картичката, Cashback App., како и онлајн портал за купување во дизајнот на клубот. Освен тоа, ќе бидат преземени многубројни заеднички маркетинг активности кои ќе бидат во полза како за фановите, така и за клубот.

Меѓународната куповна заедница ни овозможува да допреме до голем број од нашите фанови. На овој начин, тие не само што ќе добиваат атрактивни предности при пазарувањето, туку и ќе ги поддржуваат младите играчи на клубот со секое направено купување кај Трговските Партнери. Членовите на Вардар Cashback Програмата од целиот свет ќе ги поддржуваат на овој начин нашите млади таленти”, изјави Давор Стојаноски, Извршен директор на РК Вардар.

Како функционира Вардар Cashback програмата?
– За секое купување направено кај онлајн или офлајн Трговските Партнери, Членовите на Вардар Cashback Програмата ќе добијат до 5% Cashback и дополнително ќе собираат Shopping Points, кои можат да ги искористат за специјални понуди.
– Членовите на Вардар Cashback Програмата можат да ги добијат овие предности при пазарувањето кај некој од 75.000 Трговски Партнери на Cashback World во 47 земји во светот, од кои 650 се наоѓаат во Македонија.
– До 1% од сите купувања направени од страна на фановите преку Вардар Cashback Програмата ќе одат директно за поддршка на младите таленти на клубот.
– Програмата им овозможува дури и на најмалите компании да станат дел од меѓународната Куповна Заедница и да им даваат предности за пазарување на своите потрошувачи.

За Вардар Скопје Структурата на клубот Вардар Скопје вклучува ракомет (мажи и жени) и фудбал. Во сезоната 2016/2017, машкиот ракометен клуб на Вардар Скопје ја освои престижната VELUX EHF FINAL4 Лига и на тој начин стана победник на Лига на Шампиони за прв пат. Фудбалскиот тим ја има моментално македонската шампионска титула и игра во УЕФА Лига Европа.

За Cashback World operated by Lyoness Една од таргетните групи на Cashback World се потрошувачите во целиот свет кои сакаат да заштедат пари (Cashback и Shopping Points) при пазарувањето во продавница или онлајн. Cashback Solutions е наменета за сите компании кои сакаат да користат меѓународна мултисекторска лојална програма. Cashback World, управуван од Lyoness е моментално активен во 47 земји.

7 милиони Членови ги користат предностите при пазарувањето кај речиси 75.000 Трговски Партнери низ целиот свет. Веќе неколку години, Cashback World е вклучен во спортот и воспостави многубројни соработки во полето на фудбалот, мотоциклизмот, хокејот и ракометот. Како примери кои вреди да се споменат се соработките со MotoGP™, SK Rapid Wien како и со Европската Ракометна Федерација за турнирот VELUX EHF FINAL4 од Европската Лига на Шампиони.

 

Продолжи со читање

Пакети

”Juncker Plan”: 820 милиони евра за МСП како дел од соработката меѓу ЕИФ и ПроКредит Банка за поддршка на иновативни компании

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Групацијата обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку ПроКредит Банките во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто за компании кои инвестираат во нови технологии и производи. До сега, со кредитите за иновации, ПроКредит има поддржано повеќе од 1000 иновативни мали и средни компани, а во следните години овој број ќе се зголемува.

 

Овие договори беа потпишани во согласност со InnovFin иницијативата на Европската комисија, поддржани преку програмата за истражување и иновации на ЕУ – Horizon 2020. InnovFin иницијативата им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот Инвестициски Фонд. Договорот потпишан меѓу земјите членки на Европската Унија беше овозможен сo поддршка од страна на Европскиот Фонд за Стратегиско Инвестирање. Овој фонд е централен столб на Европскиот Инвестициски План за Европа, познат како “Juncker Plan”.

 

Pier Luigi Gilibert, Главен Извршен Директор на ЕИФ изјави: “Воодушевени сме што InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија реализирана во соработка со ПроКредит Банка има доста позитивни резултати. Добро распространетата мрежа на ПроКредит банките, комбинирана со нивното искуство и експертиза за кредитирање на мали и средни претпријатија ни дава гаранција дека кредитите поддржани од Европската Комисија ќе бидат брзо пласирани во 11те земји каде што банката работи. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите пристап до финансиски средства обезбедени од страна на Европска Унија и ќе го поттикнат иновативниот дух низ Европа.”

 

Jyrki Katainen, Потпретседател на Европската комисија, одговорен за вработување, раст, инвестиции и конкурентност, изјави: “Европската Комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и раст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, кој на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции,  проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска Унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа. Лично им посакувам голем број на успеси на претпријатијата кои го користат ова финансирање.” 

 

Борислав Костадинов, Член на Управниот Одбор на ProCredit General Partner AG (единствен управен орган на ProCredit Holding AG & Co.) изјави: “InnovFin иницијативата со сигурност ја поддржа модернизацијата на малите и средни претпријатија во земјите во кои работиме. Благодарејќи на нашиот долгорочен однос со голем број на иновативни компании и работејќи како нивна матична банка, ПроКредит банките беа во можност да финансираат иновативни проекти во голем број на индустрии, особено во секторот за производство. На наше задоволство Европскиот Инвестициски Фонд и ПроКредит Групацијата одлучија да ја прошират соработка во поглед на оваа успешна програма.”

 

 

 

Продолжи со читање

Пакети

“Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија

Објавено

на

Инвеститорот во недвижности “Grawe Real Estate Group“ во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. FORTON, како партнер на CUSHMAN&WAKEFIELD за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

 

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија.

Хипериум Бизнис Центарот е А класа канцелариски простор, кој се наоѓа во централната бизнис зона во Скопје. Објектот вклучува површина од 7.000 м2 за изнајмување, со 170 паркинг места. Како закупци се сместени високо репутабилни интернационални компании како што се: Triglav Insurance, OSCE, PWC, CISCO Systems итн. Благодарение на неговата премиум локација и квалитет, Хипериум Бизнис Центарот претставува објект кој генерира стабилни приходи. Атрактивната можност за инвестирање во стабилни парични текови (приходи) генерирана од стабилни закупци го привлече вниманието на домашните и странските инвеститори во процесот на продажбата.

 

Одлуката на “Grawe Real Estate Group” да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, “Grawe Real Estate Group” ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

По периодот на стагнација во последните дванаесет месеци, продажбата на Хипериум Бизнис Центарот покажува дека интересите на инвеститорот се насочуваат кон недвижности кои генерираат стабилни приходи. Очекуваме дека ваквиот позитивен тренд ќе се протега и на останатите сегменти на пазарот, вели Влатко Богоевски, Генерален директор и Партнер во Forton/Cushman&Wakefield.

Forton/Cushman&Wakefield и понатаму останува водечка консултантска компанија на полето на недвижности на македонскиот пазар со трансакции со вкупен обем од повеќе од 28 милиони ЕУР во последните 8 месеци.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange